Свет
Иран отвори нов подземен објект за складирање ракети

Иранската паравоена револуционерна гарда денеска отвори нов подземен објект за складирање ракети, објави иранската државна телевизија.
Во извештајот се цитира командантот на гардата Хосеин Салами, кој рече дека крстосувачките и балистичките ракети дополнително ќе ги зајакнат поморските сили, пренесе АП.
Државната телевизија прикажа голем број проектили во затворен простор, што потсетува на подземен коридор, но не соопшти каде се наоѓа објектот или колку ракети се складирани таму.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Набргу договор меѓу Франција и Германија за новиот воен авион

Франција и Германија го одредија крајот на април како краен рок за постигнување договор за производство на нова генерација борбени авиони.
Тоа е најголемиот европски проект за одбрана поддржан од Франција, Германија и од Шпанија, а во рамките на кој европските компании постигнаа договор за поделба на работата во производството на беспилотни летала и авиони со екипаж за идниот борбен воздушен систем (FCAS), пренесува „Ројтерс“.
До 2040 година ФКАС треба да ги замени „еврофајтерс“, развиени од „Ербас“, „БАЕ системс“ од Велика Британија и италијанскиот „Леонардо“, како и авионите „рафал“ произведени од францускиот „Десо“.
Свет
Захарова: Протерувањето е одговор на непријателските акции на Прага

Портпролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, оцени дека протерувањето на чешките дипломати од Русија е адекватен одговор на „агресивните и непријателски активности на Прага“.
„Јас би ги опишала постапките на Чешка како агресивни и непријателски расположени и ние реагираме на ваквите постапки“, рече Захарова во интервју за телевизијата РБЦ, а пренесе ТАС С.
Чешките власти протераа 18 руски дипломати, кои тврдат дека учествувале во руска воена разузнавачка операција во 2014 година кога експлозија беше поставена во складиште за муниција во Врбетице, при што загинаа две лица.
Москва негира дека биле вмешани некои од нејзините агенти во експлозијата, а како одмазда протера 20 вработени во Амбасадата на Чешка во Москва.
Свет
(Видео) Пукање во супермаркет во САД – еден убиен и двајца повредени

Едно лице е убиено, а две се ранети во супермаркет во Лонг Ајленд кога напаѓач отворил оган, соопшти полицијата.
Потоа напаѓачот избегал од местото на злосторството, според американските медиуми.
There has been an active shooter situation at the West Hempstead Stop & Shop. The #NassauCountyPD is canvassing the area & nearby schools have been notified to lock down & secure their buildings. The subject has not been apprehended yet & we ask that area residents remain indoors
— NCPD (@NassauCountyPD) April 20, 2021
Се претпоставува дека осомничениот по пукањето влегол во автобус и побегнал во непознат правец.
Според официјалното соопштение на полицијата, откриен е идентитетот на напаѓачот.
BREAKING: 1 killed, 2 injured in shooting at Long Island Grocery Store. Suspect at large still. 49yo Employee was killed near the managers office in the store. There was a couple hundred people in the store at the time of the shooting.
Nearby schools are on Lockdown
— United States News Block (@USNewsBlock) April 20, 2021
Се работи за 30-годишниот Габриел Двајт Вилсон, кој носи црна облека и се претпоставува дека е вооружен и опасен.
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Регион5 дена
„Фајзер“, „спутник В“ или „Синофарм“ – истражување во Србија покажа која вакцина штити најбргу
- Економија3 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Црна хроника3 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?