Контакт

Свет

Истражување: намалена продажбата на шминки за време на пандемијата

Објавено пред

Најновото истражување на компанијата „Нилсен“, глобална компанија за испитување на јавното мислење, покажува дека поради мерките на ограничувања за време на пандемијата, купувањето козметички производи, односно шминката за лице, пред сè, драстично опадна.

Според весникот „Ил манифест“, купувањето кармини е намалено 24 отсто на светско ниво, а продажбата на шминка за очи е намалена 10 отсто.

Оваа разлика, според авторот на статијата, може да се објасни со фактот дека под заштитната маска карминот на усните може да предизвика само штета, се размачкува на лицето и ја валка маската, а устата намачкана со кармин и така не се гледа.

Од јануари до јуни годинава продажбата на кармини е намалена цели 60 отсто, а во исто време е продадено речиси 30 отсто помалку шминка за очи отколку во истиот период минатата година.

Свет

Немири во затвор во Шри Ланка кадешто има заразени затвореници

Објавено пред

Најмалку шест затвореници загинаа, а 35 се повредени во немирите во затворот во Шри Ланка, објавија властите на таа островска земја.

Стражарите отвориле оган кон затворениците кога почнал немирот, а двајца од нив се здобиле со сериозни повреди.
Стотици полицајци се дополнително распоредени утрово околу затворот, кој се наоѓа на околу 15 километри северно од Коломбо.

Во затворите во Шри Ланка има околу 26 000 затвореници кои ја издржуваат казната, а капацитетот на институциите е 10.000. Повеќе од илјада затвореници во пет затвори биле позитивни на коорнавирусот, а најмалку двајца починале. Досега се позитивни околу 50 затворски чувари.

Прикажи повеќе...

Свет

Родено бебе со антитела за Ковид-19

Објавено пред

Жена од Сингапур, која била заразена со коронавирус во март додека била бремена, роди син со развиени антитела на Ковид-19, пренесува Ројтерс.

Бебето е родено во ноември без Ковид-19, но со антитела на болеста, објави во неделата „Стрејтс тајмс“.

„Моите лекари веруваат дека пренесов антитела на Ковид-19 на бебето за време на бременоста“, изјави Селин Нг-Чан за весникот.

Чан имала благи симптоми на болеста и била отпуштена од болницата по две и пол недели.

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека сè уште не е познато дали бремените жени со Ковид-19 го пренесуваат вирусот на фетус или бебе за време на бременоста или породувањето.

До денес, активниот вирус не е пронајден во примероците на течности околу плодот во матката или во мајчиното млеко.

Лекарите во Кина објавија дека откриле антитела на Ковид-19 кај бебиња родени од жени заразени со коронавирус, но и постепено опаѓање на бројот на антитела со текот на времето. Тие ги објавија своите откритија во октомвриското издание на научното списание Emerging Infective Diseases.

Преносот на вирусот САРС-CoV-2 од мајка на новороденче е редок, заклучиле лекарите од Универзитетот Колумбија.

Прикажи повеќе...

Свет

Пoевтино е пандемиите да се спречат отколку да се лекуваат, научниците велат да јадеме помалку месо

Објавено пред

Превентивните мерки во борбата против пандемиите може да бидат 100 пати поевтини отколку справувањето со нивните смртоносни ефекти потоа.

На светот му треба нов пристап за спречување на идни пандемии кои можат да убијат милиони луѓе, се вели во извештајот на Меѓувладината платформа за научна политика за биодиверзитет и услуги на екосистемот (ИПБЕС), организација основана од Обединетите нации за заштита на природниот свет.

Во извештајот се наведува дека контактот меѓу луѓето, дивиот свет и домашниот добиток мора да се ограничи за да се намали ризикот од преминување на бактерии и вируси од животни на луѓе. Луѓето кои живеат близу до животни и во области со висок ризик мора да бидат обезбедени со редовна здравствена заштита. Тоа ќе помогне да се запре епидемијата на болести пред тие да добијат можност да се шират уште повеќе.

Потребни се заеднички пристапи, се вели во извештајот, за превенцијата од пандемија да стане вообичаена во целиот свет. Би било сто пати поевтино да се спречат епидемиите отколку да се трпат нивните мрачни последици, тврдат авторите.

Во извештајот се повикуваат луѓето да престанат со навлегувањето во диви територии и да јадат помалку месо, бидејќи месната индустрија поттикнува контакт меѓу луѓето и новите патогени.

Извештајот предупредува дека 70 проценти од новите болести како што се ебола и зика и речиси сите познати патогени со пандемски потенцијал, како што се грип, ХИВ и новиот коронавирус, потекнуваат од животни. Извештајот проценува дека цицачите и птиците носат повеќе од милион неоткриени вируси.

„Пандемиите стануваат сè почести. Без превентивни стратегии, тие ќе се појавуваат почесто, побрзо ќе се шират, ќе убиваат повеќе луѓе и ќе влијаат на глобалната економија со потешки последици“, се вели во извештајот.

