Контакт

Свет

Лавров во самоизолација – ја откажа балканската турнеја

Објавено пред

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, ја откажа балканската турнеја бидејќи заврши во самоизолација поради контакт со заразен од Ковид-19. Министерството за надворешни работи соопшти дека 70-годишниот дипломат се чувствува добро, но дека се самоизолирал како мерка на претпазливост. Лавров планира да ги посети Босна и Херцеговина и Србија на 28 и 29 октомври. Во Белград тој требаше да се сретне со српскиот претседател Александар Вучиќ.

dobivaj vesti na viber

Лавров на 26 октомври се врати од Атина, каде што оствари средби со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, министерот за надворешни работи, Никос Дендијас, и со лидерот на опозициската коалиција на радикалната левица, Алексис Ципрас.

Свет

Маж во Франција го убил соседот со моторна пила

Објавено пред

Мажот осомничен за убиство на сосед со моторна пила во францускиот град Вербие е уапсен откако полицијата го пронашла на местото на злосторството облеан во крв, јавија денеска француските медиуми.

dobivaj vesti na viber

Тој прво бил хоспитализиран поради неговата психичка состојба, а потоа бил испрашуван и обвинет, објави Фигаро.

На распитот во полиција 31-годишниот го признал убиството.

Обдукцијата потврдила дека жртвата починала од повреди нанесени од моторна пила во пределот на стомакот.

Осомничениот претходно бил осуден за силување во 2014 година.

Прикажи повеќе...

Свет

Кинеската влада најави мерки за зголемување на наталитетот

Објавено пред

Кинеската влада денеска објави мерки за подобрување на планирањето на семејството и родителството во обид да се зголеми наталитетот.

dobivaj vesti na viber

Државниот совет на Кина повика на напори за изградба на нова култура на брак и породување истакнувајќи дека се усвоени мерки за да се понудат поповолни породилни бенефиции, како и субвенции за децата и нивното образование, објави „Ројтерс“.

Во Кина минатата година наталитетот достигна рекордно ниско ниво.

Прикажи повеќе...

Свет

Детали за престрелката во Австрија: освен градоначалникот, убиено уште едно лице, мештаните се кријат во своите домови

Објавено пред

Утрово, во Милвиертел, Горна Австрија, е убиен градоначалникот на Кирхберг об дер Донау, Франц Хофер. Набргу потоа беше пронајдено уште едно тело, а медиумите ја објавија можноста за трета жртва, што полицијата сѐ уште не ја потврдува.

dobivaj vesti na viber

Во истиот кварт е пронајдена и втората жртва.

Според првите информации, се претпоставува дека градоначалникот е убиен во Алтенфелден, општина што граничи со Кирхберг об дер Донау. Се вели дека осомничениот напаѓач, кој моментно е во бегство, е ловец и се верува дека е вооружен со долга пушка.

Во тек е опсежна потрага, во која се вклучени специјалните сили, вклучувајќи ја и екипата „Кобра“. Пошироката област е опколена, а на местото на инцидентот се ангажирани сите служби за итна помош. Мотивот за злосторството сѐ уште не е познат, но според весникот „Ди пресе“, можно е причина за овој трагичен настан да биде спор за ловот.

На терен се присутни многубројни полициски сили.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Пожарот во хотелот во Берово зафати 200 квадрати – летната тераса пеплосана, најверојатно огнот се раширил од скарата

Скарата на ќумур, најверојатно, го предизвикала пожарот што синоќа го зафати хотелскиот комплекс „Манастир“ во Берово. Kомандирот на противпожарната бригада,...

Македонија3 часа

Тензијата на Ахмети со писмата е политички популизам, „Европскиот фронт“ се раслојува, вели Минчев

Не постои опасност за нарушување на безбедноста на државата на која укажува ДУИ по укинувањето на балансерот за вработување во...

Македонија4 часа

Мицкоски: Како Влада продолжуваме посветено да работиме на реализација на коридорите 8 и 10

„Денеска за нас ова претставува значаен момент бидејќи после две години, буквално после две години, ветувања и празни муабети денеска...

Топ4 часа

Две деца од Кочани и Куманово тешко се повредиле кога, возејќи мопеди, се судриле со автомобили

МВР соопшти за две одделни сообраќајни незгоди што се случиле вчера, а во кои учесници биле деца на мопеди. До...

