Свет
Кина тврди дека коронавирусот најпрвин се појавил во Европа, а не во Вухан
Кина користи нова студија за раното скриено ширење на коронавирусот во Италија за да се доведе во сомневање цврсто заснованата претпоставка дека азиската земја е родното место на пандемијата, според извештаите.
Официјални лица во Пекинг инсистираат на новата студија, која сугерира дека инфекцијата може да се проширила во европската нација уште во септември – три месеци пред да се потврди дека се шири во кинескиот град Вухан, пренесува лондонски „Тајмс“.
Азиската држава претходно ја доведуваше во прашање и Шпанија за потеклото на пандемијата, како и американската армија, тврдејќи дека го донела вирусот во Вухан во октомври минатата година за време на Светските воени игри, се наведува во извештајот.
Кинеските државни медиуми ја форсираат идејата дека новата студија на Националниот институт за рак докажува дека инфекцијата, најверојатно, почнала во Италија, а не во Кина, според британскиот весник.
„Ова уште еднаш покажува дека потрагата по изворот на вирусот е сложено научно прашање што треба да им се остави на научниците“, изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Чао Лиџијан, наведува „Тајмс“.
Неодамнешното истражување на Институтот за тумори во Милано и Универзитетот во Сиена покажа дека Ковид-19 циркулирал во Италија на почетокот на септември 2019 година, многу порано отколку што се препоставувало досега.
Светската здравствена организација призна дека е можно вирусот да циркулира тивко на друго место пред да биде откриен во Вухан.
Сепак, многу научници се скептични во однос на наодите од италијанската студија – а други забележуваат дека таа не исклучува оти коронавирусот потекнува од Кина.
„Знаеме дека Кина го одложи објавувањето на својата епидемија, па затоа не е познато кога почна таму, а Кина има многу силни трговски врски со северна Италија“, изјави Џовани Аполоне од Националниот институт за рак во Милано за „Тајмс“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Рубио: Нема повредени во иранскиот напад со дрон врз конзулатот во Дубаи
Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека сите вработени се безбедни по иранскиот напад со дрон врз комплексот на американскиот конзулат во Дубаи.
Според него, дронот погодил паркинг покрај зградата на конзулатот, а голем број вработени го напуштиле објектот пред почетокот на американско-израелската акција против Иран, пренесе Си-Ен-Ен.
Just got a new angle of the Burjuman Dubai US Embassy Explosion pic.twitter.com/0WM65HOGW2
— Deon Menezes (@DeonMen) March 3, 2026
Претставник на Обединетите Арапски Емирати изјавил дека конзулатот бил затворен во моментот на нападот.
Во безбедносно предупредување е наведено дека Амбасадата на САД во Абу Даби и Конзулатот во Дубаи ги откажале сите термини за визи, услуги за американски државјани и нотарски услуги најмалку до 4 март.
На американскиот персонал во Обединетите Арапски Емирати му било наредено да остане на безбедно и да не доаѓа во дипломатските претставништва.
Канцеларијата за медиуми на Дубаи соопшти дека пожарот предизвикан од инцидентот со дронот е изгаснат и дека нема повредени. Видео снимки на Си-Ен-Ен покажуваат густ црн чад кој се издига над зградата на конзулатот.
Свет
Ирак: Соборен дрон кај меѓународниот аеродром во Багдад
Ирачките власти соопштија дека дрон бил соборен во близина на меѓународниот аеродром во Багдад, без жртви или материјална штета, јави Анадолу.
Во соопштение пренесено од Ирачката новинска агенција (ИНА) се наведува дека леталото било пресретнато на надворешниот периметар на аеродромот.
Генерал-потполковник Саад Маан изјавил дека станува збор за мало беспилотно летело и потврдил дека нема човечки или материјални загуби.
Овој развој на настаните доаѓа откако претходно во Ербил, на северот на Ирак, се слушнале експлозии по напад со дрон насочен кон американскиот конзулат и градскиот аеродром, каде биле активирани системите за противвоздушна одбрана. Дроновите биле пресретнати, но нема потврда за нивниот точен број.
Свет
(Видео) Нови снимки од Бејрут: Хотел тешко оштетен во израелски напад
Нови снимки од либанската престолнина Бејрут покажуваат сериозни оштетувања на хотел во населбата Хазмие, источно од центарот на градот, додека израелските напади продолжуваат.
На снимките се гледа тешко оштетена фасада на хотелската зграда по нападот.
Hazmieh now pic.twitter.com/Q1lN9MoKlC
— Pheebs (@galpalpheebs) March 4, 2026
Фото: ЕПА

