Контакт

Свет

Концерт во шведска црква за поддршка на децата на ИД ја разбесни земјата

Објавено пред

Црква во парохијата Хегсбо во Гетеборг организираше концерт за поддршка со цел да собере пари за неколку десетици деца на Исламска држава поврзани со Шведска, оставени во камповите за бегалци на Блискиот Исток, објави националниот радиодифузер СВТ.

Парохиската свештеничка во Хегсбо, Лина Вестберг, рече дека било очекувано да ги отвори вратите на црквата за оваа цел.

„Со задоволство излегуваме во пресрет ако жителите на парохијата имаат желби и оваа ситуација е многу важна за самата црква”, рече Вестберг.

Како што и самата признала, жителите на парохијата сакале да се фокусираат на сите деца од Шведска чии родители биле во Исламска држава, а чиј број се проценува помеѓу 60 и 80, и да бидат вратени дома.

„Ние сакаме да работиме за тие да се вратат во Шведска”, рече Вестберг.

Во исто време, имало конкретни напори за собирање средства за да им се помогне на седумте сирачиња на починатиот џихадист и терорист Михаел Скрамо, познат по неговото исламско име Абу Ибрахим ал-Сваиди. Скрамо, кој беше прогласен мртов во март 2019, често го нарекуваа најопасниот терорист во Скандинавија .

Концертот се одржал во саботата вечерта во црквата во Хегсбо за да се соберат пари за дедото на Скрамос, Патрицио Галвез, чии неодамнешни напори за враќање на неговите внуци ги глорифицираше СВТ. Галвез во моментот е во ирачкиот град Ербил, каде што неговите седум внуци биле пренесени од Багуз во Сирија до шведскиот конзулат во Ирак.

На социјалните мрежи многумина беа крајно критични за учеството на Евангелско-лутеранската црква на Шведска и севкупниот став кон настанот.

„Се прашувам дали шведската црква посвети дури десеттина од своето време на христијанските жртви што ќерката на Галвез и нејзиниот маж ги заклале, силувале, убиле и мачеле во Ирак и во Сирија?” напишал огорчен корисник.

Шведската црква е позната по својата либерална позиција за прашања како хомосексуалноста и беше прва што назначи лезбиски  бискуп. Црквата претходно беше под жесток напад за својот истакнат промигрантски став и отиде дотаму што обезбеди засолниште за илегалните мигранти.

Регион

Хрватскиот министер нареди целосна мобилизација на здравствениот систем

Објавено пред

Министерот за здравство на Хрватска, Вили Берош, преку својата страница на „Фејсбук“ им се обрати на граѓаните и рече дека наредил целосна мобилизација на здравствениот систем.

„Актуелната состојба со коронавирусот нè принудува сите во здравствениот систем вонредно да се ангажираме, од лекари од примарна здравствена заштита, итна помош, институти за јавно здравје, до сите болници“, напиша тој на почетокот на својата порака.

„Како министер за здравство, наредив целосна мобилизација на целиот систем на јавно здравје во Хрватска. Ова е вистинско време да покажеме целосна посветеност кон нашата професија”, порача Берош на „Фејсбук“.

Во последните 24 часа Хрватска пријави 1.413 нови случаи на коронавирус. 897 пациенти се во болница, од кои 57 се на апарати за дишење. Регистрирани се и 18 смртни случаи.

Хрватските медиуми со денови известуваат дека хрватскиот здравствен систем веќе е пред колапс, а епидемиолозите најавуваат уште поголем број новозаразени лица.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Австрија забрани да се носат визири, не штитат доволно од коронавирус

Објавено пред

Во Австрија стапија на сила нови мерки за заштита и сузбивање на коронавирусот, а една од нив е забраната за носење визири.

Официјалните лица проценија дека маските кои добро се прилепуваат на лицето се единствената соодветна мерка за заштита во сите затворени простории, додека другите заштити за лицето и носот не се доволни.

Причината за забрана на визирите и мини визирите кои стојат на брадата и ја покриваат устата и повеќе или помалку носот и кои најчесто ги носат вработените во ресторани и продавници, се студиите кои наведуваат дека овој вид на покривка не е доволен за да се спречи ширењето на аеросоли во споредба со класичните маски кои добро се прилепуваат за устата и носот.

„Механичките средства за заштита како што се визири или мини визири се покажаа несоодветни во спречувањето на ширење на Ковид-19 и мора да бидат забранети“, се вели во соопштението на австриските власти.

Луѓето кои не можат да носат маски од здравствени причини ќе бидат изземени од ова правило.

Американска студија објавена во септември покажа дека од сите маски“, визирите обезбедуваат најмала заштита од коронавирусот.

Германскиот институт Роберт Кох исто така издаде соопштение во кое се наведува дека употребата на визири не може да биде алтернатива за покривање на устата и носот, бидејќи постојните студии покажуваат дека визирите не апсорбираат секретирани респираторни капки.

Прикажи повеќе...

Европа

Потпретседателот на Европската комисија има коронавирус

Објавено пред

Потпретседателот на Европската комисија, Маргаритис Схинас е позитивен на коронавирус.

Тој на „Твитер“ изјави дека поради здравствената состојба е во самоизолација.

„Само што открив, за време на редовен тест за Ковид, дека сум позитивен. Затоа сум во самоизолација. Останете здрави”, напиша Схинас.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет49 минути

(Видео) Муслиманскиот свет го претстави Макрон како сатанист

Францускиот претседател Емануел Макрон се најде на мета на демонстрантите во исламскиот свет по изјавата по повод објавувањето на карикатурата...

Македонија49 минути

Позитивни на Ковид-19 биле 24% од тестираните во текот на изминатата недела

Министерството за здравство информира дека согласно извештајот на Институтот за јавно здравје кој се однесува на периодот од минатата недела...

Наука3 часа

Научниците предупредуваат: нема мраз на Арктикот

Научниците предупредуваат дека поголемиот дел од Арктикот сè уште не почнал да замрзнува, иако е крајот на октомври, што е...

Македонија3 часа

ИЈЗ дневно ќе прави до 1.000 теста, од денеска ќе функционираат две одделенија

Во Институтот за јавно здравје од денеска, покрај постојното приемно одделение, ќе функционира уште едно одделение за прием со лаборант...

Македонија4 часа

„Фронт 21/42“: Експанзијата на мали хидроцентрали се заканува трајно да ги уништи нашите реки

„Фронт 21/42“ се приклучува кон манифестот потпишан од над 150 европски невладини организации, со кој се бара од Европската Унија,...

Македонија4 часа

Мицкоски: Поради пандемијата и загаденостa, хронично болните да се ослободат од работа

„Поради високата загаденост на воздухот, паралелно со пандемијата од #COVID апелирам до Владата, министерот за здравство, Филипче, и до политичката...

Македонија5 часа

МОН: Помалку од еден процент од учениците и наставниците се позитивни на Ковид-19

Министерството за образование и наука информира дека помалку од еден процент од учениците и кадарот во основните и средните училишта...

Регион5 часа

Коронавирус и во детското одделение во болница во Хрватска

Коронавирус има и во Хрватска на одделот за рехабилитација на деца во Специјалната болница за медицинска рехабилитација во Крапинска Топлица...

Регион5 часа

Во Бугарија 1.948 лекари се заразиле со Ковид-19

Во последните 24 часа во Бугарија се потврдени 2.243 нови случаи на коронавирус, што е највисок дневен биланс од почетокот...

Свет6 часа

Норвешка воведува нови ограничувања на јавни собири и божикни забави

Норвешка воведе ограничување на јавни собири од 50 лица далеку под претходниот максимум од 200 лица, а во исто време...

Свет6 часа

Кина воведува санкции за американските компании

Кина одлучи да воведе санкции за неколку американски компании поради нивната улога во продажба на оружје на Тајван. Портпаролот на...

Европа6 часа

Чешка воведува седумдневен полициски час

Чешката влада одлучи од утре да воведе седумдневен полициски час во земјата, од 21 до 5 часот наутро, и дополнително...

Македонија15 часа

Министерот Спасовски позитивен на коронавирус

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, вечерва на социјалните мрежи објави дека добил позитивен тест на Ковид-19. „Би сакал да...

Свет17 часа

СЗО: Луѓето се уморни, но не смееме да се откажеме

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Гебрејсус, денеска изјави дека човештвото не смее да се откаже од борбата...

Европа18 часа

Во Белгија се бара заразени лекари да продолжат со работа за да го спасат системот од колапс

Од докторите заразени со коронавирус во белгискиот град Лиеж е побарано да продолжат да работат за да се избегне колапс...

Македонија20 часа

15 починати и 247 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 737 тестирања, а регистрирани се 247 нови случаи на...

Македонија24 часа

Филипче: Коморбидитетите и доцното доаѓање во болница се причина за зголемената смртност

Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека зголемениот процент на смртност од Ковид-19 се должи на коморбидитетите и доцното доаѓање...

Македонија1 ден

Караџовски: Ја разгледувавме и опцијата да се прават тестови преку Фондот во приватните лаборатории

Комисијата за заразни болести ја разгледува одлуката граѓаните да може да се тестираат на Ковид-19 во приватните лаборатории, а на...

Европа1 ден

Австриски инфектолог: Секој од нас, порано или подоцна, ќе се зарази со коронавирус

Австрискиот инфектолог Франц Алербергер не верува дека коронавирусот ќе се искорени и верува дека секој од нас ќе се зарази...

Свет1 ден

Во Мелбурн нема нови случаи на коронавирус по повеќе од четири месеци

По повеќе од четири месеци во Мелбурн денес не се пријавени нови случаи на коронавирус. Владата на австралиската држава Викторија...

Досие