Контакт

Свет

Иранскиот танкер исплови од Гибралтар

Објавено пред

Иранскиот танкер,кој од минатиот месец беше заробен од Гибралтар поради сомневање дека носи нафта за Сирија, ноќеска го напушти пристаништето, пренесуваат светските медиуми.

Врз основа на ГПС податоците на Marinetraffic.com, службата за следење на пловила, се гледа дека танкерот „Едријен Дарја 1“, што некогаш го носеше називот „Грејс 1“, почна да се придвижува непосредно пред полноќ.

На иранскиот танкер му беше дозволено да исплови од Гибралтар откако британските власти на оваа територија вчера го одбија барањето на САД за неослободување на танкерот, што беше запленет пред повеќе од еден месец, заради, наводно, кршење на санцкиите на ЕУ против Сирија.

Владата на Гибралтар во соопштение образложи дека на танкерот „Грејс 1“ ќе му биде дозволено испловување, бидејќи американските санкции против Иран не важат за Обединетото Кралство и остатокот од Европската унија.

Свет

(Видео) САД го сменија капетанот на носачот на авиони кој молеше за помош поради ширењето на вирусот

Објавено пред

Американската морнарица го смени капетанот на носачот на авиони „УСС Теодор Рузвелт“, откако медиумите го објавија неговиот апел до влстите за итна помош на неговите морнари, заразени со коронавирусот.

Брет Крозер претходно неделава ја замоли морнарицата да им овозможи на заразените морнари да слезат во карантин на островот Гуам, лициран во Пацификот, каде носачот на авиони беше на мисија. За само неколку дена, бројот на заразени лица во бродот скокна од три на 140, па Крозер се обрати за помош до неговите претпоставени.

Морнарицата му дозволила на Крозер да се закотви во Гуам (територија на САД) и од бродот да ги евакуира заразените и уште 3.000 морнари, дел од екипажот. На носачот останале минимум луѓе, неопходни за функционирање на ситњ системит. Но, писмото на Крозер се појави во медиумите пред морнарицата да одговори, па американската војска реши да го смени капетанот, кој додека слегуваше од бродот морнарите го поздравија со скандирање и овации.

„Капетанот Крозер не беше разрешен поради испраќање на писмо до Генералштабот, туку зошто тоа се појави во јавноста. Тој го споделил со 20 луѓе. Ние не тврдиме дека тој го доставил до медиумите, но направил огромна грешка со тоа што споделил доверливи информации со трети лица. Со своето дело, тој создаде паника и ја наруши безбедноста на бродот за кој беше задолжен, исложувајќи ги на ризик американските интереси во оваа стратешки важна област“, рече генералниот секретар на американската воена морнарица, Томас Модли.

Прикажи повеќе...

Европа

Повторно висока бројка на починати во Италија – за еден ден короната однесе 766 животи

Објавено пред

Властите во Италија соопштија дека во последните 24 часа регистрирани се 766 смртни случаи од коронавирусот.

Покрај тоа, евидентирани се и 4.585 новозаразени, што е помалку во споредба со ден претходно, со што продолжува трендот на благ пад на бројот на нови случаи на инфекција.

Вкупниот број на заразени сега изнесува 119.827.

Досега починале 14.681 лице. Закрепнале 19.758 пациенти, а бројот на активни случаи е 85.388.

Италијанските здравствени власти соопштија дека кривата на заразата го достигнала својот врв и дека треба да се вложат повеќе напори за намалување на бројот на заразени.

Министерот за здравство, Роберто Сперанца, за време на говорот во парламентот предупреди на појавата на оптимизам што може да ги поткопа досегашните напори и истакна дека првите позитивни знаци не значат дека опасноста поминала.

Тој потврди дека националниот карантин, кој требаше да заврши на 3 април, ќе биде продолжен до 13 месецов.

Училиштата се затворени, повеќето продавници и фабрики не работат, јавните собири се забранети, а на луѓето не им е дозволено да ги напуштат своите домови, освен ако не мора да одат на работа, итно да поправат нешто или да одат на неопходно пазарење.

 

Прикажи повеќе...

Свет

Најсмртоносен ден во Њујорк, за 24 часа починале 562 лица

Објавено пред

Во Њујорк во последните 24 часа починале уште 562 луѓе од коронавирус, а ова стана најсмртоносниот ден во оваа сојузна американска држава, каде вкупниот број на починати се искачи на 2.935, соопшти гувернерот на Њујорк, Ендрју Куомо.

Тој предупреди дека луѓе ќе умрат на краток рок поради недостиг на респиратори и болнички кревети, пренесува агенцијата „Ројтерс“.

