Контакт

Свет

Ирански брод потопен во пријателски оган во Оманскиот Залив, има и жртви

Објавено пред

Деветнаесет ирански морнари загинаа вчера, а повеќемина се повредени во таканаречениот пријателски оган за време на воени вежби на иранската морнарица во Оманскиот Залив, се наведува во неофицијалните извештаи, кои ги пренесе Би-би-си.

Локални новинари наведуваат дека фрегатата „Јамаран“ на Иранската револуционерна гарда тестирала нов проектил со кој случајно бил погоден логистичкиот брод Конарак.

Иранската војска потврдила за АФП дека загинале 19 војници, а најмлаку 15 се повредени во поморски вежби. Инцидентот во близина на Хормушката Теснина го опишале како несреќа.

Според неофицијални податоци, фрегатата „Јамаран“ ја лансирала ракетата прерано, а бродот Конарак немал време да се повлече од пловната цел, која ја донел на позиција.

Видеозаписот на социјалните мрежи наводно го покажува превезувањето повредени морнари во болница.

Иранската револуционерната гарда во јануари случајно собори украински патнички авион во близина на Техеран, при што ги уби сите 176 луѓе во авионот.

Свет

(Видео) Додека претседателот на Бразил јадеше хот-дог на улица минувачите извикуваа „убиец“

Објавено пред

Минувачите во Бразил извикуваа „убиец“ и „ѓубре“ кон бразилскиот претседател Жаир Болсонаро, кој во саботата опкружен со телохранители излезе на пијалок и хот-дог , на денот кога 965 граѓани починаа од коронавирус.

Си-ен-ен пренесува дека на видеото коешто нивните новинари имале можност да го видат, е снимен  претседателот како јаде и пие додека минувачите извикуваат „убиец“ и „ѓубре“. Претседателот бил опкружен со телохранители, а во еден момент се свртел кон толпата и се заканил со прст.

Бразил се најде на второто место во светот по бројот на заразени со коронавирус во текот на викендот, оставајќи ги зад себе Русија и Велика Британија. Економските последици од карантинските мерки имаа многу негативен ефект врз државата.

Според „Гардијан“, Болсонаро повеќе пати ги прекршил мерките за физичко растојание издадени од Министерството за здравство, и тој продолжил да го прави тоа и овој викенд, дури и ако бројот на смртни случаи од вкоронавирусот во Бразил се искачи на повеќе од 22.000.

 

Прикажи повеќе...

Европа

Виена: За првпат во Европа извршена трансплантација на белите дробови на заразен со коронавирус

Објавено пред

На Медицинскиот универзитет во Виена деновиве била извршена Итна и екстремно комплицирана трансплантација на белите дробови кај 45-годишна пациентка кој развила акутна респираторна слабост поради Ковид-19.

Екипа на лекари предводена од раководителот на Универзитетскиот оддел за хирургија и клинички оддел за торакална хирургија, Волтер Клепетко, успешно ги трансплантирале белите дробови на пациенкатат, кои биле толку оштетени, што веќе не можеле да се спасат и ги замениле со бели дробови на донатор на органи. Ова е првпат во Европа едно лице заразено со коронавирус да има трансплантација на белите дробови во навидум безнадежна ситуација.
        
„Ние сме многу задоволни од состојбата на пациентката, особено ако се има предвид дека почетната состојба беше исклучително тешка. Таа се опоравува добро неколку дена по операцијата“, вели Клепетко.
        
Пациентката, кој не страда од никакви други болести, се заразила со коронавирус пред околу осум недели. Кога таа развила акутна респираторна слабост, вештачкото дишење веќе не било можно, туку само екстракорпорална мебранска оксигенација(ECMO) или вградување на циркулациска пумпа.
       
Затоа минатата недела била пренесена со австриски воен хеликоптер во Виенската општа болница, каде била сместена во одделот за интензивна нега. Во тоа време, тест за PCR утврдил дека коронавирусните честички сè уште се присутни во неа, но тие повеќе не се оценети како заразни.

Прикажи повеќе...

Свет

Боливиски министер во притвор – купил респиратори за трипати повисока цена од реалната

Објавено пред

Боливискиот министер за здравство Марсел Навахас е задржан во тримесечен притвор поради обвинувањата дека купил респиратори за трипати повисока цела од реалната. Претседателката на Боливија, Жанин Ањес го смени Навахас во четвртокот, по обвинувањата дека и платил на каталонската компанија 4,7 милиони долари за 170 респиратори, купени за лекување на заразените со коронавирус.

Претставник на таа компанија во Боливија рече дека цената е трипати поголема од реалната.
Навахас (62) беше на функцијата министер за здравство 45 дена, а неговиот адвокат тврди дека е невин.

Денеска судијата му одреди шестмесечен притвор и на разрешениот висок функционер на Министерството за здравство, Фернандо Веленсуели.

