Контакт

Свет

Кина со предупредување до САД: Сателитските снимки нема да ви кажат колку нуклеарки имаме

Објавено пред

Претставникот на кинеското Министерство за надворешни работи, Фу Конг, ги повика САД да не го оценуваат кинескиот нуклеарен арсенал врз основа на сателитски снимки.

„Обидите да се користат сателитски снимки за да се открие каков нуклеарен арсенал има Кина се несериозни за САД“, изјави Фу, директор на одделот за контрола на оружјето, пренесува „РИА новости“.

Неколку американски медиуми минатата година објавија дека Кина гради силоси за интерконтинентални балистички ракети на најмалку три локации, а „Вашингтон тајмс“ тврди дека таков заклучок е донесен во разузнавачките извештаи врз основа на сателитски снимки направени во 2021 година.

Според извештаите на американските медиуми, американските власти велат дека во трите ракетни бази ќе бидат распоредени од 350 до 400 нуклеарни проектили со долг дострел.

Сепак, кинескиот весник „Женмин Зибао“, повикувајќи се на кинески воени експерти, објави дека американските аналитичари погрешно процениле дека темелите за турбините на ветер се силоси за интерконтинентални балистички ракети.

Свет

Мачка од Украина преживеала половина час во машина за перење

Објавено пред

Според персоналот на ветеринарната клиника во која била донесена по инцидентот, мачката останала во машината за перење 30-ина минути пред сопствениците да ги слушнат нејзините врескања.

Сопствениците објасниле дека мачката обично сака да спие во машината за перење, а бидејќи е сива како и внатрешноста на машината, не ја забележале кога ја вклучиле, пренесе „Спутник“.

Поговорката вели дека мачките имаат девет животи, а тоа го потврди и случајот со мачката во градот Днипро во Украина, која поминала половина час во активирана машина за перење и – преживеала.

Прикажи повеќе...

Свет

Бајден ќе го објави името на првата Афроамериканка во Врховниот суд

Објавено пред

Претседателот на САД, Џозеф Бајден, најави дека планира до крајот на февруари да го назначи наследникот на либералниот судија на Врховниот суд, Стивен Бриер, кој најави дека се пензионира и повтори дека ќе биде првиот африкански американски судија во највисокиот суд во земјата.

„Ова е емотивен ден за мене. Денеска сум овде за да ја изразам мојата благодарност во име на нацијата на судијата Стивен Бриер за неговата извонредна кариера во јавната служба“, рече Бајден, пренесе „Гласот на Америка“.

„Имам намера да ја објавам мојата одлука (за кандидатот за судија на Врховниот суд) до крајот на февруари. Тоа ќе биде првата Афроамериканка некогаш номинирана за Врховниот суд. Тоа требаше да се направи одамна“, рече Бајден.

Прикажи повеќе...

Европа

Утре е петтиот обид за избор на нов претседател во Италија

Објавено пред

Италијанскиот парламент утре ппетти обид ќе се обиде да избере нов претседател.

Премиерот Марио Драги сѐ уште е кандидат за претседател, но неговите изгледи се избледени оваа недела бидејќи многу пратеници не се подготвени да го поддржат стравувајќи дека каква било промена во владата може да предизвика предвремени избори, објави „Ројтерс“.

Матео Салвини, лидер на десничарската Лига, им рече на новинарите дека пред гласањето в петок, ќе им предложи на партиите на левиот центар неколку непартиски фигури што имаат углед и на домашно и на меѓународно ниво.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија13 часа

Регистрирани нови 1.861 случај на Ковид-19 и 27 починати

Министерството за здравство информира, во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа направени се...

Свет16 часа

НАТО со нови барања до Москва

Откако американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека САД ѝ испратиле на Москва одговори на безбедносните барања на Русија, истото...

Македонија17 часа

СОНК: Второто полугодие да почне онлајн, училиштата можат да бидат опасен кластер

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура бара Владата да ја повлече одлуката за почеток на второто полугодие со физичко...

