Европа
Исланѓаните досега идентификуваа 463 вида коронавирус на нивниот остров
Исланд генетски ги секвенционира сите потврдени случаи на инфекција со коронавирус уште од почетокот на пандемијата, што е клучно во време на појава на нови видови коронавирус.
Светската здравствена организација неодамна ги повика сите земји да го забрзаат генетското секвенционирање на вирусот за да се олесни борбата против нови позаразни видови.
Исландската биофармацевтска компанија deCODE Genetics неуморно го анализирала секој позитивен тест на коронавирус во последните 10 месеци. Целта е едноставна – да се анализираат сите случаи за да не пропуштат ниту еден проблематичен.
„Самото секвенционирање трае релативно кратко време“, објаснува шефот на лабораторијата за генетика, Олафур Тор Магнусон. „Приближно три часа се доволни за да се утврди видот на вирусот.
Целиот процес, од изолација на ДНК до секвенционирање, трае околу еден и пол ден. Исланѓаните досега идентификуваа 463 варијанти на вирусот, кои научниците ги нарекуваат хаплотипови.
„Секвенционирањето на примероците е клучно за нас во следењето на пандемијата на островот“, рече министерката за здравство, Свандис Сваварсдотир.
Властите ги користат информациите за да утврдат прецизни мерки за борба против ширењето на вирусот, додаде таа.
Така, на Исланд знаат дека немаат јужноафрикански вид на коронавирусот и дека имале 41 случај на инфекција со британскиот вид.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Русија ја нападна Украина со 188 проектили, ракети и дронови, тврди Киев
Додека властите во Киев велат дека се пресретнати сите проектили насочени кон главниот град на Украина, се известува за штета од околните области.
Неименуван „инфраструктурен објект“ е погоден на една локација надвор од Киев, а „приватна куќа, нестанбена зграда и структура од типот на хангар“ на друга, соопшти регионалната администрација, додавајќи дека две лица побарале лекарска помош.
Украинските воздухопловни сили соопштија дека од 188 „нападни воздушни средства“ – проектили и беспилотни летала – лансирани од Русија, пресретнале 76 крстосувачки ракети „Калибр“, три ракети Кх-59/Кх-69 и 35 дронови.
„Непријателскиот напад со проектили и беспилотни летала беа насочени кон енергетските капацитети на Украина“, се вели во соопштението.
Европа
(Видео) Експлозии во Краснодар, Русите тврдат дека ги собориле сите дронови
Руското Министерство за одбрана извести дека во текот на ноќта системите за противвоздушна одбрана пресретнале и уништиле 25 украински беспилотни летала над Кубан, Крим, како и регионите Брјанск и Ростов.
Како резултат на напад со дрон во Краснодарската област, една жена е повредена.
The Russian Ministry of Defense reported that overnight air defense systems intercepted and destroyed 25 Ukrainian drones over Kuban, Crimea, as well as the Bryansk and Rostov regions. As a result of a drone attack in the Krasnodar region, one woman was injured.
Footage shows… pic.twitter.com/AnXMM4ksUO
— ASTRA (@ASTRA_PRESS) November 28, 2024
Снимката покажува една од експлозиите во Славјанск-на-Кубан, регионот Краснодар.
Европа
(Видео) Русите објавија снимки од авионите што ја нападнаа Украина
Екипажот Су-34 нападна концентрација на персонал, оклопна и автомобилска воена опрема на украинските вооружени сили во пограничниот регион на областа Курск, објави руското Министерство за одбрана на својот канал на Телеграм.
Нападот беше извршен со воздушни бомби со универзален модул за планирање и корекција, додаваат од руското Министерство за одбрана.