Контакт

Европа

Исланд стана првата европска земја која ги укина сите мерки против Ковид-19

Објавено пред

Исланд ги укинува сите епидемиолошки мерки откако 87% од населението постаро од 16 години прими барем една доза од вакцината против Ковид-19.

На Исланд, каде живеат околу 369.000 луѓе, досега се пријавени 6.637 случаи на инфекција, а од почетокот на пандемијата починаа вкупно 30 лица.

Околу 48% од лицата над 16 години се вакцинирани со две дози, што ја изедначува земјата со Велика Британија, а има малку поуспешна кампања за вакцинација од САД.

Сите анти-епидемиски мерки беа официјално укинати вчера, со што Исланд стана првата европска земја што ги укина целосно.

„Одлично е што вакцинацијата се случува толку брзо и безбедно. Ситуацијата во Исланд е меѓу најдобрите во светот“, рече премиерката Катрин Јакобсдотир (на сликата).

Торолфур Гуднасон, водечкиот исландски епидемиолог, рече дека информативната кампања била пресудна за брзо и прецизно информирање на јавноста.

„Ваков резултат немаше да биде можен без учество на јавноста, а јавноста нема да учествува ако не верува дека мерките што ги преземаме се мудри и не разбира зошто се преземаат“, објасни Гуднасон.

Патниците во Исланд сè уште треба да бидат тестирани кога влегуваат во земјата, а оние кои не биле вакцинирани мора прво да поминат пет дена во карантин, по што повторно се тестираат.

Европа

Италија ја одобри вакцината на „Модерна“ за деца на возраст од 12 до 17 години

Објавено пред

Италијанската агенција за лекови денеска ја одобри за употреба вакцината против коронавирусот на компанијата „Модерна“ за деца на возраст од 12 до 17 години.

Покрај онаа на „Фајзер“ ова е втора вакцина што се препорачува за употреба кај адолесценти, пишува „Ројтерс“.

„Достапните податоци ја покажуваат ефикасноста и безбедноста на вакцината и за субјектите од оваа возрасна група“, велат од италијанското регулаторно тело.

Некои европски земји тврдат дека вакцинацијата на децата е важна за постигнување национален имунитет, бидејќи се шири многу заразниот делта-сој.

Од „Модерна“ во мај потврдија дека вакцината е безбедна и ефикасна кај тинејџерите.

Прикажи повеќе...

Европа

Четворица унгарски војници се повредени откако мигранти насилно се обиделе да ја преминат српско-унгарската граница

Објавено пред

Синоќа група од петнаесет мигранти насилно се обиделе илегално да ја преминат српско-унгарската граница, објави унгарската полиција. Четворица унгарски војници се полесно повредени, пренесуваат регионалните медиуми.

Мигрантите се обиделе да ја совладаат воената патрола по должина на оградата на унгарско-српската граница, користејќи гас.

Сепак, според соопштението, полицијата и воените сили на Унгарија успеале да го спречат нелегалниот премин на границата.

„Колегите ќе сторат сè за да го зачуваат јавниот ред и безбедност, имаат доволно луѓе и технички средства да ја чуваат границата“ , се наведува во соопштението на унгарската полиција.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Две лица загинаа, а повеќе од 30 се повредени во експлозијата во Леверкузен

Објавено пред

Експлозијата што одекна во индустриска зона во Леверкузен во вторникот однесе два живота, а се повредени повеќе од 30 лица, соопштија германските медиуми. Од експлозијата се крена висок црн облак од чад над градот, а се смета дека уште неколку лица се водат за исчезнати, пишува „Ројтерс“.

На пожарникарите им беа потребни три часа за да го изгаснат огнот во фабриката, во која се наоѓа и германскиот фармацевтски гигант „Баер“.

„Сочувствувам со жртвите и нивните семејства. Сè уште трагаме по исчезнатите, но надежите дека ќе ги најдеме живи полека бледнеат“, изјави шефот на Чемпарк, Ларс Фридрих.

Полицијата соопшти дека петмина од 31 повреден завршиле во болница со сериозни повреди.

„Ова е трагичен момент за Леверкузен“, рече градоначалникот Уве Рикрат.

Полицијата побара од граѓаните да останат во своите домови и да ги затвораат вратите и прозорците во случај на ширење отрови низ воздухот, а фабриката исто така побара од нив да ги исклучат климатизерите додека мерат токсични честички.

Надлежните изјавија дека уште не е познато што ја предизвикало експлозијата што го предизвикала пожарот во резервоарот со растворувачи.

„Растворувачите гореа и сè уште не знаеме точно кои супстанции протекоа. Ние им помагаме на властите во истрагата и земаме примероци за тестирање“, рече Фридрих.

Леверкузен е на помалку од 50 километри од областите погодени од силни поплави минатата недела. Повеќе од 30 компании се наоѓаат во фабриката на Чемпарк.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет49 минути

Кинезите бараат СЗО да испита дали коронавирусот настанал во Америка

Повеќе од 15 милиони корисници во Кина потпишаа онлајн петиција за истрага на лабораторијата „Форт Детрик“ во Соединетите Американски Држави...

Домашен5 часа

Државата ќе ги награди Дејан Георгиевски и неговиот тренер со 2,4 милиони денари за среброто на Олимписките игри

Државата ќе ги награди Дејан Георгиевски и неговиот тренер со 2,4 милиони денари за освоениот сребрен медал во дисциплината теквондо...

Македонија5 часа

Заев и Тачи договорија соработка за локалните избори

Лидерите на СДСМ и на ДПА, Зоран Заев и Мендух Тачи, договорија соработка за локалните избори. Заев соопшти дека СДСМ...

Македонија6 часа

Бремените жени и лицата над 60 години да се ослободат од работа, владата со препораки за заштита од топлотниот бран

Владата издаде препораки како заштита на населението од топлотниот бран и од денеска-среда до недела (29.07-01.08.2021 година) се препорачува: ослободување...

Свет7 часа

Бајден: Mаските и вакцините најдобра заштита од делта-сојот

Американскиот претседател Џо Бајден истакна дека носењето заштитни маски и вакцинирањето во области во кои доминира делта-сојот на коронавирус се...

Македонија23 часа

Maкедонците сè уште се вакцинираат на белградскиот саем

Македонските граѓани и понатаму се вакцинираат на белградскиот саем. „Меѓу 300 и 500 граѓани се вакцинираат дневно на саемот во...

Македонија23 часа

Напад врз новинар ќе се смета како напад врз службено лице, се воведува и кривично дело демнење

Министерот за правда, Бојан Маричиќ, објави дека во Владата поминале измените на Кривичниот законик, со кои заштитата на медиумските работници...

Македонија24 часа

Заев по повод 20 години од Рамковниот договор: Успешна историја благодарение на партнерите ЕУ, САД и НАТО

Владата денеска одржа тематска седница посветена на 20-годишнината од Охридскиот рамковен договор. Во своето обраќање на седницата премиерот Заев потенцира...

Македонија1 ден

Дејан Георгиевски ѝ донесе олимписко сребро на Македонија

Дејан Геoргиевски го прекина 20-годишниот пост на Македонија и од Олимписки игри ќе го донесе досега најблескавиот медал во 30-годишната...

Топ1 ден

Тетовец лажно се претставувал како лекар, измамил повозрасен охриѓанец и добил 40.000 денари

45-годишен тетовец лажно се претставувал како лекар и на тој начин измамил повозрасен жител од Охрид од кого добил 40.000...

Македонија1 ден

Регистрирани 39 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.839 тестирања, а регистрирани се 39 нови случаи на...

Македонија1 ден

Заев: 17 октомври е датумот за локалните избори

И покрај дилемите за тоа дали кампањата за локалните избори ќе се поклопи со претстојниот попис, премиерот Зоран Заев денеска...

Европа1 ден

(Видео) Силна експлозија го потресе Леверкузен: Жителите добиле предупредување за екстремна опасност

Силна експлозија ги потресе куќите во германскиот град Леверкузен. Снимките од социјалните мрежи покажуваат како се крева огромен облак од...

Македонија1 ден

Само 0,02 отсто од вакцинираните со две дози во Македонија заболеле од коронавирус

Вкупно 92 лица од 330.000 кои се ревакцинирани заболеле со коронавирус, објави министерот за здравство, Венко Филипче. Ова, додаде тој,...

Европа1 ден

Во ЕУ вакцинирани 70 отсто од возрасните, две дози примиле 57 отсто

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, објави дека целта од 70 проценти вакцинирани од возрасните лица во Европската...

Спорт1 ден

Георгиевски обезбеди сребро на ОИ во Токио

Дејан Георгиевски избори пласман во финалето на олимпискиот турнир во таеквондо, во категоријата над 80 килограми. Во полу-финалето, Георгиевски го...

Македонија1 ден

Спасени планинари од Чешка на Шар Планина

Група планинари од Чешка вчера вечер се спасени од Шар Планина. Тие залутале, а околу 18 и 30 часот се...

Свет2 дена

(Видео) Песочна бура проголта град во Кина

Песочна бура висока речиси 100 метри зафати град во северозападна Кина, при што целиот град остана покриен со прашина. На...

Европа2 дена

Украинскиот напад ќе заврши со колапс, одговори Русија по изјавите за нова офанзива на Киев

Коментирајќи ја позицијата на поранешниот заменик-министер за привремено окупираните територии на Украина, Јуриј Гримчак, кој повика на подготовка на армијата...

Европа2 дена

Стапката на заразени од коронавирус во Европа се зголемува, предупредува СЗО

Светската здравствена организација (СЗО) денеска објави дека стапката на ширење на коронавирусот е забрзана во некои европски земји, пренесуваат светските...

Досие