Свет
Коалите пред изумирање, останале само околу 80.000
																								
												
												
											На коалите им се заканува изумирање до 2050 година во австралиската држава Нов Јужен Велс, доколку итно не се преземе некоја акција, пренесува Би-би-си.
Коалите се загрозени последниве години поради загуба на живеалиштата, заболувања и климатски промени. За време на неодамнешните пожари загинаа околу 5.000 коали. И, тоа ги поттикна пратениците да обезбедат да не исчезне преостанатата популација. Затоа, формирана е посебна комисија и спроведено е истражување според кое имало 36.000 коали пред сезоната на пожари.
Минатата година пожарите кои уништија повеќе од пет милиони хектари уништија 24 проценти од живеалиштата на коалите.
Комисијата утврди дека климатските промени претставуваат постојана закана за овие животни поради уништувањето на живеалиштата од пожари и суши, како и поради загрозувањето на квалитетот на евкалиптусот со кој се хранат коалите.
„Постојните стратегии што треба да ги штитат коалите не функционираат“, рече претседателката на комисијата, Кејт Фаерман, и додаде дека постојните закони не биле доволни. Затоа, комисијата даде 42 препораки, вклучително и формирање нови национални паркови.
„Коалите се национално богатство за кое ќе сториме сè што можеме за да ги заштитиме за идните генерации“, рече министерот за животна средина, Мет Кин.
Минатата година Австралискaта фондација за коали процени дека во Австралија немало повеќе од 80.000 коали. Загубата на живеалиштата, болести како што се кламидија и влијанието на климатските промени најмногу придонесуваат за нивното истребување.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
																	
