Европа
Коронавирусот повторно ја затвора Европа
Повеќето европски земји повторно се одлучија за затворање и построги мерки за справување со новиот бран на коронавирус, откако новите видови земаа замав.
Јужноафриканскиот сој пристигна и во регионот, каде што беа регистрирани првите случаи во Словенија и Хрватска, кои, пак, одлучија да ги релаксираат мерките. Србија, каде бројот на новозаразени лица е над 3.000 на ден, воведе построги мерки викендов во обид да се спречи ширењето на вирусот.
Грција, Холандија, Данска и Италија се определија за делумно олеснување на мерките, главно по региони.
Од друга страна, Франција, Чешка, Шпанија и Португалија воведуваат нови построги мерки и нови затворања.
Карантинот во Белгија е продолжен, а строгите мерки остануваат на сила во Германија и Ирска. Шведска истотака воведе построги мерки пред неколку дена.
Франција – делови од земјата се затвораат
Делумното затворање е на сила од овој викенд во делови на Франција кои се особено тешко погодени од пандемијата на коронавирус, имено областа Ница и крајбрежјето на југ и север околу Данкирк.
Затворањето важи само за време на викендите, кога луѓето можат да излегуваат само од оправдани причини. Продавниците, освен супермаркетите и аптеките, се затворени.
Дозволено е излегување од домот за спортување, одење на прошетка во радиус од пет километри, пазарење, работни обврски и шетање куче. Граѓаните мора да го документираат излегувањето од дома со пополнет образец.

Германија – строгите мерки остануваат на сила
Германија истотака се соочува со зголемување на бројот на заразени лица. Таму се на сила строги мерки, кои вклучуваат затворање на сите продавници (освен продавници за храна и аптеки), училишта, ресторани, кафулиња и барови, фризерници, трговски центри. Приватните собири се сведени на само едно лице од друго домаќинство, а носењето „рачно изработени“ маски е забрането. Училиштата се отворени во неколку држави, а наскоро се очекува да се отворат и фризерските салони. Мерките треба да бидат на сила до 8 март, но канцеларката Ангела Меркел не ја исклучи можноста за нивно продолжување.
Грција – Постепено попуштање на мерките по строгата блокада, полицискиот час останува на сила
Грција има нешто полесна ситуација благодарение на строгиот карантин, што го намали растот на нови инфекции, што доведе до отворање на продавниците и основните училишта. Во јануари, сепак, се појавија таканаречените „црвени зони“ – области со поголем број заразени и починати, поради што беше воведено заклучување на зоната и затворање на училиштата, фризерските и салоните за убавина и продавниците. Во Атина, Солун и Халкидики на сила е ноќниот полициски час во текот на работната недела, кој е построг за време на викендот, од 18 до 5 часот наутро.

Италија – повеќето од мерките остануваат на сила
Италија го задржа полицискиот час од 22 до 5 часот наутро, а воведена е и забрана за патување меѓу 20 региони. Маските во јавноста се задолжителни, во затворени простории, но исто така и на отворено и тоа се однесува на целата земја. Во некои делови од земјата, баровите и рестораните се повторно отворени – до 18 часот, а средните училишта се отворени, иако со намален капацитет.
Чешка – ситуацијата во болниците е критична
Една од најтешко погодените земји во ЕУ ја заострува блокадата. Чешка се приближува до бројката од 20.000 смртни случаи, а премиерот изјави дека „ситуацијата во болниците е речиси до вистинска катастрофа“. Затоа Владата во петокот донесе одлука за воведување на нова вонредна состојба, која ќе стапи на сила во недела и ќе трае 30 дена.

Шпанија – полициски час до мај
Во Шпанија на сила е полициски час, кој ќе трае најдоцна до мај. На луѓето им е дозволено да излегуваат само поради работа, образование и пазарење, односно во случаи кога треба да обезбедат помош за стари лица и деца. Сите над шест години мора да носат маска во јавниот превоз, како и на јавни места. Маските се задолжителни во повеќето региони и на отворени простори.
Белгија – продолжен карантин
Белгија го продолжи карантинот до 1 април и сите несуштински патувања се забранети. Максимум едно лице е дозволено да посети друго домаќинство, а максималниот број на луѓе собрани на отворено е четири лица. Училиштата и продавниците се отворени, но луѓето мора да одат сами на шопинг и не смеат да останат во продавницата повеќе од половина час. Маските се задолжителни насекаде.

Португалија – воведена нова блокада
Португалија исто така воведе ново затворање на 15 јануари. Работата од дома е задолжителна, Продавниците и услужните дејности се затворени. Кафулињата и рестораните можат да вршат само испораки. За повеќето деца, училиштето е затворено и се очекува овие мерки за ново затворање да бидат на сила најмалку до 1 март.
Холандија – полицискиот час останува, но некои мерки се олабавуваат
Холандската влада донесе одлука за олеснување на некои мерки. Од 1 март средношколците ќе имаат барем еден ден настава во училиштата. Се отвораат фризерски салони и други „контактни“ професии, освен сексуалните работнички. Лицата помлади од 27 години можат да се занимаваат со спорт на отворено. Полицискиот час е сè уште на сила и покрај големите немири што избувнаа поради него.

Данска – Дел од мерките се олеснети
Данската влада донесе одлука за олеснување на некои мерки. Секторот за малопродажба се очекува да се отвори во март, а можни се активности на отворено за групи до 25 лица. Децата исто така се очекува да се вратат на училиште, но само во области со мала стапка на новозаразени.
Ирска – На сила најстроги мерки
Ирска се врати на строгата блокада на крајот на декември откако претходно дозволи патувања за време на Божиќните празници. Строгите мерки ќе бидат на сила барем до 5 март. Нема излегување од дома освен за одење на работа, училиште и од други, суштински причини. Вежбањето е дозволено, но само во радиус од пет километри од дома. Забрането е дружење во куќи. Свадбите се ограничени на шест лица, а погребите на 10. Сите продавници кои не се неопходни, спортските сали, базените и просториите за одмор се затворени. За рестораните, пабовите и кафулињата е дозволена само продажба од пункт или достава.

Шведска – Владата ги воведе првите големи ограничувања
Шведска долго време избегнуваше воведување строги мерки, но на 10 јануари беше донесен закон за итни случаи, кој веднаш стапи на сила и и овозможи на владата да воведе некои ограничувања поради короната за првпат. Сега од луѓето се бара да носат маски во јавниот превоз за време на фреквентните периоди кога има поголеми гужви. Пред неколку дена беше воведена забрана за продажба на алкохол по 20 часот и само четири лица имаат право да седат на маса во ресторани. Јавните собири се ограничени на осум лица, а наводно се разгледуваат и други мерки.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Нова снимка од моментот кога дрон погоди база на Кипар
Беспилотно летало стигна до британската воздухопловна база на островот Кипар, изјави на брифинг портпаролот на владата Константинос Летимбиотис.
🇨🇾🚨Confirmed. Iran attacked Cyprus overnight
A drone reached the British airbase on the island, government spokesperson Konstantinos Letymbiotis said at a briefing.
There were no casualties, and only “minor damage” was reported.
The video shows the moment of the strike. pic.twitter.com/tzflBdcvGp
— NEXTA (@nexta_tv) March 2, 2026
Нема жртви, а пријавени се само „мали штети“. Видеото го прикажува моментот на нападот.
Британското Министерство за одбрана објави дека ги преместува семејствата од воздухопловната база на РАФ Акротири на Кипар, откако таа беше цел на сомнителен ирански напад со беспилотни летала синоќа.
Европа
(Видео) Украински дронови погодија клучно руско пристаниште, гори нафтен терминал
Експлозии го потресоа руското црноморско пристаниште Новоросијск во текот на ноќта, а снимките што ги споделија локалните жители покажуваат голем пожар на пристанишниот терминал. Градоначалникот Андреј Кравченко потврди напад со украински дрон и оштетување на неколку згради.
Новоросијск е клучно руско пристаниште за извоз на нафта и дом на поголемиот дел од руската Црноморска флота, која беше преместена таму откако украинските напади ги направија поморските бази во окупираниот Крим небезбедни.
Независниот руски медиум Астра, повикувајќи се на локални извори, објави пожар на нафтен терминал во Новоросијск. „Нафтен терминал во Новоросијск се запали, веројатно како резултат на напад со дрон“, соопшти Астра. Една од снимките што ги сподели Астра ги покажува жителите како трчаат за да се засолнат додека експлозиите одекнуваат низ градот.
Европа
(Видео) Експлозија во британска база во Акротири, Кипар, се сомневаат на напад со дрон
Британското Министерство за одбрана соопшти дека реагира на „напад со беспилотни летала“ врз неговата воена база на Кипар. Експлозијата се случи во базата на Кралските воздухопловни сили во Акротири на полноќ по локално време, но немаше жртви.
„Заштитата на нашите сили во регионот е на највисоко ниво и базата реагираше за да ги заштити нашите луѓе“, изјави портпарол на министерството за CNN. „Ситуацијата е активна и дополнителни информации ќе бидат дадени навремено“.
Regarding the incident that occurred shortly after midnight at the Akrotiri Base, information received through various channels indicates that it involved an unmanned drone, which caused limited damage.
The competent authorities immediately activated the prescribed security…
— Λετυμπιώτης Κων/νος (@letymbiotis) March 2, 2026
Портпаролот на кипарската влада, Константинос Летимбиотис, објави на социјалните мрежи дека во нападот „употребен е беспилотен авион кој предизвикал ограничена штета“. Ниту Велика Британија, ниту Кипар не кажаа за кого веруваат дека можеби стои зад нападот.
🚨 Cyprus media politis shared this video of alerts sounding on the Island pic.twitter.com/hwrswGlf00
— Powerline™ (@PowerlineUk) March 1, 2026
Инцидентот се случува откако Велика Британија ги засили своите воени бази на Кипар со напредни одбранбени мерки за поддршка на безбедноста и стабилноста на Блискиот Исток. Мерките вклучуваат радар, системи против беспилотни летала, борбени авиони Ф-35 и копнена воздушна одбрана.
Секоја потврда за напад врз британска воена база би можела да биде особено значајна бидејќи според Член 5 на НАТО, нападот врз една членка се смета за напад врз сите. Сепак, за другите членки на НАТО да се приклучат на конфликтот, нападнатата земја би морала формално да го повика Член 5.