Интер-американската развојна банка, која го финансирака купувањето на респиратор, објави дека спроведува своја истрага.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет4 минути

(Видео) Додека претседателот на Бразил јадеше хот-дог на улица минувачите извикуваа „убиец“

Минувачите во Бразил извикуваа „убиец“ и „ѓубре“ кон бразилскиот претседател Жаир Болсонаро, кој во саботата опкружен со телохранители излезе на...

Европа32 минути

Виена: За првпат во Европа извршена трансплантација на белите дробови на заразен со коронавирус

На Медицинскиот универзитет во Виена деновиве била извршена Итна и екстремно комплицирана трансплантација на белите дробови кај 45-годишна пациентка кој...

Свет59 минути

Боливиски министер во притвор – купил респиратори за трипати повисока цена од реалната

Боливискиот министер за здравство Марсел Навахас е задржан во тримесечен притвор поради обвинувањата дека купил респиратори за трипати повисока цела...

Свет2 часа

Во Вухан 6,5 милиони луѓе тестирани за десет дена

Во изминатите десетина дена, 6,5 милиони луѓе се тестирани за присуство на коронавирусот во Вухан, а целта е да се...

Европа2 часа

Психијатарот поради невозвратена љубов ги труел своите колеги со торта

Млад доктор со српско потекло им донел торта на колегите во психијатриска болница во австриски затвор, во која ставил разни...

Македонија5 часа

Двајцата пациенти на кои им беше трансплантиран бубрег се во добра здравствена состојба

Двајцата пациенти на кои во саботата им беше изведена трансплантација на бубрег од починат донор се во добра и стабилна...

Македонија7 часа

Потврден 21 нов случај на коронавирус, нема починати пациенти

Во изминатите 24 часа потврден е 21 нов случај на коронавирус, а Министерството за здравство соопшти дека не се регистрирани починати...

Свет7 часа

Психијатар со српско потекло со торта отрул колеги во Австрија

Психијатар вработен во затвор со српско потекло е уапсен недалеку од Виена под сомнение дека на колегите им дал торта...

Регион8 часа

Албанија од 1 јуни ги отвора границите и плажите

Албанскиот премиер, Еди Рама, рече дека на хотелите во таа земја ќе им биде дозволено да ги отворат своите плажи...

Македонија9 часа

Претседателот на Стопанската комора за енергетика: Измамници нечесни, вирусот не е смртоносен

Претседателот на Стопанската комора за енергетика на Македонија, Ѓорѓи Манасков, тврди дека коронавирусот не е смртоносен и дека е обичен...

Македонија9 часа

Филипче: Коронавирусот ниту е мртов ниту е заминат

Фотографиите и прилозите од вчерашното празнување во верските храмови и пред нив се повторно загрижувачки. И покрај апелите на здравствените...

Економија9 часа

Најбогатите луѓе во светот го зголемија богатството за 255 милијарди долари за два месеца

Вкупното богатство на 25-те најбогати луѓе во светот се зголеми за 255 милијарди американски долари за два месеци, пишува „Форбс“....

Регион10 часа

Храповиќ: Црна Гора е прва „корона фри“ држава во Европа

Црногорскиот министер за здравство, Кенан Храповиќ, соопшти дека Црна Гора последна во Европа го регистрира првиот случај на Ковид-19 и...

Свет22 часа

САД ѝ се заканија на Кина поради ситуацијата во Хонгконг

Aмериканскиот советник за национална безбедност Роберт О’Брајан се закани дека Вашингтон ќе воведе санкции за Кина и Хонгконг доколку Пекинг...

Европа1 ден

Австрискиот претседател го прекршил полицискиот час, полицијата го нашла во ресторан по полноќ

Австрискиот претседател, Александер Ван дер Белен, се извини денеска откако полицијата во друштво на неговата сопруга Дорис Шмидауер, по полноќ...

Европа1 ден

На миса во Франкфурт се заразиле 107 лица

Најмалку 107 лица се заразиле со коронавирус на миса на Баптистичката црква во Франкфурт, објави денеска локалниот министер за здравство....

Свет1 ден

„Њујорк Тајмс“ на насловната страница ги објави имињата на починатите од Ковид-19

Весникот Њујорк Тајмс на насловната страница ги објави имињата на починатите од Ковид-19. Вообичаени текстови, фотографии и цртежи се заменети...

Македонија1 ден

Нови 37 случаи на коронавирус во земјава, нема починати

Во последните 24 часа направени се 508 тестирања, а регистрирани се 37 нови случаи на коронавирус и тоа: – Скопје...

Спорт1 ден

Мечот Ливерпул-Атлетико е „одговорен“ за 41 починат од коронавирусот

Анализата на податоците на Британската здравствена служба (НХС) открива дека мечот од осминафиналето од Лигата на шампионите на Ливерпул против...

Свет1 ден

Десетдневна жалост поради жртвите на коронавирусот во Шпанија

Шпанскиот премиер Педро Санчез изјави дека во јули ќе се отворат граници за странските туристи и најави дека ќе се...

Досие