Контакт

Европа

Конте: Ќе поддржиме отворање кон Русија

Објавено пред

Горниот дом на италијанскиот парламент синоќа ѝ изгласа доверба на новата популистичка влада, а Долниот дом ќе гласа денеска, пренесуваат италијанските медиуми. Премиерот Џузепе Конте најави фискални реформи, посветеност на постојните сојузи, но и промена на ставот кон Русија.

Италија е блиску до формирање на првата популистичка влада во Западна Европа. Коалицијата на антисестемското Движење Пет ѕвезди и крајната десничарска Лига добија доверба во Сенатот. Од присутните 314 сенатори, новата влада доби 171 глас, 117 против и 25 воздржани. Во пресрет на гласањето премиерот Џузепе Конте во парламентот ја претстави програмата на новата влада.

„На меѓународниот политички и економски план потврдуваме посветеност кон атлантската алијанса со САД, како традиционалните привилегирани сојузници. Но, да знаете дека ќе поддржиме и отворање кон Русија и ќе промовираме ревизија на системот за санкции, кој може да му наштети на општеството на таа земја“, изјавил премиерот Конте.

Сепак, според најавите, најголеми промени во однос на претходната влада се очекува да има во врска со прашањето за мигрантите. Конте предупредил дека италијанската влада планира повторно да преговара за фискалната политика со ЕУ, но ги уверува партнерите дека за напуштање на еврото нема да се разговара.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Компании за преработка на храна во Данска добија писма со опасна содржина

Објавено пред

 

Данските полицајци испитуваат бројни писма кои содржат неидентификувана прашина и закани, а кои се испратени од Белгија до неколку прехранбени компании во Данска.

Уфе Стормли од данската национална полиција изјави дека писмата содржат „опасна супстанција”, објави АП.

Сепак, тој одби да открие детали, бидејќи истрагата е во тек.

Данските медиуми објавија дека во писмата е баран „откуп” од 30.000 евра, или во спротивно ќе бидат заразени производите на тие компании.

„Даниш Краун“, кој се смета себеси за најголема европска компанија за преработка на месо, потврди дека добил такви писма.

Во соопштението се наведува дека слични писма биле испратени на адреси на неколку компании за преработка на храна во Европа.

Компанијата „Даниш Краун“, сепак, изјави дека ниту вработените ниту потрошувачите не се во опасност.

Прикажи повеќе...

Европа

Го исмејувал Путин на интернет, па добил казна согласно новиот закон

Објавено пред

Руското судство ја донесе првата пресуда според новиот закон со кој се казнува навреда, односно еклатантно непочитување на власта и државните симболи.

Јуриј Картижев во две објави на руската социјална мрежа „VKontakte“ го нарекол рускиот претседател Владимир Путин „неверојатен ш***к“.

Како што јавува „Москва тајмс“, судот во градот Чудовo во регионот Новгород, околу 570 километри од Москва, во вторникот го прогласил Картижев за виновен за овој „злочин“ и го осудил со парична казна од 30 илјади рубли, или 470 долари.

„Содржината на објавите го навредува човечкото достоинство и општествениот морал и изразува јасно непочитување кон општеството, државните и владините органи на Руската Федерација“, стои во пресудата.

Картижев, спорните објави наводно ги напишал на 31 март, два дена откако стапил на сила контроверзниот закон.

Критичарите тврдат дека законот, според кој за првиот прекршок се предвидува парична казна, а за повторување до 15 дена затвор, ја задушува слободата на говор. Картижев самиот ја објави веста за неговата пресуда на својот „Јутјуб“ канал. Во видеото што го објави, може да чуе како судијата, кого тајно го снимил, ја чита пресудата.

Многу руски корисници на Твитер, реагираа веднаш по објавувањето на пресудата, изразувајќи иронична благодарност кон Путин.

Прикажи повеќе...

Европа

Австриски политичар поднесе оставка поради контроверзна песна

Објавено пред

Австрискиот политичар Кристијан Шлихер од Партијата на слободата поднесе оставка денес под притисок од јавноста кога неговата антимигрантска песна предизвика жестока реакција во Австрија и пошироко.

Ова беше потврдено од страна на заменик-канцеларот Хајнц-Кристијан Штрахе, партиски колега на Шлихер, кој рече дека тој ќе ја напушти партијата ФПО.

Шлихер поднесе оставка како заменик-градоначалник на Браунау на Ина, инаку родното место на Адолф Хитлер.

Во песната Шлихер ги споредува мигрантите со стаорци и предупредува на опасноста од мешање на културите, објавија австриските медиуми.

Остро реагира и канцеларот Себастијан Курц, кој е во коалиција со Партијата на слободата од 2017 година и побара нејзиниот разгранок во Горна Австрија да се дистанцира од песната.

