Свет
Кина ги предупреди САД: Можна е нуклеарна војна, сите европски земји ќе треперат
Кина предупреди дека САД би можеле да се соочат со тешки последици, вклучително и нуклеарна војна, доколку на Украина ѝ се дозволи да ѝ се приклучи на Организацијата на Северноатлантскиот договор (НАТО).
„Сите европски земји ќе треперат под сенката на можна нуклеарна војна“, предупреди Пекинг во неделниот уредник на државниот „Глобал тајмс“.
„Во тој случај нема да има безбедност за никого, ниту за Украина ниту за светот“, пишува весникот.
„Наместо да бара решение за ставање крај на конфликтот, Вашингтон одново и одново покажа дека САД брзаат во другата насока – разгорувајќи го пламенот на војната“, се додава.
Претседателот Володимир Зеленски го обнови својот повик за приклучување кон алијансата откако Русија најави обид за анексија на четирите региони во Украина.
Запрашан за барањето на Зеленски за забрзување на членството на Украина во НАТО, американскиот советник за национална безбедност, Џејк Саливан, минатата недела рече дека сега не е вистинското време и дека барањето треба да се разгледа во некое друго време.
Кина го повика НАТО целосно да се повлече од Источна Европа, пренесе „Индекс.хр“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Големи пропалестински протести во Малме пред евровизиското финале, се бара исклучување на Израел од натпреварот
Денеска во центарот на Малме, Шведска се одржува масовен пропалестински протест поради учеството на Израел на овогодинешното натпреварување.
Голем број луѓе почнаа да се собираат на главниот плоштад во Малме од 16 часот.
Протестот почна на главниот плоштад во Малме, а насобраните од ова место се упатија кон арената Малме, каде што се одржува Евровизија.
Во четвртокот, кога претставничката на Израел настапи во втората полуфинална вечер, на улиците на Малме протестираа повеќе од 30.000 луѓе, според проценките на шведската полиција.
Барањата се исти – бојкот на Евровизија и исклучување на Израел од натпреварувањето.
Свет
Силен земјотрес го погоди Азербејџан
Земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала го погоди денеска Азербејџан, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки институт (ЕМСЦ).
Земјотресот бил на длабочина од 10 километри, додава ЕМСЦ.
Епицентарот на земјотресот се случил на 19 километри североисточно од градот Ланкаран, кој има околу 210.000 жители.
Засега нема информации за евентуална материјална штета.
Свет
(Видео) Маж по пет дена е спасен од урнатините на зграда во Јужна Африка
Маж е спасен од урнатините пет дена по уривањето на зграда во Јужна Африка, а премиерот на Западен Кејп, Алан Винд, го опиша настанот како чудо.
Во понеделникот се урна петкатна зграда во градот Џорџ, источно од Кејптаун.
Во официјалното соопштение се наведува дека таму во моментот имало 81 лице и дека досега е потврдена смртта на 13 лица, а 39 се’ уште се водат за исчезнати. Во објава на „Икс“ денес, Винд напиша дека преживеан маж е успешно извлечен од урнатините по 116 часа.
За да се обидат да стигнат до сите жртви кои останале заробени во урнатините, спасувачите користеле кранови, дупчалки и свои раце за да се обидат да ги спасат.
Спасувачките операции продолжуваат.