Исто така во извештајот се критикуваат тековните стратегии кои се потпираат на реакцијата на болести со нови вакцини откако ќе се појават тие болести.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија23 минути

Воено-медицински персонал ќе се распореди во ковид-центрите на Клинички

Медицински персонал од Воено-медицинскиот центар, составен од дванаесет лекари и дваесет медицински сестри, од денеска се вклучува во работата на...

Регион1 час

„Фајненшл тајмс“: Бугарија проблематична членка на ЕУ која тоне во коруција

Фондовите на ЕУ ја зголемија корупцијата во Бугарија. Тие пари особено се користат за директно или преку јавни набавки купување...

Регион2 часа

Во Црна Гора на лекар само со лична карта

Од денеска црногорските осигуреници ќе можат да ја користат новата лична карта како здравствена книшка. Директорот на Фондот за здравствено...

Свет2 часа

Во Индонезија 2.800 лица евакуирани поради вулканска ерупција

Вулкан во источна Индонезија, кој избувна во неделата, исфрлајќи пепел на 4.000 метри, ги принуди локалните жители да се евакуираат....

Македонија2 часа

Снег на Попова Шапка и Страцин

Сообраќајот на патиштата се одвива по влажни коловози. Врнежи од слаб снег има на Попова Шапка и Страцин, но без...

Македонија2 часа

ВМРО-ДПМНЕ ќе протестира во 11 градови

ВМРО-ДМНЕ најави дека денеска ќе протестира во 11 градови. „Продолжуваме, заедно со народот против продажбата на татковината. Народот се буди...

Свет16 часа

СЗО: Лажните вести може да ја загрозат вакцинацијата против Ковид-19

Уште во февруари, кога пандемијата на коронавирус брзо се рашири, Светската здравствена организација (СЗО) предупреди за поплава од дезинформации и...

Македонија18 часа

Заев: Во ЕУ ќе влеземе како Македонци кои зборуваат македонски јазик

Македонскиот народ секогаш бил и ќе биде со поглед напред, вели премиерот Зоран Заев во објава на социјалните мрежи, посветена...

Македонија19 часа

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 44 пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје хоспитализрани се 44 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно...

Македонија22 часа

Борисов за ФАЦ: Можен е компромис, но мора да се познава и историјата

Единствената земја, која го посакува почетокот на пристапните преговори на Северна Македонија со ЕУ повеќе од Германија, е Бугарија, вели...

Македонија22 часа

Филипче: Бидете максимално одговорни во претстојниот период на слави и прослави

Министерството за здравство апелира до граѓаните во периодот на слави кој престои максимално да бидат одговорни и да ги почитуваат...

Македонија23 часа

Рикер до Заев: САД ја поддржуваат интеграцијата на Македонија во ЕУ, ве охрабруваме да барате решение

Помошникот државен секретар за европски и евроазиски прашања во американскиот Стејт Департмент, Филип Рикер, во писмо до премиерот Заев истакнува...

Свет23 часа

Кинеското вселенско летало е во орбитата на Месечината и се подготвува да слета

Кинеските власти објавија дека вселенското летало Change-5 успешно влезе во орбитата на Месечината и се подготвува да слета, како дел...

Регион1 ден

Вучиќ свика итен состанок поради случувањата во Црна Гора

Српскиот претседател Александар Вучиќ закажа состанок со премиерката Ана Брнабиќ и министерот за надворешни работи Никола Селаковиќ за да разговараат...

Европа1 ден

(Видео) Полицијата употреби сила против демонстрантите во Полска

Полицијата ја спречи протестната прошетка на демонстрантите во Варшава, додека ширум Полска се одржаа демонстрации против ограничувањето на правото на...

Европа1 ден

(Видео) Протести и апсења низ Европа

Повеќе од 155 лица беа уапсени во Лондон за време на протестите организирани против рестриктивните мерки насочени кон спречување на...

Спорт1 ден

Дуелот Тајсон – Џонс заврши нерешено, „челичниот“ побара реванш

Рано утринава, во егзибициски меч во „Стејплс центарот“ во Лос Анџелес 54-годишниот Мајк Тајсон се врати во рингот по пауза...

Македонија1 ден

Нови подводни истражувања во Охридското Езеро

Кон крајот на октомври успешно беше реализиран проектот „Подводно археолошко рекогносцирање на делови од источниот брег од Охридското Езеро“ чиј...

Свет2 дена

Една крвна група е поотпорна на Ковид-19 од другите

Голема студија направена во Канада нуди докази дека луѓето кои имаат нулта крвна група или се Rh-негативни, имаат помал ризик...

Македонија2 дена

Заев: Доста беше омраза, јас сум Македонец кој зборува македонски јазик

„Јас сум Македонец кој зборува македонски јазик, признат од целиот свет. Каракачанов е Бугарин кој зборува бугарски јазик признат од...

Досие