Свет
Кремљ ја обвини Украина за смртоносниот напад врз станбената зграда во Днепар

Портпаролот на рускиот претседател, Владимир Путин, Дмитри Песков, тврди дека руските сили не целеле станбени згради во неодамнешниот масовен ракетен напад врз украински цели, што беше извршен во саботата.
„Ситуацијата во Днепар е резултат на акциите на украинската противвоздушна одбрана“, изјави Песков.
Во саботата проектил погоди станбена зграда, при што загинаа најмалку 35 лица, меѓу кои и деца, а беа повредени повеќе од 80 луѓе.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
„Насилството како вовед во граѓанска војна“ – Брнабиќ за објавената снимка рече дека е планирање на државен удар во Србија

Почувствував потреба и обврска да се изјаснам, барем накратко, по снимките што можеше да ги види целата јавност на Република Србија синоќа во 21 часот од состаноци на кои присуствуваа претставници на различни политички партии, невладини организации, оние кои се кријат зад студентските пленуми, некои професори учествуваа на тие состаноци. Сите заедно планирале јасно, директно и недвосмислено државен удар, насилство како вовед за граѓанска војна и атентат на претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ“, изјави денеска претседателката на српското Собрание Ана Брнабиќ.
Таа рече дека најшокантно за неа лично е улогата на Универзитетот во Белград.
„Ќе го цитирам тој дел од снимката. Марија Васиќ, професорка која учествуваше на таков состанок и ниту еднаш не ги предупреди студентите дека тоа што го прават е брутално насилство, дека планира државен удар, дека планира воен удар, дека ќе резултира со масовно крвопролевање, бидејќи таму зборуваат за носење чекани, разно оружје. Таа активно учествува во планирањето пуч и граѓанска војна и вели: „Дали имаме информации дека Универзитетот во Белград е во контакт со синдикатот на војската? Мила Пајиќ: „Не, немаме“. Професорката: „Така, белградскиот универзитет соопшти дека армискиот синдикат контактирал со нив и дека армијата ќе биде подготвена и ќе дојде на нивен повик во случај на акција“, изјави Брнабиќ.
Таа рече дека нејзиното денешно прашање е „која е улогата на белградскиот универзитет во планирањето на државен и воен удар.
„Ректорот Ѓокиќ (Владан) и проширената ректорска управа треба што поскоро да одговорат на овие прашања на српската јавност. Не попладнево, не вечерва, не утре, туку веднаш. Кој учествуваше во ова и кој и потврди на Марија Васиќ дека се во контакт со синдикатите во српската војска, дека преговараат со Армијата како Белградски универзитет и дека Белградскиот универзитет гарантира дека армијата ќе излезе на улица и ќе реагира? Која е улогата на Универзитетот во Белград во планирањето на државниот удар и воениот удар?“ праша Брнабиќ.
Таа праша и дали поради тоа е формирана таканаречената експертска работна група, која во својот извештај практично информираше, како подготовка за 15 март, дека барањата не само што не се исполнети, туку и дека е невозможно да се исполнат.
Најави дека ќе реагира обвинителството и сите надлежни органи.
Свет
Земјотрес со јачина од 5,5 степени ја погоди Индонезија

Земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди островот Сулавеси во Индонезија, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).
Земјотресот се случил во 11:13 часот на длабочина од 33 километри.
Епицентарот на земјотресот бил на речиси 400 километри североисточно од градот Палу.
Регион
Српскиот парламент затворен за прaтениците и вработените: „Ова е државен удар“

Во сабота во Белград ќе се одржи голем протест, на кој граѓаните се поканети од студенти, што српската влада го смета за обид за насилно соборување на власта.
Српскиот парламент ги извести пратениците и вработените дека од денеска до 16 март на полноќ ќе бидат затворени зградите на Собранието од безбедносни причини.
Во известувањето е наведено дека генералниот секретар на Собранието врз основа на безбедносната проценка на Министерството за внатрешни работи, а со цел да се избегне каков било, макар и минимален простор за потенцијални провокации и конфликти, донел одлука за затворање на зградите на Собранието, поточно Домот на Народното собрание и зградата на Народното собрание, пренесува ФоНет.
Одлуката е донесена „само од безбедносни причини, со цел да направиме се што е во наша моќ најавениот митинг на 15 март во Белград, пред Народното собрание, да се одвива без никакви инциденти“, се наведува во соопштението, во кое се повикуваат сите да направат се за протестот во сабота да помине мирно и без никакви инциденти.
Адвокатот Стефан Јањиќ, пратеник и генерален секретар на Србија центар, изјави дека Српската напредна партија (СНС) на Александар Вучиќ, преку „незаконската одлука на генералниот секретар на Народното собрание, Срѓан Смиљаниќ“ да им забрани на пратениците да влезат во зградата на Парламентот, штотуку извршила еден вид државен удар во Србија.
„Никој не може да им забрани на пратениците да влезат во Собранието, особено не на назначеното лице кое е одговорно за организирање на работата на стручните служби и за набавка на тоалетна хартија. Јасно е дека наредбата за прекршување на Законот за Народно Собрание ја издаде Ана Брнабиќ, која ги спроведува налудничавите идеи на Александар Вучиќ. Овој чин го означи завршувањето на таканаречениот државен удар „одозгора“, специфичен облик во кој највисокиот носител на државната власт ја узурпира власта на незаконски и неуставен начин. Диктатурата ќе биде нејзина последица“, нагласи Јањиќ, пренесува „Ал џезира“.
Во сабота во Белград ќе се одржи голем протестен митинг, на кој граѓаните се поканети од студенти, што српската влада го гледа како желба за насилно рушење на државните институции.
Србија веќе четири месеци е блокирана од студентските протести поради смртта на 15 лица на железничката станица во Нови Сад на 1 ноември минатата година. Студентите бараат казна за одговорните како и поголемо владеење на правото во државата.
Студенти од градовите низ Србија пеш одат кон Белград на големиот протест в сабота. Тие не се сами во својата потрага. По нив следат и средношколци, просветни работници и работници од различни сектори.