Македонија5 часа

Мицкоски не го добил писмото од Ахмети

Премиерот, Христијан Мицкоски, изјави дека не го добил писмото од лидерот на ДУИ, Али Ахмети за кое претходно информираа Интегративците...

Македонија6 часа

(Видео) Нов скандал во ЈПДП, пропуштени 40 возила без да платат патарина, вели Илиевски

„Денеска, објавуваме нов скандал поврзан со незаконитости во Јавното претпријатие ‘Државни патишта’. На 29 септември 2024 година на патарините на...

Македонија7 часа

Ахмети му напиша писмо и на Мицкоски: „Секое ново нарушување на меѓуетничките односи би имало последици“

Демократска унија за интеграција (ДУИ) информира дека претседателот на партијата, Али Ахмети, упатил официјално писмо до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан...

Регион8 часа

Бојко Борисов: Ќе соработуваме со сите, освен со ултранационалистите

Бугарската централнодесничарска партија ГЕРБ победи на вчерашните парламентарни избори, покажуваат прелиминарните резултати, но ќе мора да бара коалициски партнер за...

Македонија8 часа

ЈО да отвори истрага за незаконското поставување на Христовски на чело на АНБ, бара СДСМ

„Поставувањето на Бојан Христовски за директор на Агенцијата за национална безбедност е незаконско затоа што тој не ги исполнува условите...

Свет8 часа

Си-ен-ен: Почнаа преговорите меѓу САД, Израел и Катар за прекин на огнот во Појасот Газа

Во Доха почнаа преговорите за ослободување на заложниците и прекин на огнот во Појасот Газа, јави Си-ен-ен повикувајќи се на...

Свет9 часа

(Видео) На митингот на Трамп се нижеа вулгарни и расистички изјави, Маск доби овации

Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп вчера го предводеше предизборниот митинг во Медисон Сквер Гарден во Њујорк, кој започна со серија...

Европа10 часа

Зеленски за соработката со нордиските земји: Заедно ќе го зголемиме притисокот врз Русија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека соработката во форматот „Украина плус Северна Европа“ добива на интензитет, а следната недела се...

Европа10 часа

Украински беспилотни летала гаѓаа фабрика за етанол во руски Воронеж

Украинските беспилотни летала нападнаа фабрика за етанол во руската област Воронеж, предизвикувајќи пожар во еден од индустриските капацитети, а едно...

Македонија19 часа

(Видео) Голема материјална штета направи пожарот во хотелскиот комплекс „Манастир“ во Берово, нема повредени

Голем пожар доцна вечерва избувна во хотелскиот комплекс „Манастир“ во Берово. Како што објавија вечерва на социјалните мрежи пожарникарите од...

Македонија19 часа

Пожар во дел од туристичкиот комплекс „Манастир“ во Берово

Вечерва избувна пожар во дел од туристичкиот комплекс „Манастир“ во Берово, информираат тамошните општински власти. На терен се екипи на...

Регион20 часа

ГЕРБ на Бојко Борисов е во водство на изборите во Бугарија

Победник на најновите предвремени парламентарни избори е партијата на поранешниот премиер Бојко Борисов – ГЕРБ со 26,4 отсто, покажуваат првите...

Свет23 часа

Бројот на жртви во невремето што го погоди Филипини се искачи на 138

Бројот на жртвите во невремето Трами, што го погоди северозападниот дел на Филипините, се искачи на 138, а голем број...

Македонија1 ден

(Видео) Општините го добиваат првиот дел од 250 милиони евра за реализација на капиталните инвестиции

Во Владата денес беше потпишан договорот од првата транша од проектот 250 милиони евра за капитални инвестиции во општините. Дел...

Македонија1 ден

Мицкоски е уверен дека Христовски ги исполнува условите за директор на АНБ, ја повика Антикорупциската комисија случајот да го стави на брза лента

Премиерот Христијан Мицкоски е уверен дека директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски, ги исполнува законските услови. Прашан од...

Македонија1 ден

(Видео) СДСМ бара Христовски итно да се повлече од директор на АНБ: „Користењето на фалсификуван документ е криминал“

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија повика Бојан Христовски итно да биде повлечен од директорската позиција на Агенцијата за национална безбедност. Методија...