Контакт

Вести

Ирачаните бараат на Американците да им се забрани влезот, и да ја напуштат земјата

Објавено пред

Комисијата за надворешна политика на ирачкиот парламент побара во неделата реципрочен одговор кон САД, откако американскиот претседател Доналд Трамп издаде указ со кој на 120 дена се суспендира влезот на американска територија на лица од седум муслимански земји за кои се смета дека се извор на тероризам, меѓу кои е и Ирак, а влијателниот шиитски клерик Моктада ал-Садр порача дека Американците треба да го напуштат Ирак.

Со указот од петокот, американските претседател Доналд Трамп го суспендираше на најмалку 90 до 120 дена влегувањето на територијата на САД за државјаните на седум доминантно муслимански земји Сирија, Ирак, Иран, Либија, Сомалија, Судан и Јемен, а за оние кои имаат „зелени карти“, студираат или се лекуваат во САД ќе се разгледува секој случај поединечно.

„Јасно побаравме ирачката влада да постапи реципрочно во сите области од односите (…) со САД“, изјави за AFP Хасан Шваирид, потпретседател на надворешнополитчката комисија на ирачкиот парламент.

Ирачката моќна паравоена коалиција Нашд ал-Шаби (Народна милиција), во којашто доминираат мнозинските шиити, а се бори против сунитските џихадисти од Исламската држава, исто така, побара на Американците им се забрани влегување во земјата поради одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп.

Притоа, не е прецизирано дали тоа се однесува и на американските војници во Ирак. Во оваа земја се стационирани повеќе од 4.800 американски војници кои треба да бидат логистика за ирачките сили во борбата против ултрарадикалната сунитска организација Исламска држава.

Влијателниот шиитски клерика Мокдада ал-Садр претходно во неделата изјави дека Американците би требало да го напуштат Ирак, како одговор на привремената забрана за влегување во САД за државјаните на споменатите земји и суспендирање на бегалската програма.

„Би било арогантно вие да можете слободно да влегувате во Ирак и во другите земји, а да им забранувате на нивните државјани да влезат во вашата земја.. и според тоа вашите државјани би требало да си заминат“, порача ал-Садр на својата интернет страница, пренесува Reuters.

Ирачката влада уште не ја коментираше американската одлука, за разлика од сојузникот Иран, кој одлучи да го примени принципот на реципроцитет и најави дека тоа ќе остане на сила додека САД не ја укине својата забрана./крај/мф/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија14 секунди

Владиниот центар за одговор на сајбер инциденти MKD-GOV-CSIRT стана полноправна членка на FIRST

Владиниот центар за одговор на сајбер инциденти MKD-GOV-CSIRT е примен како полноправна членка на FIRST – Forum of Incident Response...

Uncategorized3 минути

Министерот Мисајловски на отворањето на „EUROSATORY 2026“ во Париз

Министерот за одбрана Владо Мисајловски, денеска е во Париз, Република Франција, каде ќе присуствува на отворањето на меѓународниот саем за...

Македонија5 минути

„Намалени субвенции, ниски откупни цени – Мицкоски ги излажа земјоделците“, велат од СДСМ

„Мицкоски ги излажаа земјоделците. Во опозиција им ветуваше повеќе пари, поголема поддршка, сигурен откуп…ништо од тоа. После 2 години власт...

Спорт6 минути

Каролина го освои Стенли Купот

Каролина Хјурикенс се шампиони на НХЛ. Тимот од Северна Каролина стигна до Стенли Купот со победа во серијата против Лас...

Македонија7 минути

„СДС тоне поради слугувањето на Софија, а Филипче е најгласен промотор на бугарските барања и внесувањето на Бугарите во Устав“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Филипче и СДС се тотално изгубени на политичката сцена, немаат политичка стратегија за државата, немаат визија, ниту пак план за...

Економија9 минути

Тодор Анѓушев на трибината на МАКО СИГРЕ: Батериските системи се следниот голем чекор во енергетиката

Новото клучно прашање во енергетскиот сектор е каде и како ќе се складира произведената електрична енергија од обновливи извори, изјави...

Спорт19 минути

(Видео) Диало го расплака Еквадор, Шведска го декласира Тунис

Фудбалерите на Брегот на Слоновата Коска го победија Еквадор со 1:0 (0:0) во натпреварот од првото коло од Групата Е...

Регион21 минута

(Видео) Пронајдени остатоците од потонатата едрилица, лоцирано и телото на четвртото лице: започнува извлекувањето

Во тешката поморска несреќа што се случи вчера околу 11:38 часот во Сплитскиот теснец, помеѓу островите Шолта и Брач, загинаа...

Спорт31 минута

(Видео) Гејџи пред очите на Трамп го сруши Топурија

Едно од најголемите изненадувања во историјата на УФЦ се случи на спектаклот одржан во Белата куќа, каде што Џастин Гејџи...