Свет
Кина притвори австралиска новинарка поради шпионажа, сега ѝ се заканува смртна казна

Кинеските власти ја приведоа австралиската новинарка Ченг Леи под обвинение за шпионажа, за што сега ѝ се заканува доживотен затвор, па дури и смртна казна, пишува ДВ.
Леи, австралиска ТВ-водителка со кинеско потекло, е уапсенa и обвинетa за објавување државни тајни во странство. Австралиската министерка за надворешни работи, Мариз Пејн, изјави дека Кинезите го пријавиле апсењето на Леа на 5 февруари, која е приведена без образложение од август.
Притворот за водителката, која разговараше со водачи на компании од целиот свет за државната телевизија ЦГТН, дојде во време на растечки билатерални тензии меѓу Пекинг и Канбера.
Дипломатските односи нагло се влошија на почетокот на минатата година откако Австралија започна меѓународна истрага за потеклото на коронавирусот, откриен во кинескиот град Вухан. Австралијците исто така ги критикуваа Кинезите за нивното зголемено влијание во Азиско-пацифичкиот Регион и за наводното мешање во австралиските работи.
Кина презеде голем број економски одмазднички мерки против повеќе од десетина австралиски производители, особено на јачмен, говедско месо, вино и јаглен.
Министерката Пејн рече дека австралиските дипломати ја посетиле Леи шест пати откако е уапсена.
„ Австралиската Влада редовно на највисоко ниво ја објавува својата длабока загриженост во врска со притворот на Ченг Леи“, нагласи Пејн.
Леи е вториот истакнат австралиски државјанин приведен по апсењето на писателот Јанг Хенгјун во јануари 2019 година, осомничен за шпионажа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Во Србија 3.339 нови случаи на коронавирус, 16 лица починаа

Во последните 24 часа во Србија се потврдени 3.339 нови случаи на коронавирус, а 16 лица починале.
Тестирани се 14.128 лица. Во болница има 3.876 пациенти, од кои 159 се на апарати за дишење.
Од почетокот на епидемијата во Србија се потврдени 453.240 случаи на коронавирус, а починале 4.414 лица.
Стапката на смртност е 0,97 проценти. Досега се тестирани 2.917.578 лица, пренесува „Танјуг“.
Европа
Вакцината на „Џонсон и Џонсон“ пристигнува во ЕУ, одобрувањето се очекува до 11 март

Европската агенција за лекови треба да ја одобри употребата на вакцината против коронавирус на компанијата „Џонсон и Џонсон“ на 11 март, пренесуваат „Ројтерс“ и „Блумберг“.
Американската фармацевтска компанија на почетокот на месецов поднела барање за условно одобрување на вакцината до Европската агенција за лекови (ЕМА). Минатата недела ЕМА соопшти дека ќе го објави своето мислење до средината на март.
ЕУ досега ги одобри вакцините произведени од „Фајзер/ Бионтек“, „Модерна“ и „Астразенека“.
Свет
Коронавирус откриен на два американски воени брода

Коронавирусот се појави на два американски воени брода на Блискиот Исток, соопшти Петтата флота, чијашто база е во Бахреин.
Повеќе од 10 члена на екипажот на десантниот брод „Сан Диего“ се заразени со коронавирус и бродот веќе е во Бахреин, додека постои сомневање дека неколку лица биле заразени на ракетниот крстосувач „Филипинско Море“.
На „Сан Диего“ има речиси 600 луѓе, додека на „Филипинско Море“ има околу 380 членови на екипажот, јавува АП.
Американскиот носач на авиони „Теодор Рузвелт“ минатата година мораше да помине речиси два месеца во Гуам, откако беа заразени повеќе од 1.000 морнари, а еден почина.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Свет4 недели
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер