Свет
Коронавирусот ги погодува срцето и белите дробови и не овозможува обнова на нивната функционалност

Новиот коронавирус најтешко ги погодува срцето и белите дробови, особено ако пациентите добијат тежок облик на симптоми на Ковид-19, изјави рускиот министер за здравство, Михаил Мурашко.
„Можеме да видиме дека на оние што ја прележуваат инфекцијата на коронавирусот, особено во нејзиниот тежок облик, секако потребна им е рехабилитација. Најранливи органи и системи се белите дробови. Друго значајно прашање, кое исто така бара лекарска помош, се срцевите проблеми, особено миокардитисот“, напоменува рускиот министер.
Мурашко вели дека не се препорачува физичка активност поради силната исцрпеност.
„Згора на тоа, болеста која е прележана не овозможува обновување на функционалноста и капацитетот на белите дробови“, додал тој.
Според последните податоци, над 11.965.900 луѓе се заразени со вирусот во светот и пријавени се повеќе од 547.000 смртни случаи.
Досега над 6.913.000 луѓе оздравеле од болеста во светот.
До денеска во Русија се потврдени 700.792 случаи на коронавирус, а 472.511 пациенти оздравеле.
Најновите податоци од Русија покажуваат дека имало 10.667 смртни случаи во земјата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Огромен пожар на сцената на еден од најголемите фестивали во светот

Главната сцена на фестивалот „Tomorrowland“ во Белгија е зафатена од огромен пожар само два дена пред почетокот на првиот викенд на еден од најголемите музички фестивали во светот.
На социјалните мрежи се појавија снимки на кои се гледа како пламенот ја проголтува главната сцена на белгискиот фестивал, додека локалните медиуми известуваат дека службите за итни случаи се на местото на настанот во голем број.
#breaking!! #tomorrowland is on #fire right now pic.twitter.com/iWO0QAHNqt
— Javier Churich (@JaviChurich) July 16, 2025
Локалниот портал ГВА објави дека властите им советуваат на жителите да ги затворат прозорците и вратите поради ширењето на чад низ областа. Досега нема пријавени повредени бидејќи посетителите сè уште не пристигнале, а британскиот „Мирор“ објави дека околу 1.000 вработени биле на лице место во времето на пожарот, учествувајќи во подготовките за фестивалот.
I don’t think Tommorowland is happening this year pic.twitter.com/xGBxMpJsLZ
— 1S Swix (@SwixVL) July 16, 2025
Фотографиите и видеата објавени од ГВА и корисниците на платформата Икс го покажуваат обемот на пожарот, но сè уште не е познато колкава е штетата и дали инцидентот ќе влијае на фестивалот.
🔥 BREAKING: A massive fire has engulfed the main stage of the Tomorrowland music festival in Belgium, just days before the event kicks off on Friday.#Fire#Belgium#Friday#Tommorowland #MusicFestival pic.twitter.com/J0ANLLevKH
— Lumi Watch (@Lumibunnyy) July 16, 2025
Tomorrowland е еден од најголемите и најпознатите фестивали за електронска музика во светот, а оваа година се очекува повеќе од 70.000 посетители дневно да поминат низ фестивалските порти. Првиот викенд од фестивалот е закажан за овој петок.
Свет
Сирија: Израел се обидува да шири хаос и да ја поткопа стабилноста

Сириското Министерство за надворешни работи го осуди израелските напади врз „владини институции и цивилни објекти“ во Дамаск, како и во Свеида, по денешните воздушни напади.
Откако во израелските напади беше погодена зградата на Министерството за одбрана во Дамаск, како и областа околу претседателската палата, Министерството за надворешни работи соопшти дека неколку цивили се убиени, а десетици повредени. Исто така, соопшти дека имало „голема штета на инфраструктурата и јавните услуги“.
Министерството за надворешни работи го обвини Израел за извршување на „флагрантен напад“ во обид да „разгори тензии, да шири хаос и да ја поткопа безбедноста и стабилноста во Сирија“.
„Сирија го смета Израел целосно одговорен за оваа опасна ескалација и нејзините последици“, се додава.
Регион
Бебе од Србија почина на Халкидики: детето се задушило пред очите на родителите среде ресторан

Тринаесетмесечно бебе од Србија ненадејно го загуби животот во ресторан на Халкидики. Според грчките медиуми, трагедијата се случила пред очите на родителите на детето.
Се верува дека малото дете, кое било на одмор во Грција со својот татко (31) и мајка (32), се задавило со храна. Инцидентот се случил околу 18 часот, додека детето седело на маса со своето семејство и почнало да се дави.
Сцените што следеле биле ужасни. Родителите, во паника, се обиделе да го спасат детето, а веднаш била повикана итна помош.
Бебето прво било однесено во Здравствениот центар „Агиос Николаос“, а потоа во болницата во Полигирос, каде било прогласено за мртво.