Контакт

Свет

Кинезот, кој 17 дена беше пријавуван за исчезнат по земјотресот, е пронајден жив

Објавено пред

Мажот, кој 17 дена беше пријавуван за исчезнат по земјотресот во кинеската југозападна провинција Сечуан, е пронајден жив, објавија локалните медиуми, пренесува АП.

dobivaj vesti na viber

Работникот на хидроцентралата Ган Ју беше пријавен за исчезнат по земјотресот со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала, што го погоди Сечуан на 5 септември.

Тој по 17 дена бил пронајден жив и повреден од локален жител, јави кинеското радио.

Според АП, во земјотресот загинале 93 лица, а стотици се повредени.

Ган Ју и неговиот колега Луо Јонг останаа во хидроелектраната Вандонг на 5 септември за да им укажат прва помош на повредените колеги и да помогнат во спречување поплави со испуштање вода од браната.

Ган и Луо се обиделе да заминат и пешачеле 20-ина километри во планините околу хидроцентралата.

Меѓутоа, Ган е кратковид и ги изгубил очилата, што му отежнува да се движи по нерамниот терен.

Спасувачите бараа преживеани, а Ган и Луо неуспешно се обидоа да испратат сигнал за помош.

Луо подоцна отишол да побара помош и бил спасен на 8 септември кога со пожарот го привлекол вниманието на спасувачите.

Меѓутоа, Ган дотогаш веќе ја напуштил претходната локација.

Неделава, во потрагата се вклучи и земјоделец, кој живее во близина на хидроцентралата и го знае теренот и по неколку часа, го слушнал Ган и го нашол под дрвјата.

Според кинескиот весник „Чајна дејли“, Ган рекол дека го преживеал 17-дневното искушение пиејќи вода и јадејќи диво овошје.

Тој бил пренесен во блиската болница, каде што лекарите откриле дека има неколку скршеници, јавува АП.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Србија со жесток одговор за Брисел – Вучиќ ќе го соопшти во следните 72 часа

Објавено пред

Српскиот претседател Александар Вучиќ подготви дециден и жесток одговор до Брисел, а одговорот на јавноста ќе ѝ биде соопштен најдоцна во рок од 72 часа, пренесува „Новости“.

dobivaj vesti na viber

Според извори на „Новости“, шефот на државата бил шокиран и лут по изјавата на портпаролот на Европската унија, Питер Стан, кој денеска рече дека Србија е „под надзор на ЕУ“, поради потпишувањето на планот за консултации меѓу министерствата за надворешни работи на Србија и на Русија, што неодамна беше потпишан во Њујорк.

Стано денеска даде изјава во врска со потпишувањето на договорот меѓу Србија и Русија.

„ Живееме во време кога Русија започна нелегална и нелегитимна инвазија на суверена земја, на соседна Украина… Доколку, под овие околности, видиме дека Министерството за надворешни работи на Србија прифати консултации, редовни консултации, со Министерството За надворешни работи на земја која врши криминална агресија, тоа е многу јасен знак за нивната намера да ги зајакнат своите врски, дополнително да ги зајакнат односите меѓу Србија и Русија. И тоа е причина за сериозни прашања“, рече Стано.

„ Европската унија им беше јасна на своите партнери, а особено на земјите кои се во процес на пристапување, како што е Србија, која е кандидат. Односите со Русија во сегашните околности не можат да бидат нормални и деловни. Невозможно е да се соработува со овој режим, кој прави толку многу криминални дела и злосторства, а ние го сфаќаме многу сериозно и го следиме“, нагласи портпаролот на ЕУ.

Прикажи повеќе...

Свет

Колумбија и Венецуела, по седум години, ги отворија границите

Објавено пред

Колумбија и Венецуела ја отворија границата по долгогодишната тензија и неодамнешното обновување на дипломатските односи.

dobivaj vesti na viber

„Ова е историски ден за земјата, регионот и за Америка воопшто“, рече колумбискиот претседател, Густаво Петро.

Првиот товарен камион го премина мостот Симон Боливар од Колумбија до соседната земја првпат по седум години. Ќе продолжат и комерцијалните летови.

Земјите неодамна ги обновија дипломатските односи, а постепеното зближување на двете јужноамерикански народи се случи по изборот на Густаво Петра на 19 јуни за прв левичарски претседател во поновата историја на Колумбија. Границата првпат беше затворена во 2015 година поради зголемениот шверц на евтина стока од Венецуела во Колумбија и извештаите за борби меѓу венецуелските војници и колумбиските шверцери.

Тензиите меѓу земјите повторно се разгореа во 2019 година кога колумбиската влада со помош на САД се обиде да испрати камиони со помош на венецуелската опозиција предводена од Хуан Гуаидо.

Прикажи повеќе...

Свет

Британија воведе нови санкции против Русија, на удар 92 поединци и организации

Објавено пред

Велика Британија воведе санкции против 92 лица и организации поради одржувањето на референдумот во непризнаените сепаратистички републики Донецк и Луганск, како и делови од регионите Херсон и Запорожје, кои се под контрола на руските сили, соопшти денеска британското Министерство за надворешни работи.

dobivaj vesti na viber

Агенцијата „ИМА-консалтинг“ и „Гознак“ се најдоа на листата со санкции, пренесува „Интерфакс“. Беа воведени санкции против одговорните за организирање на референдумот и против голем број олигарси и врвни менаџери на големи руски државни компании. На списокот има 23 високи вработени во Гаспромбанка, 16 вработени во Сбербанк и десет претставници на Совкомбанка.

