Европа
Курц: Пред нас се тешки месеци, но мора да издржиме до вакцината
Канцеларот Себастијан Курц изјави денеска по повод националниот празник на Австрија дека граѓаните ќе мора да живеат со коронавирусот уште многу месеци.
Како што рече, тие мора да издржат сè додека вакцината не овозможи враќање во нормала.
Курц рече дека знае оти многумина се истоштени поради оваа криза и дека повеќе не сакаат да слушаат за коронавирусот.
„Сакам да ви кажам, како граѓанин, дека ве разбирам. Исто така, не сакам да носам маски, да трпам ограничувања и сакам да можеме да славиме свечености кога сакаме. Но, како шеф на владата, не е моја работа да го кажувам она што сакаат да го слушнат сите“, посочи тој.
Курц рече дека граѓаните на Австрија ќе мора да живеат со коронавирусот уште многу месеци.
„Ќе мора да издржиме сè додека вакцината не ни овозможи да се вратиме во нормала. Ако фрустрацијата и гневот се посилни, тогаш треба да запомниме дека оваа криза не е трајна и дека крајот е на повидок“, рече тој.
Канцеларот ги пофали сите институции на земјата, а особено армијата, за нивниот придонес во оваа голема криза.
„Последните месеци уште еднаш покажаа дека без функционална армија, кризата не може да се надмине. Опремувањето на армијата ќе остане приоритет на оваа влада“, истакна тој во своето обраќање на свечената церемонија на заклетва на регрутите на австриската армија на националниот празник.
Тој изрази уверување дека Австрија со своето единство како и во минатото добро ќе ја помине оваа криза.
„Пред нас се уште тешки месеци и знам дека не е лесно за сите нас“, рече Курц и додаде дека сегашната криза е без сомнение еден од најтешките предизвици со кои се соочува општеството од Втората светска војна.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Нова снимка од моментот кога дрон погоди база на Кипар
Беспилотно летало стигна до британската воздухопловна база на островот Кипар, изјави на брифинг портпаролот на владата Константинос Летимбиотис.
🇨🇾🚨Confirmed. Iran attacked Cyprus overnight
A drone reached the British airbase on the island, government spokesperson Konstantinos Letymbiotis said at a briefing.
There were no casualties, and only “minor damage” was reported.
The video shows the moment of the strike. pic.twitter.com/tzflBdcvGp
— NEXTA (@nexta_tv) March 2, 2026
Нема жртви, а пријавени се само „мали штети“. Видеото го прикажува моментот на нападот.
Британското Министерство за одбрана објави дека ги преместува семејствата од воздухопловната база на РАФ Акротири на Кипар, откако таа беше цел на сомнителен ирански напад со беспилотни летала синоќа.
Европа
(Видео) Украински дронови погодија клучно руско пристаниште, гори нафтен терминал
Експлозии го потресоа руското црноморско пристаниште Новоросијск во текот на ноќта, а снимките што ги споделија локалните жители покажуваат голем пожар на пристанишниот терминал. Градоначалникот Андреј Кравченко потврди напад со украински дрон и оштетување на неколку згради.
Новоросијск е клучно руско пристаниште за извоз на нафта и дом на поголемиот дел од руската Црноморска флота, која беше преместена таму откако украинските напади ги направија поморските бази во окупираниот Крим небезбедни.
Независниот руски медиум Астра, повикувајќи се на локални извори, објави пожар на нафтен терминал во Новоросијск. „Нафтен терминал во Новоросијск се запали, веројатно како резултат на напад со дрон“, соопшти Астра. Една од снимките што ги сподели Астра ги покажува жителите како трчаат за да се засолнат додека експлозиите одекнуваат низ градот.
Европа
(Видео) Експлозија во британска база во Акротири, Кипар, се сомневаат на напад со дрон
Британското Министерство за одбрана соопшти дека реагира на „напад со беспилотни летала“ врз неговата воена база на Кипар. Експлозијата се случи во базата на Кралските воздухопловни сили во Акротири на полноќ по локално време, но немаше жртви.
„Заштитата на нашите сили во регионот е на највисоко ниво и базата реагираше за да ги заштити нашите луѓе“, изјави портпарол на министерството за CNN. „Ситуацијата е активна и дополнителни информации ќе бидат дадени навремено“.
Regarding the incident that occurred shortly after midnight at the Akrotiri Base, information received through various channels indicates that it involved an unmanned drone, which caused limited damage.
The competent authorities immediately activated the prescribed security…
— Λετυμπιώτης Κων/νος (@letymbiotis) March 2, 2026
Портпаролот на кипарската влада, Константинос Летимбиотис, објави на социјалните мрежи дека во нападот „употребен е беспилотен авион кој предизвикал ограничена штета“. Ниту Велика Британија, ниту Кипар не кажаа за кого веруваат дека можеби стои зад нападот.
🚨 Cyprus media politis shared this video of alerts sounding on the Island pic.twitter.com/hwrswGlf00
— Powerline™ (@PowerlineUk) March 1, 2026
Инцидентот се случува откако Велика Британија ги засили своите воени бази на Кипар со напредни одбранбени мерки за поддршка на безбедноста и стабилноста на Блискиот Исток. Мерките вклучуваат радар, системи против беспилотни летала, борбени авиони Ф-35 и копнена воздушна одбрана.
Секоја потврда за напад врз британска воена база би можела да биде особено значајна бидејќи според Член 5 на НАТО, нападот врз една членка се смета за напад врз сите. Сепак, за другите членки на НАТО да се приклучат на конфликтот, нападнатата земја би морала формално да го повика Член 5.