Топ20 часа

Осомничениот за сообраќајката кај Лисиче возел под дејство на алкохол и поминал на црвено

Јавното обвинителство од Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 21-годишниот скопјанец за кого постои сомнение за тешки дела...

Европа20 часа

Лавров: САД не одговараат на најважното прашање – ширењето на НАТО кон исток

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, денеска изјави дека содржината на американскиот одговор на рускиот предлог за безбедносни гаранции...

Македонија21 час

Писмо со закани по живот од терористичка организација добил јавниот обвинител Јовески

Државниот јавен обвинител извести дека во текот на вчерашниот ден, преку препорачана пратка експедирана од Пошта Битола на 17.1.2022 година...

Европа22 часа

Данска ги укинува сите ограничувања, короната е исклучена од категоријата на критични болести

Данските власти донесоа одлука за исклучување на Ковид-19 од категоријата на критични болести, а од 1 февруари ќе бидат укинати...

Европа23 часа

Војник застрелал петмина стражари во фабрика за оружје во Украина

Војник на украинската национална гарда од засега непознати причини пукал во припадници на обезбедувањето во воена фабрика во Днепар, при...

Македонија2 дена

Наставата продолжува со физичко присуство на 1 февруари

Владата донесе одлука наставата во основното и средното образование на учениците да продолжи со физичко присуство на 1 февруари. Оваа...

Македонија2 дена

Се намалува периодот на карантин на седум дена

Владата на денешната седница донесе одлука за намалување на периодот на изолација за лицата кај кои лабораториски е утврдено присуство...

Македонија2 дена

Нови 2.019 случаи на коронавирус, починаа 19 лица

Во последните 24 часа направени се 6.119 теста, а регистрирани се 2.019 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 968, Битола...

Македонија2 дена

ЦУК апелира до граѓаните да не се движат под опасната карпа на Матка, се преземаат активности за превенција

Центарот за управување со кризи апелира до граѓаните да не се движат на местото под опасната карпа на Матка, поточно...

Топ2 дена

(Видео) Разбиена криминална група, запленетa марихуана вредна 50.000 евра

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал денеска донело наредба за истрага против три лица за кои постои сомнение дека...

Македонија2 дена

Преку снимки од надзорните камери околу мостот Гоце Делчев ќе се расветлуваат причините за несреќата

Обвинител од скопското основно јавно обвинителство извршил увид и презема дејствија за утврдување на фактите за настаната тешка сообраќајна несреќа...

Топ2 дена

Пешак прегазен пред мостот Гоце Делчев

Тешка сообраќајна несреќа се случила денеска, нешто по 11 часот, во центарот на Скопје. Пешак бил прегазен во близина на...

Македонија2 дена

Мицевски: Бараме укинување на Пржинската влада

Дополнување на дневниот ред, со точка за предлог-закон за изменување на Законот за Владата на Република Македонија по скратена постапка,...

Топ2 дена

Фатална сообраќајка во Лисиче – загина возач, а тешко повредена е неговата 15-годишна ќерка

Дежурен обвинител од скопското Основно јавно обвинителство извршил увид на местото на тешка сообраќајна несреќа што се случила синоќа околу...

Македонија2 дена

Лекарската комора бара промени на казнената регулатива на Фондот

Лекарската комора остро реагира на наплатата на изречените казни за матичните лекари од страна на Фондот за здравствено осигурување. Оттаму...

Свет2 дена

Италијанските болници одбиваат да лекуваат невакцинирани пациенти, новинари снимиле со скриена камера

Италијанските болници одбиваат да ги лекуваат и оперираат невакцинираните и оние кои не биле заразени. Откако минатата недела во емисијата...

Македонија2 дена

Загадениот воздух предизвикува над 30.000 предвремени смртни случаи во Западен Балкан

Загадувањето на воздухот во Западен Балкан предизвикува голем број предвремени смртни случаи, а последиците вклучуваат пократок животен век и влошување...

Досие