Свет
Колку е моќна индиската, а колку пакистанската армија

Размената на воздушни и артилериски напади меѓу Индија и Пакистан ескалира во најжестокиот воен конфликт меѓу двете нуклеарно вооружени држави во последните децении, при што загинаа голем број цивили од двете страни. Нападите уследија по минатомесечниот масакр во индискиот дел на Кашмир, каде беа убиени 25 туристи и еден локален жител. Индија ги обвини милитантите на пакистанската страна на границата, тврдење кое силно го негираше Исламабад.
И Индија и Пакистан полагаат право на Кашмир и секој контролира дел од спорната територија. Иако двете земји се судрија неколку пати во текот на последните 25 години, откако станаа нуклеарни сили, тие досега успеаја да избегнат избувнување на голема војна.
Таквата воздржаност во голема мера е резултат на американскиот дипломатски притисок, како и на неподготвеноста на Кина, како клучен сојузник на Пакистан, да дозволи ескалација на конфликтот. Но, аналитичарите предупредуваат дека не е сигурно дека сега ќе се одржуваат истите механизми за задржување. Според Правин Сони, поранешен офицер на индиската армија и одбранбен аналитичар, американскиот претседател Доналд Трамп „јасно ставил до знаење“ дека Индија и Пакистан „мора сами да ги решат своите разлики, а тој наводно ги сака двете земји“.
Индиските власти во средата објавија дека извршиле воздушни напади врз девет „терористички кампови“ во Кашмир под пакистанска управа, како и неколку цели подлабоко во пакистанска територија.
„Целите беа елиминирани со голема прецизност“, рече началникот на воздухопловните сили Вјомика Синг.
Се додава дека користено е софистицирано оружје со внимателен избор на цели за да се избегнат цивилни жртви.
Пакистански воени и дипломатски извори тврдат дека истиот ден собориле пет индиски борбени авиони – три француски Рафали и два руски ловци. Фајненшл тајмс не беше во можност самостојно да ја потврди точноста на тие тврдења.
Индија е супериорна во класичната војска, Пакистан се потпира на одбраната
Пакистан има околу 660.000 војници, што е помалку од половина од бројот на Индија. Според податоците на Меѓународниот институт за стратешки студии со седиште во Лондон, минатата година Пакистан потрошил десет пати помалку од Индија за одбрана.
Поради ограничените можности, воената доктрина на Пакистан главно се заснова на одбраната, а офанзивата влегува во игра само доколку стратегијата за одвраќање не успее, објаснува пензионираниот генерал и дипломат Раза Мухамед. Во 2024 година, Индија потроши 74,4 милијарди долари за одбрана, што ја прави втора воена сила во Азија, веднаш по Кина и шеста во светот.
„Вистинската надмоќ може да се види само во случај на војна од целосен обем. Ако тоа се случи, Индија ќе има јасна предност“, смета пензионираниот генерал-полковник Ракеш Шарма, денес член на Институтот за безбедност Вивекананда во Њу Делхи.
„Но, во ограничени конфликти, силите би можеле да бидат рамномерно усогласени“.
Нуклеарна рамнотежа и глобални актери
Во нуклеарна смисла, двете земји се речиси еднакви. И двете имаат меѓу 160 и 170 нуклеарни боеви глави, според Здружението за контрола на оружјето на САД.
Пакистан работи со кинески компании за да го зголеми дострелот на своите балистички ракети, додека Индија развива свои Агни ICBM, со дострел до 5.000 километри. Вооружените сили на двете земји се поврзани со директна линија за итна комуникација, а снабдувањето со оружје често служи како средство за меѓународен притисок.
За време на последниот голем конфликт во 1999 година во Каргил, САД го прекинаа снабдувањето со резервни делови за американско оружје, вклучувајќи ги и борбените авиони Ф-16 што ги користи Пакистан. Тогашниот претседател Бил Клинтон изврши силен притисок врз пакистанскиот премиер Наваз Шариф да ги повлече своите сили.
Според податоците на шведскиот институт SIPRI, во последните четири години, Кина учествувала со 81% од увозот на оружје во Пакистан. Исламабад се повеќе се потпира на кинеските системи, напуштајќи ги поскапите западни добавувачи. Поголемиот дел од пакистанската воздушна флота беше развиена со помош на Пекинг.
Луѓе
Според Global Firepower, Индија има вкупно 662.290.299 достапни мажи за воена служба, додека Пакистан има приближно 108.516.336 достапни мажи. Исто така, според Global Firepower, моментално има околу 1.400.000 активни војници во индиската армија, додека пакистанската армија има околу 650.000 активни војници.
Според Military Watch Magazine, Индија има 4.241.500 борбен воен персонал додека Пакистан има 964.000 борбен воен персонал.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Претседателот на Азербејџан, сепак, не доаѓа во Москва на Денот на победата