Во санкциите се вклучени и членовите на одборот на директори на Гаспромбанк, поранешниот шеф на ВЕБ, Владимир Дмитриев, и генералниот директор на друштвото за управување „Лидер“м Анатолиј Гавриленко.

За одржување на референдумот беа санкционирани уште 33 лица, меѓу кои шефот на владата на Херсонската област, Сергеј Елисеев, министерот за образование на непризнаената ЛНР, Иван Кусов, шефот на воено-цивилната администрација (МАЦ) на регионот Запорожје, Евгениј Балицки, вицепремиерот на непризнаената ДНР, Евгениј Солнцев.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион3 минути

Србија со жесток одговор за Брисел – Вучиќ ќе го соопшти во следните 72 часа

Српскиот претседател Александар Вучиќ подготви дециден и жесток одговор до Брисел, а одговорот на јавноста ќе ѝ биде соопштен најдоцна...

Спорт2 часа

Милевски го објави составот: Трајковски и Тодороски меѓу стартерите на Македонија

Селекторот Благоја Милевски направи две замени, во стартниот тим се Александар Трајковски и Тодор Тодороски. Тоа значи и поофанзивен тим....

Свет2 часа

Путин му додели руско државјанство на Сноуден

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ и му додели руско државјанство на поранешниот советник на американската Национална разузнавачка агенција, Едвард...

Свет3 часа

Убиецот од Русија боледувал од шизофренија: лекарите се борат за животот на девет деца

Артем Казанчев (34), кој денеска уби 15 луѓе во училиштето „88“ во Ижевск, Русија, а рани уште најмалку 20 други,...

Економија6 часа

БЕГ тврди дека нема обврска да ги грее скопјани, Владата смирува дека парно ќе има

„Балкан енерџи груп“ (БЕГ) објави дека нема правен основ да располага со топланите, ниту обврска да продолжи со вршење на...

Македонија8 часа

Османи: Македонија нема да ги признае референдумите за присоединување на украински територии со Русија

Министерот за надворешни работи Бујар Османи истакна дека Македонија нема да ги признае референдумите за отцепување на украинските територии и...

Македонија9 часа

Судска медицина: Доколку Тот немал повреда на ‘рбетниот мозок, би имал многу поголеми шанси да преживее

Доколку ракометарот Денис Тот немал повреда на ‘рбетниот мозок, ќе преживеел. Ова го покажува вештачењето на Александар Станков, директор и...

Спорт9 часа

Македонија против Бугарија: Сега е наш ред, европски да ги пречекаме Бугарите

Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва ќе го одигра последниот натпревар, во овој циклус во Лигата на нации. Македонија во Скопје...

Европа10 часа

Го фалеше Мусолини, а го критикуваше Тито – која е идната премиерка на Италија?

Италија ја добива најдесничарската влада од Бенито Мусолини. Според привремените резултати, десничарскиот блок предводен од „Браќата на Италија“, партијата предводена...

Македонија10 часа

(Видео) Митева: Наместо нови учебници, МОН платило 530.000 евра за привремени материјали за учење

Во Министерството за образование и наука сè е сведено на импровизации што скапо се плаќаат. Јавноста добро е запознаена дека...

Свет11 час

(Видео) Пукање во гимназија во рускиот град Ижевск, најмалку шест лица загинаа меѓу кои и деца

Најмалку шест лица, меѓу кои и деца, загинаа во престрелката што се случи утринава во училиштето 88 во Ижевск, Русија....

Свет12 часа

Кадиров до Русите кои не сакаат да војуваат: Немаат право да се нарекуваат мажи

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров се осврна на Русите кои бегаат од војната и жестоко ги прозва. – Дали имаат право...

Свет12 часа

(Видео) Зеленски: Ако ги одземете животите на нашите деца, нема да останете живи

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, синоќа ѝ се обрати на јавноста, велејќи дека Киев постигнал позитивни резултати на повеќе фронтови....

Свет13 часа

Блинкен: Бевме во контакт со Русија поради заканите со нуклеарно оружје

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека Вашингтон е во директен контакт со Москва во врска со заканите за употреба...

Свет13 часа

(Видео) Шефот на воениот оддел во Русија застрелан во глава од младо момче кое било мобилизирано

Шефот на воениот оддел во Уст-Илимск, Русија, е тешко повреден кога бил застрелан од млад човек кој требало да биде...

Македонија1 ден

Арсовска со реакција до премиерот: Поради континуирано задоцнетите мерки, сите плаќаме поскапа електрична енергија и парно

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска вечерва со реакција по изјавите на премиерот Димитар Ковачевски. Тој порача „ВМРО-ДПМНЕ да се...

Европа1 ден

Трас: Украинците го надмудрија Путин

Британската премиерка Лиз Трас ја коментираше најавата за руска мобилизација и инвазијата на Украина во своето прво интервју за американската...

Европа1 ден

Рускиот патријарх Кирил со повик до Русите: Одете во војна, ако умрете, ќе бидете со Бога

Поглаварот на Руската православна црква, патријархот Кирил ги повика руските граѓани да не се плашат од смртта поради одлуката на...

Регион1 ден

Трка на пијани возачи кобна за семејството Крстиќ кај Мостар

Тешката сообраќајна несреќа што се случи синоќа во близина на Мостар, во која четири лица загинаа, а четворица се тешко...

Европа1 ден

Има рак на кожа, не гледа и не слуша добро, а го мобилизирале во руската војска

Виктор Дјачок – 59 годишен началник на хируршкото одделение на болницата во Азбест, град во руската област Свердловск во источното...