Свет
Кои се жртвите од нападот во Стразбур? Турист, новинар, улични музичари
Исламистичкиот терорист Шериф Чекат во нападот во Стразбур усмрти тројца луѓе од кои третиот им подлегна на повредите во болница. Уште 12 луѓе се повредени, од нив шестмина се критично, велат француските власти.
Единствениот кој е идентификуван од жртвите е Тајланѓанецот Анупонг Суебсамарн (45), кој во Стразбур бил со сопругата во туристичка посета. Тајландската амбасада во Париз ја потврди неговата смрт.
Како што пишува „Франс 24“, тајландскиот турист е убиен додека излегувал од ресторан во центарот на градот. Неговиот вујко изјавил за медиумите дека Суебсамарн и сопругата првично сакале да одат во Париз, ама во последен момент се предомислиле поради протестите, па отишле во Стразбур.
Втората жртва, која имала мозочен удар, е 40-годишен жител на Стразбур со потекло од Авганистан.
Меѓу повредените е и млад радиски новинар од Италија, Антонио Мегализи, кој го погодил куршум во главата и се наоѓа во критична состојба. Тој, како што јави „Ла Република“, дошол во Стразбур за да известува за седницата на Европскиот парламент.
Во нападот повредени се тројца улични музичари кои свиреле пред кафуле. Еден од нив бил погоден во врат и се наоѓа во кома. Другиот е исто така во сериозна состојба со повреда на главата, додека третиот е полесно повреден.
Двајца Французи од покраината Восгес, исто така се повредени во нападот. Едниот е погоден во дел од вратот и се наоѓа на интензивна нега, а другата е 18-годишна девојка која е оперирана и е надвор од животна опасност.
Тешко повреден е уште еден Французин, јави „Ле Парисиен“, додека сопственичка на локална продавница објавила на „Фејсбук“ дека нејзината 18-годишна ќерка е ранета во раката.
Полскaтa амбасада во Париз објави на „Твитер“ дека и еден полски државјанин е меѓу повредените.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

