Европа
Кучето на Борис Џонсон кашлало и одбивало да оди на прошетка, имало корона

Додека Борис Џонсон се борел со коронавирусот во болница, неговиот џек расел териер Дилин кашлал, бил слаб и одбивал да оди на прошетка, пишува британски „Мирор“.
Џонсон беше хоспитализиран во болницата Сент Томас во април со треска и кашлица, а сите негови блиски луѓе завршија во самоизолација, вклучително и свршеницата Кери Симондс и министерот за здравство Мет Хенкок, кои исто така се заразија.
Симондс тогаш била бремена, па заедно со Дилин биле во самоизолација во куќа во јужен Лондон каде што живее Џонсон.
Poor @Number10Doggo 🤒🐕 Boris’s dog Dilyn believed to have caught Covid during No 10 outbreak https://t.co/ynkG2Y4YVz via @MetroUK
— Dylan Jeffrey 🙏 (@DylanJeffrey) November 30, 2020
„Познато е дека вирусот ги зарази сите на Даунинг стрит, но се чини дека и малиот Дилин се заразил“, изјави извор од Кабинетот на премиерот за „Сан“, додавајќи:
„Тие не го тестираа, затоа не можеме да бидеме сигурни, но во исто време кога Џонсон беше на интензивна нега, а Симондс почна да ги покажува првите симптоми, Дилин беше многу летаргичен, уморен и не се однесуваше како и обично. Кога гледам наназад во тоа време, можно е и тој да бил заразен. За среќа, и тој и премиерот закрепнаа“.
Официјалниот научен совет на Владата вели дека нема докази дека вирусот може да се пренесе од домашни миленици или дека нивните сопственици можат да им го пренесат ним, но кучињата можат да се заразат и да имаат полесни симптоми.
Бидејќи не бил тестиран, не се знае со сигурност дали Дилин бил заразен со корона или бил само летаргичен бидејќи му недостигал сопственикот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Бретон: Во ред е членките на ЕУ да набавуваат кинески и руски вакцини

Комесарот за внатрешен пазар на ЕУ, Тиери Бретон изјави дека е во ред доколку членките на Унијата сакаат да набават вакцини против коронавирусот од руско и кинеско производство.
Бретон го поздрави потегот на Австрија и Данска да соработуваат со Израел во врска со вакцините, пишува „Политико“.
„Немам страв дека тоа е насочено против кого било. Тоа е само подобрување на глобалната соработка”, рече Бретон.
Бретон е одговорен за разговори со претставници на компаниите „Астра зенека“, „Фајзер“ и „Модерна“, кои произведуваат вакцини против коронавирус.
Запрашан да даде коментар за интересот на Унгарија, Словачка, Полска и Чешка за руската вакцина „спутник В“, тој рече дека сите дози што ги добиваат тие земји се само капка во морето.
„Она што сега ни треба се дози, а не нови вакцини“, рече Бретон, додавајќи дека Унгарија примила 40.000 дози од руската вакцина и дека се потребни милиони, а земјите членки ќе добијат милиони дози вакцини со помош на ЕУ.
Европа
Молдавија прва во Европа доби вакцини преку „Ковакс“

Молдавија е прва европска земја што доби вакцини против коронавирус од глобалната програма Ковакс, објави претседателката Маја Санду.
Таа на „Твитер“ напиша дека првата транша од 14.000 дози вакцини пристигнала во Молдавија синоќа, пренесува „Ројтерс“.
Во Молдавија имунизацијата започна пред три дена со вакцините на „Астра зенека“, донирани од Романија.
Европа
Австралија бара од ЕК да ја преиспита одлуката за блокирање на вакцините од „Астра зенека“

Австралија бара од Европската комисија да ја преиспита одлуката за блокирање на испораката на вакцините на „Астра зенека“ во таа земја, пренесува „Ројтерс“.
Европската комисија и Италија вчера ја блокираа испораката на речиси 250.000 дози вакцини на „Астра зенека“ во Австралија бидејќи тој производител не ги исполнил обврските од договорот со ЕУ.
„Австралија го иницира прашањето пред Европската комисија преку неколку канали и конкретно побара да се преиспита одлуката“, рече австралискиот министер за здравство, Грег Хант.
Тој рече дека Австралија веќе примила 300.000 дози вакцини на „Астра зенека“ и додаде дека процесот на вакцинација не е загрозен. Австралија почна со имунизација пред две недели со вакцинирање на медицинските работници и постарите граѓани со вакцината на „Фајзер“.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа1 недела
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер