Контакт

Свет

Кинезинка се жалела на гласна џамија и добила 18 месеци затвор

Објавено пред

Жена по потекло од Кина е осудена на 18 месеци затвор поради верско сквернавење, со образложение дека го навредила исламот поради тоа што се пожалила дека џамијата во нејзиното соседство била премногу гласна.

Жената на 44-годишна возраст, инаку следбеничка на будизмот, се пожалила на гласното молитвено повикување кое се повторувало пет пати на ден во џамија во северниот дел на Суматра.

Во Индонезија поголем дел од жителите се муслимани, има и значителен број будисти, но и христијани и други верски малцинства.

„Таа рече нешто што е навредливо за религијата, во овој случај за исламот“, изјавил портпаролот на окружниот суд, додавајќи дека обвинетата изразила жалење за својата постапка и се извинила.

Во последните години во Индонезија се шират конзервативните толкувања на исламот, поради што многумина стравуваат дека може да биде загрозен долгогодишниот статус на Индонезија како секуларна и толерантна држава. Во контекст на ова, политичките активисти тврдат дека строгите закони за верско сквернавење во Индонезија се користат за загрозување на малцинствата и кршење на слободата на изразување.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Ле Дријан: Ситуацијата со Украина е напната, дијалогот со Русија останува можен

Објавено пред

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дријан денеска изјави дека ситуацијата во врска со Украина е многу напната, но дека дијалогот со Русија се уште е можен.

„Останува на Владимир Путин да каже дали сака консултации или конфронтација“, изјави Ле Дријан за радио РТЛ, пренесува Ројтерс.

Францускиот претседател Емануел Макрон претходно изјави дека ќе бара појаснување за намерите на Русија кон Украина, за време на телефонскиот разговор со претседателот Путин, што треба да се одржи денеска.

Прикажи повеќе...

Свет

Британска агенција: Бустер штити 95% од смрт од омикрон кај луѓе над 50 години

Објавено пред

Зголемените дози на вакцината против коронавирус ја зголемуваат заштитата од смрт од омикронскиот сој на 95 отсто кај луѓето на возраст над 50 години, објави Агенцијата за здравствена безбедност на Обединетото Кралство.

УКХСА извести дека околу шест месеци по втората доза на која било вакцина против коронавирус, заштитата од смрт по инфекција со сојот омикрон била околу 60 проценти кај луѓе над 50 години.

Сепак, ова се зголеми на околу 95 проценти две недели по примањето на засилената доза на вакцината.

УКХСА додаде дека податоците сè уште покажуваат високо ниво на заштита од хоспитализација по зголемената доза на вакцината.

Ефикасноста против хоспитализацијата беше околу 90 проценти за Фајзер и падна на 75 проценти 10 до 14 недели по засилувањето.

За Модерна, ефективноста против хоспитализацијата беше 90-95 проценти до 9 недели по засилената доза на вакцината.

„Доказите се јасни – вакцината помага да се заштитиме сите од ефектите на ковид-19, а нуди и високо ниво на заштита од хоспитализација и смрт на најранливите членови на нашето општество“, рече д-р Мери Ремзи, менаџер на програмата за вакцинација.

Прикажи повеќе...

Свет

Ракетиран аеродромот во Багдад – најмалку шест проектили паднале во близина на пистата

Објавено пред

Меѓународниот аеродром во Багдад бил нападнат од воздух, соопшти денеска извор од ирачките безбедносни агенции.

Изворот за агенцијата РИА Новости изјавил дека најмалку шест проектили биле соборени и паднале во близина на пистата. Гранатите го пресретнале системот за ПВО.

Оштетен е авионот кој бил на паркингот.

Се истражуваат околностите на инцидентот.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 час

Тропска бура однесе 77 животи во Jужна Африка

Бројот на загинати во тропската бура Ана, која погоди три јужноафрикански земји – Мадагаскар, Мозамбик и Малави, се искачи на...

Свет2 часа

Бајден: Одлучно ќе одговориме ако Русија ја нападне Украина

Американскиот претседател Џозеф Бајден во телефонски разговор со украинскиот лидер Володимир Зеленски ја потврдил подготвеноста на Вашингтон да одговори одлучно...

Македонија15 часа

Регистрирани нови 1.861 случај на Ковид-19 и 27 починати

Министерството за здравство информира, во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа направени се...

Свет18 часа

НАТО со нови барања до Москва

Откако американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека САД ѝ испратиле на Москва одговори на безбедносните барања на Русија, истото...

Македонија19 часа

СОНК: Второто полугодие да почне онлајн, училиштата можат да бидат опасен кластер

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура бара Владата да ја повлече одлуката за почеток на второто полугодие со физичко...

Топ22 часа

Осомничениот за сообраќајката кај Лисиче возел под дејство на алкохол и поминал на црвено

Јавното обвинителство од Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 21-годишниот скопјанец за кого постои сомнение за тешки дела...

Европа22 часа

Лавров: САД не одговараат на најважното прашање – ширењето на НАТО кон исток

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, денеска изјави дека содржината на американскиот одговор на рускиот предлог за безбедносни гаранции...

Македонија24 часа

Писмо со закани по живот од терористичка организација добил јавниот обвинител Јовески

Државниот јавен обвинител извести дека во текот на вчерашниот ден, преку препорачана пратка експедирана од Пошта Битола на 17.1.2022 година...

Европа1 ден

Данска ги укинува сите ограничувања, короната е исклучена од категоријата на критични болести

Данските власти донесоа одлука за исклучување на Ковид-19 од категоријата на критични болести, а од 1 февруари ќе бидат укинати...

Европа1 ден

Војник застрелал петмина стражари во фабрика за оружје во Украина

Војник на украинската национална гарда од засега непознати причини пукал во припадници на обезбедувањето во воена фабрика во Днепар, при...

Македонија2 дена

Наставата продолжува со физичко присуство на 1 февруари

Владата донесе одлука наставата во основното и средното образование на учениците да продолжи со физичко присуство на 1 февруари. Оваа...

Македонија2 дена

Се намалува периодот на карантин на седум дена

Владата на денешната седница донесе одлука за намалување на периодот на изолација за лицата кај кои лабораториски е утврдено присуство...

Македонија2 дена

Нови 2.019 случаи на коронавирус, починаа 19 лица

Во последните 24 часа направени се 6.119 теста, а регистрирани се 2.019 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 968, Битола...

Македонија2 дена

ЦУК апелира до граѓаните да не се движат под опасната карпа на Матка, се преземаат активности за превенција

Центарот за управување со кризи апелира до граѓаните да не се движат на местото под опасната карпа на Матка, поточно...

Топ2 дена

(Видео) Разбиена криминална група, запленетa марихуана вредна 50.000 евра

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал денеска донело наредба за истрага против три лица за кои постои сомнение дека...

Македонија2 дена

Преку снимки од надзорните камери околу мостот Гоце Делчев ќе се расветлуваат причините за несреќата

Обвинител од скопското основно јавно обвинителство извршил увид и презема дејствија за утврдување на фактите за настаната тешка сообраќајна несреќа...

Топ2 дена

Пешак прегазен пред мостот Гоце Делчев

Тешка сообраќајна несреќа се случила денеска, нешто по 11 часот, во центарот на Скопје. Пешак бил прегазен во близина на...

Македонија2 дена

Мицевски: Бараме укинување на Пржинската влада

Дополнување на дневниот ред, со точка за предлог-закон за изменување на Законот за Владата на Република Македонија по скратена постапка,...

Топ2 дена

Фатална сообраќајка во Лисиче – загина возач, а тешко повредена е неговата 15-годишна ќерка

Дежурен обвинител од скопското Основно јавно обвинителство извршил увид на местото на тешка сообраќајна несреќа што се случила синоќа околу...

Македонија2 дена

Лекарската комора бара промени на казнената регулатива на Фондот

Лекарската комора остро реагира на наплатата на изречените казни за матичните лекари од страна на Фондот за здравствено осигурување. Оттаму...

Досие