Свет
Иран ја поддржа Кина: САД мора да го почитуваат интегритетот на земјите

Министерот за надворешни работи на Иран, Хосеин Амирабдолахиан, ги коментираше тензиите меѓу Кина и Тајван и рече дека Америка уште еднаш покажа дека претставува голем извор на закана за стабилноста на светот.
Шефот на иранската дипломатија истакна дека Иран го поддржува принципот на една Кина и се осврна на акциите на САД.
– Иран го поддржува принципот на една Кина. Провокативните акции на Соединетите Американски Држави се извор на закана за меѓународниот мир и стабилност – рече тој.
Тој исто така нагласи дека САД, како и другите земји, мора да го почитуваат интегритетот на земјите.
– Почитувањето на територијалниот интегритет на земјите е една од познатите основи на меѓународното право. Поддршката на Исламската Република Иран на принципот на една Кина во овие рамки е несомнена – заклучи првиот човек на иранската дипломатија, пренесе Аваз.ба.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Словачка повторно воведува гранична контрола со Унгарија

Словачка најави дека повторно ќе воведе гранични контроли на границата со Унгарија со цел да се намали се поголемиот број мигранти на нејзината територија, каде што само во септември беа регистрирани повеќе илегални мигранти отколку во цела минатата година.
Како што соопштија од Министерството за внатрешни работи на Словачка по денешната седница на Владата, мерката стапува на сила од утре и ќе трае до 14 октомври.
Се наведува дека воведувањето контрола на границата со Унгарија „соодветствува на моменталната закана и зависи од развојот на безбедносната ситуација“.
Оваа година, таканаречената секундарна транзитна миграција од западнобалканската рута особено придонесе за илегалната миграција во Словачка, наведува словачката агенција.
Словачка од почетокот на годинава до 1 октомври регистрирала 39.688 илегални мигранти, што е 11 пати повеќе од истиот период лани.
Регион
„Кориера дела сера“: Меѓу загинатите во трагичната несреќа кај Венеција е лице од Хрватска

Како што пренесува италијанскиот „Кориере дела сера“, меѓу загинатите во автобуската несреќа кај Венеција е и едно лице од Хрватска.
Во автобусот имало двајца Хрвати. Наводно, се работи за млад брачен пар од Сплит или неговата околина.
Според сè уште непотврдени информации, почината е млада жена, а млад човек е опериран и се наоѓа во една од блиските болници.
Меѓу 21 загинат има петмина украински државјани, Германец, Французин и Италијанец.
Регион
Тринаесетгодишно девојче се пожалило на болки во стомакот, отишло во болница и се породилo во тоалет: не знаела дека е бремена

13-годишно девојче од Грција викендов се породило во тоалет на болница на островот Наксос, каде што било примено поради болки во стомакот. Не ни знаела дека е бремена, а и таа и бебето се добро.
Минатата сабота родителите ја однеле на ургентниот центар на болницата поради силни болки во стомакот, кои ги препишале на хроничен запек.
Педијатарот ѝ дал клизма за да се олесни, како што е пропишано во овие случаи. Но, кога докторот сфатил дека девојчето не излегува од тоалетот, отишол да ја провери и тогаш го видел бебето во мијалникот и папочната врвца како висат.
Потоа, девојчето било префрлено во болницата „Сирос“, каде што моментно е со бебето.
„Прототема“ пишува дека во болницата на Наксос немало ниту радиолог поради што малолетничката не била подложена на ултразвук пред да се породи.
Семејството е постојано покрај неа.
„Таа е преплашена, но ја следат детски психолози. Замислете детето да каже дека го боли стомакот, а да заврши со породување. Породувањето почна кога таа отиде во тоалет во болницата“, вели роднина на семејството.
Девојчето било кај педијатарот за време на бременоста, но никој не сфатил дека е бремена.
„Неодамна забележавме дека малку се здебелила, но не ѝ придававме никаква важност“, рекла роднината.
Како што пренесува „Мега“, малолетничката им открила на детските психолози дека таткото на нејзиното бебе е нејзин школски другар, но нејзините блиски рекле дека не знаат ништо за тоа.