Куомо побара средства од други делови на Соединетите Држави да бидат распоредени во Њујорк за да се помогне на земјата во растечката криза, за којашто додаде дека уште повеќе ќе се заострува во текот на следната недела.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 час

Најсмртоносен ден во Њујорк, за 24 часа починале 562 лица

Во Њујорк во последните 24 часа починале уште 562 луѓе од коронавирус, а ова стана најсмртоносниот ден во оваа сојузна...

Македонија2 часа

Двајца доктори од Скопје и Штип ќе ја организираат работата на Инфективното одделение во Куманово

Двајца доктори од Штип и Скопје ќе работат на Инфективното одделение во Куманово, откако 11 доктори заболеа од коронавирусот, посочи...

Македонија3 часа

Целосна забрана за движење во Куманово за време на викендот

Владата донесе одлука за забрана и посебен полициски час во Општина Куманово, односно целосна забрана за движење за време на...

Топ5 часа

Притвор за двајцата насилници што тепаа девојче во Штип

Судот определи притвор за тепачите што малтретираа девојче во Штип. Тие ќе останат во притвор осум дена додека Овинителството да...

Македонија5 часа

Почина уште еден пациент од коронавирус, бројот на новозаразени е 46, а на излекувани три

Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа двајца пациенти. Едниот пациент на возраст...

Македонија5 часа

Државниот инспекторат за труд апелира работниците да пријават присилно отпуштање

Бидејќи некои од работодавците на вработените им поделија спогодби за напуштање на работните места за време на корона-кризата, Државниот инспекторат...

Економија6 часа

(Видео) Лицата што останале без работа добиваат брз влез во системот на социјална заштита

Лицата што останале без работа или биле дел од неформалната економија добиваат брз влез во системот на социјална заштита, најавија...

Економија7 часа

Бектеши: Ќе се укине забраната за извоз на брашно, резерви храна има доволно

Министерот за економија, Крешник Бектеши, најави дека ќе се укине забраната за извоз на брашно. Тој рече дека од почетокот...

Македонија7 часа

Град Скопје се откажа од кредитот за луна-паркот, ја намали и таксата за закуп на јавен простор

Град Скопје ја намали комуналната такса за закуп на јавен простор од 15 на 5 денари за квадрат, колку што...

Економија8 часа

ЕУ понуди пакет од 100 милијарди евра за спречување на отпуштањето работници

Европската комисија предложи нов финансиски пакет за да се обезбеди целосна исплата на работниците во компаниите погодени од пандемијата на...

Македонија10 часа

Телефонска психолошка поддршка и за трудниците и за родилките, како и за лицата со нарушен слух, говор и глас

Министерството за здравство информира дека во соработка со Клиниката за психијатрија отворени се уште три нови телефонски броеви за психолошка...

Регион10 часа

„Твитер“ избриша повеќе од 8.500 налози поврзани со Вучиќ

Компанијата „Твитер“ соопшти денеска дека избришала над 8.500 налози за промоција на српскиот претседател Александар Вучиќ и Српската напредна партија....

Регион10 часа

Расте бројот на бугарски пратеници заразени со вирусот

Уште двајца бугарски парламентарци се позитивни на тестот на коронавирусот. Станува збор за претседателката на парламентарната група на владејачката централнодесничарска...

Свет11 час

Трамп незадоволен кога затвореници во САД завршија на слобода поради коронавирусот

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека не му се допаѓа одлуката на затворските власти во Калифорнија, Мичиген и во Пенсилванија...

Свет11 час

Кинеските власти објавија 31 нов случај на коронавирус

Кинеските власти соопштија дека има пријавено 31 нов случај на коронавирус, при што 29 се поврзани со лица од странство,...

Регион11 час

Сасоли: ЕУ бара начин како да му помогне на Западен Балкан да се справи со пандемијата

„Живееме во време на предизвик без преседан, предизвикан од пандемијата со Ковид-19. Глобалните проблеми не може да имаат национални решенија...

Свет22 часа

Британија го зголемува бројот на дневни тестирања на 100.000

Британскиот министер за здравство вети за десетпати дека ќе го зголеми бројот на дневните тестирања на коронавирус, со што до...

Свет23 часа

Над еден милион луѓе се заразени со коронавирус во светот

Бројот на заразени со коронавирус во светот достигна еден милион и сега изнесува 1.000.168, покажуваат податоците на страницата „Ворлдометерс“. Од...

Македонија1 ден

На коронавирус позитивен психијатар од Демир Хисар, колегите од болницата испратени во изолација

Во Психијатриската болница во Демир Хисар доктор психијатар кој работел во болницата е позитивен на коронавирусот, информираше министерот за здравство,...

Свет1 ден

СЗО: Над 95 отсто од починатите од коронавирус во Европа се лица над 60 години

Шефот на канцеларијата на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа, Ханс Клуге, рече дека официјалните податоци покажуваат дека повеќе од...

Досие