Контакт

Европа

Курц: Со милион вакцини „спутник В“ побргу ќе се вратиме во нормала

Објавено пред

Австрија е сè поблиску до склучување договор за набавка на руската вакцина „спутник В“, на што укажува и денешното соопштение на австрискиот канцелар, Себастијан Курц, на социјалните мрежи.

„Со милион дози ‘спутник В’ би можеле порано да се вратиме во нормала“, напиша австрискиот канцелар на својот фејсбук-профил.

Иако Европската агенција за лекови (ЕМА) сè уште не ја одобрила руската вакцина против коронавирусот, Австрија очигледно одлучи да почне билатерална набавка.

Вчера, во Виена беше потврдено дека се работи на набавка на еден милион вакцини „спутник В“ и дека првите испораки може да се очекуваат во април.

Курц порано рече дека единственото нешто што треба да биде важно во оваа борба е вакцината да биде ефикасна и безбедна, а не од каде доаѓа.

Дека договорот е близок, говори и најавата за денешната средба меѓу Курц и рускиот амбасадор во Австрија, Дмитриј Љубински.

Досега се водеа разговори со рускиот амбасадор без присуство на медиумите, а овој пат средбата беше најавена како настан што може да се снима и фотографира.

Во последните месеци Брисел критикува други земји, како што е Унгарија, за набавка на вакцини од Русија и Кина.

Европа

Париз ги суспендира летовите кон Бразил за да спречи ширење на новиот вид

Објавено пред

Француските власти ќе ги прекинат сите летови меѓу Франција и Бразил со цел да се спречи ширењето на новиот вид на коронавирус, откриен во таа јужноамериканска земја, изјави францускиот премиер Жан Касте.

Во обраќањето пред францускиот парламент во Париз, Касте рече дека властите се свесни дека епидемиолошката состојба се влошува и одлучија да ги прекинат сите летови меѓу Франција и Бразил до ново известување.

Неколку водечки француски лекари со денови ги повикуваат властите да го прекинат воздушниот сообраќај на релација со Бразил.

Француската министерка за здравство Оливија Веран минатиот месец изјави дека видови од вирусот корона од Бразил и Јужна Африка се регистрирани кај околу шест проценти од заразените во Франција.

Прикажи повеќе...

Европа

Меркел: Ќе стојам настрана во врска со кандидатот за канцелар

Објавено пред

По веста во светот дека Армин Лашет е новиот кандидат на Демохристијанската партија за нов канцелар на Германија, сите очекуваа Ангела Меркел да се огласи по повод неговата кандидатура.

Како дел од денешното обраќање на Меркел за моментната состојба во врска со коронавирусот во земјата, многумина очекуваа коментар за кандидатурата за претстојните избори, но таа на медиумите им даде само кус коментар – дека не сака да се меша во прашањето кој ќе биде кандидат на ЦДУ/ЦСУ за иден канцелар.

„Сакав, сакам и ќе останам настрана“, рече таа.

Една од причините зошто јавноста сакаше да го коментира изборот на кандидат на нејзината партија е неодамнешниот конфликт што го имаше со Лашет.

Тој се судри со Меркел за антиепидемиските ограничувања, а популарноста што ја уживаше како премиер на Северна Рајна-Вестфалија, најнаселената покраина во Германија, беше компромитирана од хаотичното управување со пандемиската криза.

Многу конзервативци се нервозни за изборите во септември бидејќи Ангела Меркел ги предводеше во четири изборни победи. Таа не поддржа експлицитно ниеден од кандидатите, но навести дека ќе му ја даде својата поддршка на лидерот на ЦДУ.

Прикажи повеќе...

Европа

Германската влада ќе побара привремени овластувања од Бундестагот

Објавено пред

Откога неколку германски покраини не ги спроведоа договорените мерки против ширењето на третиот бран на коронавирусот, владата во Берлин ќе побара од Бундестагот да ѝ даде привремени овластувања за да може да спроведува мерки на блокада во целата земја.

Кабинетот на канцеларката Ангела Меркел се залага за итни измени на законот за заштита од зараза, со цел на федералната влада да ѝ се дадат поголеми овластувања за воведување мерки во одредени ситуации, пренесува „Ројтерс“.

Новиот закон, кој ќе овозможи поголеми федерални овластувања, вклучително и воведување полициски час од 21 до 5 часот наутро, ќе се применува во ситуации кога бројот на заразени на 100.000 жители три дена по ред надминува 100.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Со законски измени ќе се регулираат цените во приватните болници за лекување болни од Ковид-19

Владата на денешната седница ги утврди измените и дополнувањата на Законот за здравствена заштита со кои, меѓу другото, Министерството за...

