Свет
Кремљ: Ќе одговориме на упадот на Украина во Русија, преговорите веќе не се важни
Кремљ денеска соопшти дека ќе мора да има руски одговор на упадот на Украина во западниот регион Курск и дека идејата за прекин на огнот со Киев повеќе не е релевантна.
Илјадници украински војници ја пробија руската граница на 6 август во ненадеен напад за кој рускиот претседател Владимир Путин рече дека има цел да ја подобри преговарачката позиција на Киев пред можните разговори и да го забави напредувањето на руските сили по должина на линијата на фронтот.
„Ваквите непријателски дејства не можае да поминат без соодветен одговор“, изјави за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. „Одговор сигурно ќе има. Путин рече дека Украина ќе добие вреден одговор, но сè уште јавно не кажа каков ќе биде тој одговор.
Песков ги отфрли медиумските извештаи дека имало преговори за прекин на огнот меѓу Москва и Киев. „Немаше преговори. Темата на преговорите во овој момент прилично ја изгуби својата важност“, рече Песков.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