„Изборот на зборови е одвратен, нечовечен и длабоко расистички“, рече тој.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 минута

Финансиската полиција денес добила пријава за контрола на работењето во ИВЗ

Управата за финансиска полиција денес добила пријава со барање за финансиска контрола во Исламската верска заедница(ИВЗ). Од Управата демантираат дека...

Македонија7 минути

Бузаку: Објектот на ИВЗ е под окупација

Самопрогласенот поглавар на Исламската верска заедница, Скендер Бузаку, кој е назначен на оваа функција со решение од Судот, во изјава...

Македонија36 минути

ИВЗ: Невозможно е Реџепи да се сретне со Бузаку

Портпаролот на Исламската верска заедница, Агрон Војника, за „Макфакс“ вели дека е невозможно реисот Сулејман Реџепи да оствари средба со...

Македонија2 часа

Комисијата за односи со верските заедници демантира вмешаност во превирањата во ИВЗ

Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи демантира каква било вмешаност во настаните во Исламската верска заедница. Од...

Свет2 часа

(Видео) Ким Џонг-ун со блиндиран воз пристигна во Русија

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун со блиндиран воз пристигна во Русија, каде што утре во Владивосток ќе се сретне со рускиот...

Македонија16 часа

(Видео) ИВЗ: Судот не одлучува кој ќе биде реис, ако е така нека кажат и кој да биде поглавар на МПЦ

Судот не е тој што одлучува кој ќе биде реис, ако е така нека кажат и кој да биде поглавар...

Свет21 час

(Видео) Камерите снимија терорист кој влегува во црквата непосредно пред масакрот

Медиумите на Шри Ланка објавија снимка од надзорните камери снимена непосредно пред еден од нападите. Како што известува „Гардијан“, се...

Македонија22 часа

Северна Македонија или Македонија? Караџовски и Адеми расправаa како да ја пишува државата на извештајот

Членовите на Судскиот совет го изгласаа годишниот извештај за работата за 2018 година, но претходно претседателот Зоран Караџовски и членот...

Топ23 часа

Мицкоски: Не е до чистката, туку проблемот е до тој што треба да исчисти

По најавите на премиерот Зоран Заев дека власта ја примила пораката од граѓаните и дека ќе следуваат кадровски промени, лидерот...

Топ23 часа

Поднесено обвинение против родителите чии деца загинаа во пожар во Велес

Против мајката и таткото, чии деца во јуни минатата година загинаа во пожар во куќа во Велес, е поднесено обвинение...

Македонија1 ден

(Видео) Таткото на Саздовски: Родителите да кажат каде е третиот осомничен, кој е во бегство

Ни една мајка не треба да го закопа својот син, казната е толкава колку што е предвидено во законот. Не...

Македонија1 ден

(Видео) По 19 години затвор за убијците на Никола Саздовски

Кривичниот суд во Скопје им одреди по 19 години затвор на Бесим Беља и Скендер Демири, кои на 29 јуни...

Свет1 ден

Евакуирана Сиднејската опера поради истекување гас

Стотици луѓе се евакуирани денес од Сиднејската опера и околината поради истекување гас, а раководството на куќата објави дека настапите...

Регион1 ден

Убиецот на бугарската телевизиска новинарка осуден на 30 години затвор

Бугарскиот суд го осуди Северин Красимиров на 30 години затвор за силување и убиство на телевизиската новинарка Викторија Маринова. Телото...

Свет1 ден

(Видео) Базен на врвот на висококатница се излеа за време на земјотресот во Манила

Филипините вчера ги погоди силен земјотрес со интензитет од 6,3 степени според Рихтер поради што се тресеа многу згради, а...

Свет1 ден

Најмалку 11 жртви и 24 исчезнати во земјотресот во Филипини

Најмалку 11 лица загинаа, 24 исчезнати, а повеќе од 80 се повредени во земјотрес со јачина од 6,1 степен, кој...

Топ2 дена

(Видео) Дац му подари метла на Заев, премиерот возврати – чистка ќе има

Актерот Драган Спасов Дац на вечерашната трибина на СДСМ во Карпош му подари метла на премиерот Зоран Заев, порачувајќи му...

Европа2 дена

Курц ја осуди песната во која мигранти се споредуваат со стаорци

Aвстрискиот канцелар, Себастијан Курц, побара од помалиот партнер во владејачката коалиција, десничарската Партија на слободата на Австрија, да се дистанцира...

Избори 20192 дена

(Видео) Поништено гласањето на избирачко место во Ѓорче Петров, имало вишок гласачки ливчиња во кутијата

Три гласачки ливчиња повеќе во кутијата од бројот на гласачи нотира Државната изборна комисија во едно избирачко место во општина...

Свет2 дена

Кои се жртвите во Шри Ланка: Деца, познати готвачи, келнери, политичари…

Во терористичките напади во Шри Ланка загинаа најмалку 290 луѓе, а повеќе од 500 се повредени. Меѓу нив, повеќето луѓе...

Досие