Контакт

Свет

Кремљ и тимот на Трамп негираат средба на челниците на Исланд

Објавено пред

Транизицискиот тим на новоизбраниот американскиот претседател Доналд Трамп и Кремљ негираа дека Трамп планира средба со рускиот претседател Владимир Путин на самитот на Исланд за неколку седмици, во текот на своето прво патување во странство по стапувањето на должноста.

Британскиот весник The Sunday Times, кој извести за ваквите планови повикувајќи се на британски извори, истакна дека американскиот претседател Доналд Трамп на тој начин сака да ги подобри односите со Москва.

Средбата со рускиот претседател Владимир Путин, наводно, треба да се одржи на Исланд, земја којашто придонесе своевремено за попуштањето на тензиите меѓу поранешниот Советски сојуз и Соединетите држави со организацијата на самитот во Рејкјавик во 1986 година на кој учествуваа советскиот челник Михаил Горбачов и американскиот претседател Рондал Реган.

На прашањето за наводниот план за самитот во Рејкјавик, една од портпаролките на Трамп само одговорила дека тоа е „сосема погрешно“.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, во неделата изјави дека засега не се разговарало за средбата./крај/мф/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Кси и Санчез ветија продлабочување на врските: „Светот е во хаос“

Објавено пред

Кина и Шпанија денеска ветија дека ќе ги продлабочат врските и ќе го заштитат глобалниот мир и развој во време кога меѓународниот поредок „се распаѓа“, изјави претседателот Кси Џинпинг во коментарите за време на состанокот со премиерот Педро Санчез во Пекинг.

Посетата на Санчез доаѓа во време кога многу западни влади се обидуваат да ги одржат врските со Пекинг и покрај долгогодишните безбедносни и трговски тензии, додека расте немирот поради политиките на клучниот сојузник, американскиот претседател Доналд Трамп, објави Ројтерс.

„Денешниот свет е во хаос, а меѓународниот поредок се распаѓа“, рече Кси, додавајќи дека подлабоките врски се во интерес и на Кина и на Шпанија. Тој повика на посилна комуникација и доверба за „поддржување на владеењето на правото, заедничка одбрана на вистинскиот мултилатерализам и заштита на глобалниот мир и развој“.

Санчез рече дека меѓународното право „постојано се поткопува“ и повика на поблиски врски за промовирање на мирот и просперитетот. „Ова е попотребно денес од кога било и за да можеме заедно да создадеме уште посилна врска меѓу Кина и Европската Унија“, рече Санчез.

Санчез, кој е најнов во низата посети на Кина оваа година од неговите колеги од Велика Британија, Канада, Финска и Ирска, ја повика втората по големина економија во светот да преземе поголема улога во решавањето на овие прашања. Тие се движат од климатските промени до безбедноста, одбраната и борбата против нееднаквоста, рече тој вчера.

Тој ја повика Европа да ги удвои своите напори бидејќи САД одлучија да се повлечат од многу од овие области. Шпанија е еден од најгласните европски застапници за проширување на трговијата и третирање на Кина како стратешки партнер, а не како економски и геополитички ривал каков што Трамп го гледа.

Прикажи повеќе...

Свет

Иран: Безбедноста во Ормускиот теснец е за сите или за никого

Објавено пред

Неколку часа по воведувањето на блокадата, и повеќе од една недела по почетокот на двонеделното примирје договорено меѓу САД и Иран, ситуацијата е опишана како состојба без војна, но и без мир – кревко примирје.

Ситуацијата во Ормускиот теснец е од клучно значење.

Иранските власти јасно го искажаа својот став: од една страна, тие велат дека се решени да ја обезбедат безбедноста на теснецот, а од друга страна, дека на бродовите поврзани со нивните противници нема да им биде дозволено да поминат низ овој стратешки важен морски премин.

Тие исто така велат дека работат на механизми за зајакнување на контролата врз теснецот. Ова вклучува планови за воведување царински давачки и транзитни такси за бродовите што сакаат да поминат низ областа.

