Свет
Иран: Агенцијата на ОН е партнер во израелската агресија

Иран ја обвини МААЕ, тело за нуклеарна енергија на Обединетите нации, дека дејствува како партнер во, како што ја нарече, израелската агресивна војна.
Меѓународната агенција за атомска енергија, во извештајот објавен пред почетокот на иранско-израелската војна, изрази жалење поради несоработката на Техеран во следењето на почитувањето на неговите обврски во однос на нуклеарната програма.
„Го изневеривте режимот за неширење на нуклеарното оружје, ја направивте МААЕ партнер во оваа неправедна агресивна војна“, напиша портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Бакаи, во пораката до шефот на агенцијата на ОН, Рафаел Гроси.
Во извештајот што го виде АФП кон крајот на мај МААЕ забележа дека „Иран постојано или не одговорил или не дал технички веродостојни одговори на прашањата на агенцијата и ги исчистил областите попречувајќи ги активностите за верификација на агенцијата на три непријавени локации.
На 12 јуни бордот на директори на агенцијата усвои резолуција со која се осудува Иран за непочитување на неговите нуклеарни обврски, која ја подготвија Лондон, Париз и Берлин во соработка со Вашингтон.
Пред гласањето на телото Иран се закани дека ќе ја намали соработката со МААЕ доколку резолуцијата биде усвоена.
Израелската војска во четвртокот извести дека во текот на ноќта Израел извршил воздушен напад врз иранскиот реактор за тешка вода во областа Арак и го погодил објектот Натанц за кој тврди дека се користи за развој на нуклеарно оружје, објави израелската војска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Путин: Мојата внука течно зборува кинески

Рускиот претседател Владимир Путин рече дека неговата внука течно зборува кинески бидејќи нејзината дадилка е од Пекинг. Путин се обидуваше да ги нагласи блиските врски меѓу Москва и Пекинг.
„Споменав дека некои од моите блиски роднини учат кинески, мислев на мојата внука, чија дадилка е од Пекинг. Таа течно зборува кинески со неа“, рече Путин за време на состанокот со странски новинари во Санкт Петербург.
„Русите покажуваат зголемен интерес за учење кинески јазик како што се продлабочуваат економските врски меѓу двете земји. Годишната трговија достигнува 240 милијарди долари“, истакна тој.
Забелешката на Путин понуди редок поглед во личниот живот на рускиот претседател и ги илустрираше блиските врски меѓу двете земји.
Кина не се придружи на меѓународните санкции што ја погодија Русија по нејзината инвазија на Украина во 2022 година, туку се позиционираше како клучен трговски партнер.
Европа
Зеленски назначи нов командант на копнените сили

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес го назначи Генадиј Шаповалов за нов командант на Копнените сили, откако неговиот претходник поднесе оставка поради рускиот напад на полигон за обука.
Шаповалов, чие назначување беше објавено со претседателски декрет, претходно беше офицер за врска во координативниот центар на НАТО во Германија.
Претходно ги водеше силите на Оперативната команда „Југ“.
Шаповалов го заменува Михаило Драпатиј на функцијата врховен командант на Копнените сили, кој поднесе оставка овој месец поради смртоносен напад на полигон за обука во југоисточна Украина.
Зеленски го премести Драпатиј на функцијата командант на здружените сили како дел од воената реконструкција.
Свет
Трамп ќе одлучи дали да го нападне Иран во рок од две недели, објави Белата куќа

Белата куќа објави дека американскиот претседател Доналд Трамп ќе донесе одлука за евентуален напад врз Иран во следните две недели.
Во разговор со новинарите денес, портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, се осврна на пораката од самиот Трамп во која се вели:
„Врз основа на фактот дека постои значителна веројатност преговорите да се случат или да не се случат со Иран во блиска иднина, ќе донесам одлука дали да одам или не во следните две недели.“
Ливит додаде дека „кореспонденцијата со Иран продолжува“.