Европа
Книга за рускиот шпион: Сергеј Скрипал првично не веруваше дека Русија се обидела да го убие
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2018/04/skripal.jpg)
Поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал, кој беше отруен со новичок, првично не сакал да верува дека руската Влада се обидела да го убие и продавајќи тајни за МИ-6, тој бил нескротлив руски националист, пишува во новата книга новинарот на Би-би-си, Марк Урбан. Како што се наведува во книгата, поранешниот шпион постепено почнал да сфаќа дека бил цел во Кремљ.
Скрипал се борел со тоа да ја прифати неговата ситуација по нападот врз него и неговата ќерка. Двајцата беа цел на напад во март и за малку ќе ги загубеа животите. Кога Скрипал се разбудил пет недели подоцна од кома, се наведува во кинигата, се соочил со некои „тешки психолошки прилагодувања” – не само на фактот дека во почетокот не сакал да признае дека бил цел на убиствениот заговор во Кремљ.
Урбаната книга „Документите на Скрипал“ е објавена оваа недела. Во неа Урбан се сеќава на серија состаноци со Скрипал во летото 2017 година, кога рускиот шпион живеел тивко и очигледно безбедно во куќа купена од МИ-6 во Солсбери.
Според Урбан, Скрипал рекол дека не сака да биде директно цитиран, објаснувајќи: „Гледаш, ние се плашиме од Путин”.
„Тој не веруваше дека лично е во опасност, но сакаше да избегне изјави во јавноста“, наведува авторот на книгата.
Книгата не одговара на клучното прашање за тоа зошто поранешната организација на Скрипал, ГРУ, се обиде да го убие непосредно пред претседателските избори во Русија, пренесува „Гардијан“. Неговите двајца потенцијални атентатори, полковник Анатолиј Чепига и Александар Петров, се службеници за разузнавање, смета владата.
Урбан ги поткрепува извештаите дека Скрипал ги информирал западните разузнавачки агенции по неговото преместување во Велика Британија во 2010 година, по размена на шпион. Тој патувал во САД во 2011 година, Чешката Република во 2012 година и Естонија. Минатото лето тој поминал една недела во Швајцарија за што ја информирал својата разузнавачка служба, пишува Урбан.
Сепак, овие посети не објаснуваат зошто Москва се обиде да го убие со новичок, нервен агенс од советската ера.
Сегашната локација на Скрипал е непозната. Јулија Скрипал посочи дека има намера да се врати во Русија, но досега се чини дека не го сторила тоа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Европа
Украинска политичарка застрелана во глава: „Ситуацијата е сериозна“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-19-215957.jpg)
Непознат сторител пукал во Ирина Фарион, поранешна украинска пратеничка од крајната десница, соопштија украинските власти. Фарион (60) е хоспитализирана со прострелна рана во главата, соопшти украинската национална полиција. Нејзината состојба е „исклучително сериозна“, додаваат тие.
Полицајците се обидуваат да го идентификуваат напаѓачот, пишува Киев Индепендент. Претседателот Володимир Зеленски беше информиран за ситуацијата од страна на министерот за внатрешни работи и шефот на Службата за безбедност на Украина (СБУ).
„Секое насилство е за осуда и кој и да е одговорен мора да ги сноси последиците“, рече Зеленски.
Ирина Фарион, која е позната по нејзините контроверзни изјави за употребата на рускиот јазик во Украина, се приклучи на ултранационалистичката партија Свобода во 2005 година и беше пратеник во парламентот меѓу 2012 и 2014 година.
Во јуни 2024 година, таа беше вратена како професорка на Катедрата за украински јазик на Политехничкиот универзитет во Лавов, набргу откако беше отпуштена. Фарион предизвика бес кога на 6 ноември рече дека не може да ги нарекува украинските војници украински ако зборуваат руски.
Скандалот околу нејзините изјави ескалира откако таа наводно добила порака за поддршка од Максим Хлебов, проукраински студент кој живее на окупираниот Крим. Таа го објави мејлот на своите социјални мрежи, по што наиде на остри критики.
Службата за безбедност на Украина (СБУ) во ноември 2023 година соопшти дека Фарион е под кривична истрага и за нејзините изјави за војниците кои зборуваат руски и за протекувањето на пораката на Хлебов.
Европа
Русите нудат парична награда за првиот уништен Ф-16
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/ruski-vojnik.jpg)
Руски фирми нудат парични награди за уништување на F-16 Fighting Falcons, охрабрувајќи ја својата војска да ги уништи западните авиони кои наскоро ќе се појават над небото на Украина.
Ова првпат беше објавено на каналот Телеграм на руското Министерство за одбрана на почетокот на оваа недела.
„Ќе има награда за уништување на борбените авиони Ф-15 и Ф-16. Наградата за првиот ќе биде 15 милиони рубли“, се вели во објавата, цитирајќи го директорот на руската нафтена компанија ФОРЕС Илја Потанин.
Инаку, 15 милиони рубљи се еднакви на околу 170.000 долари или околу 155.500 евра.
Министерството за одбрана соопшти дека се понудени и парични награди од 500.000 рубљи за уништување на тенковите на НАТО во Авдиивка, пренесува „Њузвик“.
На приложеното видео во објавата на Телеграм, може да се видат руски војници како добиваат награди и се ракуваат со нивните претпоставени офицери.
Европа
Зеленски ја моли новата британска влада: „Дозволете ни да ја нападнеме Русија со моќни ракети“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-19-194232.jpg)
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска им се обрати на министрите на новата британска влада, на покана на премиерот Кир Стармер, и го повтори апелот до западните сојузници да дозволат напади врз Русија со ракети со долг дострел.
Зеленски е првиот странски лидер кој лично се обратил пред британскиот кабинет откако поранешниот американски претседател Бил Клинтон го стори тоа во 1997 година.
Украинскиот претседател рече и дека Британија треба да ги убеди своите партнери, кои зазедоа различни позиции за тоа како Украина може да го користи оружјето што им е доставено, да ги укинат ограничувањата за употреба на оружје и муниција.
„Во моментов го немаме главниот одговор на тоа прашање, што се однесува на нашите долгорочни можности. Ве молиме, убедете ги другите партнери да ги укинат овие ограничувања“, рече Зеленски.
Стармер му рекол на Зеленски дека Британија ќе ја забрза испораката на клучната помош за Украина, откако неговиот министер за одбрана на почетокот на овој месец потврди дека помошта ветена од претходната конзервативна влада ќе биде доставена за 100 дена.