Иранската револуционерна гарда, исто така, објави нова бродска рута, поблиску до иранскиот брег, што укажува на обид на Техеран дополнително да ја зајакне својата контрола.

Конечно, иранската страна вели дека безбедноста ќе биде загарантирана за сите – или за никого. Ова значи дека, во случај на закани за бродови или клучни стратешки точки на земјата, тие ќе одговорат со реципрочни мерки.

Прикажи повеќе...

Свет

Јужна Кореја очекува долгорочни нарушувања на енергетските пазари

Објавено пред

Претседателот на Јужна Кореја, Ли Џае Мјунг, изрази загриженост за последиците од војната во Иран, велејќи дека растечките тензии околу Ормускиот теснец не оставаат простор за оптимизам. Тој предупреди дека високите цени на нафтата и нарушувањата во синџирите на снабдување веројатно ќе продолжат.

Ли на состанокот на кабинетот во вторникот изјави дека владата треба да ги прифати продолжените нарушувања на глобалните пазари на енергија и суровини како нова реалност и соодветно да го зајакне својот систем за реагирање во вонредни ситуации.

„Тешкотиите во глобалните синџири на снабдување со енергија и суровини и високите цени на нафтата ќе продолжат засега. Ве молам да го третираме развојот на алтернативни синџири на снабдување, среднорочното до долгорочното индустриско реструктуирање и транзицијата кон економија помалку зависна од пластика како врвни национални стратешки проекти“, рече Ли.

Министерот за индустрија, Ким Јунг-кван, потврди дека нарушувањата во превозот низ Ормускиот теснец продолжуваат да влијаат на снабдувањето. Тој додаде дека дури и ако преминот се нормализира, може да потрае околу дваесет дена товарот од Блискиот Исток да стигне до Јужна Кореја.

Прикажи повеќе...

Најново

Забава5 минути

Луѓето родени под овие два знака имаат повеќе среќа отколку памет

Среќата им е наклонета на храбрите, а овие хороскопски знаци се ориентирани кон преземање ризици. Астролозите тврдат дека овие два...

Спорт12 минути

Руските и белоруските спортисти повторно под своите знамиња

Руските и белоруските спортисти ќе можат повторно да се натпреваруваат под своите национални знамиња на меѓународни натпревари во пливање и...

Свет18 минути

Кси и Санчез ветија продлабочување на врските: „Светот е во хаос“

Кина и Шпанија денеска ветија дека ќе ги продлабочат врските и ќе го заштитат глобалниот мир и развој во време...

Свет29 минути

Иран: Безбедноста во Ормускиот теснец е за сите или за никого

Неколку часа по воведувањето на блокадата, и повеќе од една недела по почетокот на двонеделното примирје договорено меѓу САД и...

Свет36 минути

Јужна Кореја очекува долгорочни нарушувања на енергетските пазари

Претседателот на Јужна Кореја, Ли Џае Мјунг, изрази загриженост за последиците од војната во Иран, велејќи дека растечките тензии околу...

Свет41 минута

(Видео) Нетанјаху ја нападна Европа: Израел и САД се на чело на слободниот свет

Израел вчера започна со одбележување на Денот на сеќавањето на холокаустот, при што главната комеморација во Јад Вашем беше претходно...

Забава51 минута

Храната како најдобар третман против стареење: Овие намирници ја затегнуваат кожата подобро од кој било крем

Иако стареењето е природен процес, надворешните фактори како што се изложеноста на сонце и, најважно од сè, исхраната, играат голема...

Забава1 час

(Видео) Познатата манекенка не забава со милијардерот со кого има три сина

Миранда Кер уживаше во времето поминато со Еван Шпигел, со кого има три деца и со кого влезе во врска...

Забава1 час

(Фото) Какво тело: Манекенката плени во фустан наменет само за храбрите

Големиот музички фестивал „Коачела“ одамна започна, а познатите ѕвезди полека пристигнуваат. Хејли Бибер исто така неодамна привлече големо внимание. На...