Македонија4 часа

Отворени термини за закажување вакцинација на граѓани од 73 и 74 години

Министерството за здравство соопшти дека во А1 СЦ „Борис Трајковски“во Скопје, има дополнителни слободни термини за вакцинација на возрасни групи...

Македонија7 часа

Државните функционери ќе имаат ограничување на трошоците за угостителски услуги

Владата на денешната седница ја разгледа и усвои oдлуката за начинот на користење и висината на финансиските средства за угостителски...

Македонија8 часа

Нови 1.129 заболени и 27 починати од Ковид-19

Во последните 24 часа се направени 4.045 тестирања, а регистрирани се 1.129 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје – 458,...

Македонија10 часа

Мијалков останува во притвор поради опасност од бегство

Кривичниот суд му определи притвор на Сашо Мијалков, кој му е одреден сѐ до почнување со издржување на казната затвор....

Македонија11 час

(Видео) Пресуди за „Трезор“: Мијалков осуден на 8 години затвор, а бегалецот Грујевски на 15 години

Првообвинетиот и ексдиректор на УБК, Сашо Мијалков, е осуден на осум години казна затвор во случајот „Трезор“. Во отсуство поради...

Европа12 часа

ЕУ: Ковид-пасошите ќе важат за сите вакцини, а и за граѓаните од трети земји

Дигиталните т.н. зелени сертификати, кои треба да станат оперативни во ЕУ до почетокот на летото, ќе бидат издавани за сите...

Македонија13 часа

Цените за лекување од Ковид-19 во приватните болници ќе се ограничат на 5.000 евра

Министерот за здравство, Венко Филипче, преку социјалните мрежи најави дека на денешната владина седница на дневен ред ќе бидат измените...

Топ14 часа

Во „хамер“ на тетовски дилер пронајдени 100 пакувања кокаин

Во вечерните часови на 12 април, на паркинг од фирма во тетовското село Порој, полицијата го уапсила 31-годишниот дилер А....

Европа14 часа

(Видео) Славење на британските улици, земјата излезе од четиримесечна блокада

Граѓаните на Велика Британија уживаа во своето прво ноќно излегување по неколку месеци. Со оглед на успешниот процес на имунизација,...

Свет15 часа

СЗО: Ова не е ситуација во која сакаме да бидеме

Светската здравствена организација предупредува дека пандемијата на коронавирусот расте експоненцијално. Светската организација претходно објави дека се очекува зголемување на бројот...

Македонија15 часа

Денеска се очекува пресуда за предметот „Трезор“

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да биде изречена пресудата за предметот „Трезор“, кој се однесува на злоупотреба...

Свет15 часа

(Видео) Во САД убиен млад црнец – полицајката мислела дека користи пиштол за електрошокови, а не вистински

Фатално пукање во Минеаполис во кое 20-годишен црнец го загуби животот се чини дека се случило откако пиштолот случајно пукнал...

Регион16 часа

Фајон: Неодговорното однесување на премиерот на Словенија може да доведе до нова војна на Балканот

Коментирајќи го наводното постоење нон-пејпер на словенечкиот премиер Јанез Јанша, европратеничката Тања Фајон рече дека неодговорното однесување во врска со...

Европа16 часа

Словенија загрижена: Луѓето намерно се заразуваат со коронавирус за да може полесно да патуваат

Словенија е загрижена поради опасен тренд што се шири меѓу луѓето со намерно инфицирање со коронавирусот со цел да стекнат...

Свет17 часа

(Видео) Пукање во американско училиште, едно лице убиено, а еден полицаец е ранет

Ученик, кој отворил оган во средно училиште во Ноксвил, Тенеси, беше убиен, а неколку лица, вклучувајќи и полицаец, беа повредени...

Регион1 ден

(Видео) Суспендирани двајца полицајци кои во Мостар претепаа момче поради кршење на мерките

Главна тема во БиХ деновиве е видеото снимено во Мостар на кое се гледа како двајца полицајци брутално тепаат момче....

Свет1 ден

Директорот на СЗО: Контрола над пандемијата е можна за неколку месеци, ако се почитуваат мерките

Директорот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејсус, денес изјави дека проблемот со пандемијата на Ковид-19 сè уште не...

Топ1 ден

Од автомобил паркиран зад полициска станица украл службени легитимации и картичка за влез во МВР

Скопското основно јавно обвинителство поднесе обвинение против 47-годишник, кој на 28 март извршил тешка кражба во близина на полициската станица...

Македонија1 ден

34 починати и 193 нови случаи на Ковид-19

Од Министерството за здравство информираат дека во последните 24 часа се направени 1.192 тестирања, а регистрирани се 193 нови случаи...

Досие