Претседателот на Азербејџан Илхам Алиев нема да присуствува на свеченостите во Москва по повод 80-годишнината од победата над нацистичка Германија, потврди помошникот на рускиот претседател Јуриј Ушаков.
„За жал, не информираа дека Алиев нема да дојде. Тие објаснија дека ќе учествува на домашни настани поврзани со неговиот татко, поранешниот претседател Хејдар Алиев“, најави Ушаков.
На утрешната воена парада во Москва ќе присуствуваат 27 странски лидери. Во Москва вчера пристигнаа кинескиот претседател Кси Џјинпинг, бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва, српскиот претседател Александар Вучиќ… На парадата треба да учествува и лидерот на босанските Срби Милорад Додик. И покрај предупредувањата од Брисел, во Москва треба да пристигне и словачкиот премиер Роберт Фицо.
Индискиот премиер Нарендра Моди првично требаше да дојде во Москва, но нема да присуствува поради последната ескалација на ситуацијата со Пакистан.
Бројот на странски лидери кои присуствуваат на прославите на Денот на победата значително се намали анексијата на украинскиот полуостров Крим во 2014 година. Во 2022 година, нешто повеќе од два месеци откако Русија ја почна својата инвазија на Украина, ниту еден странски лидер не дојде да прослави во Москва.
Свет
Пакистанскиот премиер му се заблагодари на Ердоган

Пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф објави дека разговарал со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кого го нарекол драг брат. Шариф му се заблагодари на Ердоган за неговата солидарност и поддршка на Пакистан во овој, како што вели, критичен момент.
Шариф, исто така, го информирал Ердоган за храбрите напори на пакистанската војска.
„Ќе ги заштитиме нашиот суверенитет и територијален интегритет по секоја цена. Пакистан е благодарен за напорите на Турција во промовирањето на деескалација и одржувањето на мирот во Јужна Азија“, рече тој.
Пакистан и Турција се блиски партнери. Во средата, турското Министерство за надворешни работи предупреди дека индиските ракетни напади врз Пакистан и пакистански Кашмир го зголемуваат ризикот од сеопфатна војна.
Европа
(Видео) Полски европратеник ги избриша чевлите од знамето на ЕУ, а потоа го запали

Крајнодесничарскиот европратеник и кандидат на претстојните претседателски избори во Полска, Грзегорз Браун, го запали знамето на Европската Унија во зградата на Министерството за индустрија во Катовице. Пред да го запали знамето, ги избриша чевлите од него.
Precz z eurokomuną! Tu jest Polska 🇵🇱 pic.twitter.com/e0PLoXlZJA
— Grzegorz Braun (@GrzegorzBraun_) May 6, 2025
Имунитетот на Браун му беше укинат во вторникот.
Tu jest Polska 🇵🇱 nie Bruksela! pic.twitter.com/MxGOoaufUe
— Grzegorz Braun (@GrzegorzBraun_) May 6, 2025
Полските власти ќе го гонат во врска со инцидентот од декември 2023 година, кога како член на полскиот парламент, тој ги изгасна свеќите за Ханука со противпожарен апарат како знак на протест против прославата на еврејскиот празник во Полска.