																															Свет
Лавина однесе седум животи на Хималаите: „Можеа да бидат спасени ако помошта стигнеше побрзо“
														Најмалку седум планинари, петмина од нив странци и двајца Непалци, загинаа во лавина што ги затрупа на хималајски врв во североисточен Непал. Трагедијата се случи вчера во 9 часот по локално време во близина на планинскиот камп на планината Јалунг Ри во округот Долаха, потврди експедициската агенција „Седум самит трекс“, пишува Би-Би-Си.
Спасувачките екипи пронајдоа две тела, додека потрагата по преостанатите петмина, за кои се верува дека се закопани длабоко под снегот, продолжува. Потрагата по остатокот од групата, во која има и други странски државјани и локални водичи, продолжува. Петмина планинари успеаја да се вратат во базата со полесни повреди.
„Спасувачките напори се попречени од лошите временски услови и логистичките проблеми, што го отежнува користењето хеликоптери или стигнувањето до местото пеш“, изјави локалниот полициски службеник Гјан Кумар Махато. Тој додаде дека спасувачкиот хеликоптер успеал да слета само во областа На Гаун, на пет часа пешачење од базниот камп.
Еден од повредените алпинисти изјави за The Kathmandu Post дека постојано повикувале помош, но не успеале. „Доколку спасувачите стигнеа на време, можеа да се спасат повеќе животи“, изјави тој за еден непалски весник.
Меѓу загинатите се двајца Италијанци, еден Канаѓанец, еден Германец, еден Французин и двајца непалски водичи. Сите биле дел од група која тргнала повеќе од еден час пред да удри лавината. Според извештаите, групата се подготвувала да се искачи на блискиот врв Долма Канг (6.332 м) и се искачувала на Јалунг Ри (5.630 м) како дел од нивната аклиматизација.
Трагедијата се случува во време кога продолжуваат спасувачките напори за двајца италијански алпинисти, Стефано Фаронато и Алесандро Капуто, кои исчезнаа додека се обидуваа да се искачат на планината Панбари во западен Непал. Трет член од нивната група, 65-годишниот Велтер Перлино, оттогаш е спасен.
Есента е популарна сезона за планинарите во Непал поради подоброто време и видливост, но ризикот од лавини и ненадејни промени на времето останува висок. Минатата недела, циклонот Монта донесе обилни дождови и снежни врнежи низ Непал, заробувајќи голем број алпинисти на Хималаите.
Две Британки и една Иркиња беа исто така спасени откако беа заробени со денови во регионот Мустанг, додека стотици алпинисти беа заглавени во близина на Монт Еверест во октомври.
Свет
(Видео) Планирале масакр за Ноќта на вештерките во Детроит: купиле оружје и куршуми, вежбале пукање
														Двајца мажи се обвинети за заговор за извршување терористички напад за Ноќта на вештерките во американската држава Мичиген.
Обвинетите, Мохмед Али и Маџед Махмуд, пребарувале потенцијални локации во предградието на Детроит и изразиле поддршка за групата Исламска држава преку интернет, велат федералните обвинители. Трет осомничен, опишан како малолетник во судските документи, не е именуван.
Обвинетите купиле полуавтоматски пушки, повеќе од 1.600 куршуми муниција и вежбале пукање на стрелиште. Американската обвинителка Пам Бонди изјави дека станува збор за „голем терористички заговор поврзан со ИСИЛ“.
„Тие имале повеќе пушки AR-15, тактичка опрема и детален план за извршување напади на американска почва“, додаде таа.
🚨NEW DETAILS: Two foreign born now naturalized men, Mohmed Ali and Majed Mahmoud are charged in a terrorist attack plot in Muslim packed Michigan on Halloween.
Islamists are the most dangerous threat to America. Revoke visas. Denaturalize. Deport. pic.twitter.com/gAe3Z4hBj3
— Dapper Detective (@Dapper_Det) November 4, 2025
Во обвинението од 73 страници поднесено од Министерството за правда се тврди дека обвинетите го пребарувале предградието Ферндејл во септември, каде што се наоѓаат голем број барови и ресторани. „Многу од клубовите и баровите во областа привлекуваат членови на ЛГБТК+ заедницата“, се наведува во судските документи.
Според судските документи, федералните агенти претресле адреси поврзани со Али и Махмуд и пронашле оружје, муниција, GoPro камери и панцири.
Пет лица се спомнати во судските документи, но федералните обвинители ги именувале само Али и Махмуд. Американските власти велат дека започнале истрага за групата минатата година.
Во документите, исто така, се наведува дека се добиени судски налози што им дозволуваат на истражителите да ги следат телефоните, шифрираните разговори и сметките на социјалните мрежи поврзани со лицата. Информатор на ФБИ се придружил на групните повици во кои биле вклучени обвинетите.
Во обвинението се наведува дека обвинетите ја споменале „тиквата“ во последните денови кога разговарале за датумот на потенцијален напад. „Тие ја споменаа Ноќта на вештерките како потенцијален ден за нападот што го планирале, напад за кој знаеле дека може да резултира со нивна смрт и мачеништво“, рекоа федералните обвинители.
Во обвинението се наведува дека Али, Махмуд и неидентификуван малолетник го планирале злосторството на WhatsApp. Пораките објавени од владата покажуваат дека тројцата зборуваат за „датумот“ и „оваа работа“. Тие рекле „ќе го направиме тоа“ и „навистина мора да издлабиме тиква“.
фото: принтскрин
Регион
21-годишен маж украл 32 парфеми во вредност од 3.000 евра во центарот на Загреб
														Полицијата во Загреб ја заврши кривичната истрага против 21-годишен маж осомничен за серија кражби од продавници за парфеми во центарот на градот.
Младиот човек украл вкупно 32 парфеми во пет наврати, предизвикувајќи штета од речиси 3.000 евра на две продавници, известува Полициската управа во Загреб.
Според полициските сомневања, 21-годишникот ги извршил кражбите помеѓу 1 јули и средината на октомври 2025 година.
Во два наврати, тој влегол во иста парфимерија каде што, искористувајќи ја зафатеноста на персоналот, украл вкупно 18 парфеми. Слично сценарио повторил и во друга парфимеријата, каде што во три наврати украл уште 14 парфеми.
Вкупната материјална штета предизвикана од овие кривични дела е проценета на околу 2.990 евра. Откако полицијата ја завршила истрагата, 21-годишниот осомничен бил предаден на надзорникот на притворот. Против него е поднесен и посебен извештај до надлежното државно обвинителство.
фото: принтскрин

