Свет
Италијанските болници одбиваат да лекуваат невакцинирани пациенти, новинари снимиле со скриена камера
Италијанските болници одбиваат да ги лекуваат и оперираат невакцинираните и оние кои не биле заразени.
Откако минатата недела во емисијата „Fuori dal coro“ на италијанската телевизија „Медиасет“ беше прикажан случајот со болницата „Галеаци“, која откажа операции и лекување на лица кои немале „Супер зелена карта“ – доказ за вакцинација или за прележана инфекција со ковид, на површина излегоа и други слични случаи во други болници низ Италија.
Пациентите кои со месеци не можат да бидат оперирани и лекувани, се обратија до италијанските медиуми со цел да пренесат ситуација која и покрај пандемијата е спротивна на Хипократовата заклетва, во која меѓу другото се вели дека „лекарите ќе го лекуваат секој пациент без разлика на религија, националност, социјален статус, политичка идеологија, промовирајќи елиминација на сите форми на дискриминација во здравствената област“.
Овие пациенти со месеци чекаат да бидат лекувани и оперирани бидејќи не се вакцинирани со третата доза на вакцина против коронавирус.
Медиумите ја истражуваа ситуацијата и се уверија дека, според интерна пптака на е-пошта што до сите вработени во болницата „Галеаци“ ја испратил директорот на таа институција, професорот Фабрицио Преласко, дека сите кои немаат „Вакцинален пасош“ засега нема да подлежат на третман или операција.
Според Преласко, оние кии не го комплетирале циклусот на вакцинација се сметаат за чувствителни пациенти и нивните интервенции се одложени бидејќи не се заштитени од вирусот.
Од друга страна, медиумите нагласуваат дека се познати голем број случаи на заболени од ковид по три вакцини, меѓу кои најпознат е професорот Гали од миланската инфективна клиника „Луиџи Сако“, кој бил тежок и покрај целосната вакцинација.
Новинарите посетија неколку болници, со скриена камера ги снимија вработените на приемното одделение и ги прашаа дали им е потребна зелена карта за лекување, на што добија позитивни одговори. Истата ситуација се случила откако се јавиле во повикувачкиот центар на болницата.
Случајот заврши во парламентот кога неколку пратеници побараа од министерот за здравство да се обрати и да ја објасни оваа неприфатлива ситуација. Истрага покрена и јавното обвинителство.
Супер зелената пропусница е добиена по три дози вакцинација или две дози, од кои втората не смее да биде постара од четири месеци или по закрепнувањето. Тоа е потребно во Италија за нормален живот: одење во ресторани, кафулиња, базени, театри, кина, музеи, скијање и сите други активности освен одење во продавници за храна и аптеки.
Додека остатокот од Европа ги намалува забраните во борбата против Ковид-19, Италија воведува нови мерки од 1 февруари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Српска инфлуенсерка од Дубаи: Се слушаат удари, некои луѓе не сфаќаат што се случува
Српските инфлуенсерки Сара и Ања Дамњановиќ се наоѓаат во Дубаи, каде, како што велат, изминатите денови се слушаат експлозии по нападите во регионот.
Сара во видео објава раскажа дека тие биле евакуирани од стан и се преселиле во хотел на понизок кат поради безбедност, пренесе „Б92“.
View this post on Instagram
„Последниот силен удар го слушнав вчера наутро и ме разбуди. Кога бевме на 24. кат, зградата се тресеше и се слушаше силен звук“, изјави таа.
Додава дека ситуацијата е различна во зависност од делот на градот – додека некаде се активираат аларми и има евакуации, на други места луѓето седат во кафулиња и сè изгледа нормално.
Инфлуенсерката вели дека лично не паничи, но е загрижена поради големиот број информации и лажни видеа што се шират на социјалните мрежи.
Таа опиша и момент кога, трчајќи кон гаража, видела што се случува на небото и дека хотел на околу два километри од нив бил погоден. И покрај тензијата, вели дека градот функционира релативно нормално, иако понекогаш сообраќајот кратко се прекинува по нападите.
Фото: Depositphotos
Свет
Франција испрати борбени авиони „Рафал“ во своите бази на Емиратите
Франција распореди борбени авиони „Рафал“ во своите воени бази во Обединетите Арапски Емирати со задача да го обезбедуваат воздушниот простор над базите, изјави францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро.
Тој за телевизијата „БФМТВ“ изјави дека авионите спровеле операции за обезбедување на воздушниот простор, но не изнесе дополнителни детали за мисијата.
Распоредувањето доаѓа во време на ескалација на конфликтот на Блискиот Исток.
Свет
Израелски шпиони ги хакирале речиси сите сообраќајни камери во Техеран за да го испланираат убиството на ајатолахот Али Хамнеи
Израелските шпиони со години ги хакирале речиси сите сообраќајни камери во Техеран за да ги следат движењата на ајатолахот Али Хамнеи во невидена кампања за собирање разузнавачки информации, објави синоќа британски „Индипендент“.
Службениците ги надгледувале високо обучените и лојални обезбедувачи, телохранители и возачи на високи ирански функционери за да го забележат нивниот „модел на живот“, објави „Фајненшл тајмс“.
Овие податоци во реално време, вклучително и од камерите фокусирани на личниот комплекс на Хамнеи, биле шифрирани и пренесени назад до серверите во Тел Авив и јужен Израел.
Тие беа во можност да утврдат каде стражарите ќе ги паркираат своите автомобили преку инфилтрирана безбедносна камера свртена кон домот на ајатолахот.
„Го знаевме Техеран како што го знаеме Ерусалим“, изјави за весникот сегашен израелски разузнавачки службеник.
„И кога го познавате (местото) исто толку добро колку што ја познавате улицата на која сте пораснале, го забележувате секое нешто што не е на свое место“.
Планот за убиство на ајатолахот постоел со месеци и бил изменет кога се дознало дека врховниот лидер лично ќе присуствува на состанок кај него дома, изјавија официјални лица.
На денот на атентатот, израелските разузнавачи ги користеле податоците од сообраќајните камери, преку нив го потврдиле реалното време на состанокот.
Израелската војска соопшти дека нападите биле извршени во текот на денот за да се создаде елемент на шок и „му дозволиле на Израел да постигне тактичко изненадување по вторпат, и покрај силната иранска подготвеност“.
Мобилните телефонски услуги и комуникациските мрежи биле прекинати во обид да го остават Иран „зашеметен и збунет“, според генералот Ден Кејн, началник на заедничкиот штаб. „Координираните вселенски и сајбер операции ефикасно ги нарушија комуникациските и сензорските мрежи низ целата зона на одговорност, оставајќи го противникот без можност да гледа, координира или ефикасно да реагира“, рече тој.
Претседателот Доналд Трамп во интервју за „Фокс њус“, по нападот рече дека иранскиот лидер „бил елиминиран заедно со неговиот најблизок круг додека се собирале на појадок“.

