Свет
„Квалком“ го обвини „Епл“ за кражба и откривање деловни тајни на „Интел“
Компанијата „Квалком“ ги обвини „Епл“ за откривање деловна тајна на нивниот конкурент „Интел корп“, со цел „Интел“ да ги усоврши своите чипови за „Епл“ да може да ги замени тие на „Квалком“.
„Квалком“ ги објави овие обвинувања во најновиот поднесок до судот, кој ја дополнува претходната жалба, во која „Квалком“ вели дека „Епл“ прекршил договор за софтверска лиценца, со тоа што им открил тајни детали поврзани со чиповите на оваа компанија на инженери од „Интел“.
„Интел“ не е наведена како странка во овој спор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

