Контакт

Свет

Лавров доцнеше час и половина на седницата на ОН, одржа говор и веднаш замина

Објавено пред

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров доцнеше час и половина на седницата на Советот за безбедност на ОН. Потоа во својот говор, меѓудругото, рече дека Украина станала тоталитарна држава, слична на нацистите.

dobivaj vesti na viber

Како што јави „Си-Ен-Ен“, Лавров рече дека има обид да се наметне идејата за руска агресија како извор на сите трагедии, а зборуваше и за историската поврзаност меѓу Украина и Русија.

Тој исто така рече дека е загрижен за судбината на руските војници заробени во Украина и дека не верува во работата на Меѓународниот кривичен суд.

Лавров ја напушти седницата на ОН веднаш штом го заврши својот говор. Потоа збор зеде британскиот министер за надворешни работи Џејмс Клеверли, кој коментираше:

„Лавров не сака да ја слушне колективната осуда на овој Совет“.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

(Видео) Поранешен фудбалер на Звезда, водач на нарко клан кој шверцувал дрога: откриено кој стои зад шверцот на 324 килограми кокаин во Грција

Објавено пред

Водач на шестчлената група, која вчера беше уапсена за 324 килограми кокаин во Солун, е 40-годишниот Живко Бакиќ, поранешен фудбалер на Црвена звезда, објави српски Блиц.

dobivaj vesti na viber

Покрај него, уапсени се: А.М., Н.П., С.Ш., М.С. и С.С., поради постоење на основано сомнение дека сториле кривични дела здружение за извршување на кривични дела во врска со кривичното дело на неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.

Осомничените се обвинети за формирање организирана криминална група во Јужна Америка, Западна Европа, Република Грција и Република Србија во 2020 и 2021 година со цел купување и пренесување на поголема количина на наркотична дрога кокаин преку океански бродови од Јужна Америка на територијата на Западна Европа и Република Србија заради пуштање во оптек и прибавување голема противправна имотна корист, пишува српски Блиц.

И дека во наведениот временски период оваа организирана криминална група купила, пренела и задржала на продажба 324 килограми наркотична дрога кокаин, од Еквадор до пристаништето во Солун во Грција, каде наведената наркотична дрога била запленета од грчката полиција.

Осомничените се приведени во полиција, по што со кривична пријава ќе бидат изведени во јавното обвинителство за организиран криминал, објавија српските медиуми.

Прикажи повеќе...

Свет

Во Шпанија разбиена криминална група: Албанци и Кинези „испрале“ над 65 милиони евра од трговија со дрога

Објавено пред

Шпанската национална полиција, со помош на Европол, уапси 27 лица за перење на повеќе од 65 милиони евра профит од трговија со дрога.

dobivaj vesti na viber

Криминалната мрежа била составена од албански и кинески државјани кои се занимавале со производство и трговија со дрога, како и со перење пари, се наведува во соопштението на Европол.

Мрежата оперирала преку нелегално правно лице преку кое вршела трансфери и прикрила големи суми пари од продажба на дрога, со кои се финансирале нови криминални операции.

При претрес на имотот на уапсените запленети се луксузни часовници и накит во вредност од над 400.000 евра, како и автомобили, телефони и 615.000 евра во кеш.

Истражителите веруваат дека криминалната мрежа испрала повеќе од 65 милиони евра за помалку од една година, од мај 2020 до март 2021 година.

Прикажи повеќе...

Европа

Крвава пресметка меѓу банди во Шведска: Убиецот влегол во ресторан и почнал да пука, најмалку двајца загинати

Објавено пред

Две лица загинаа, а две се повредени во пукање во паб во градот Сандвикен, на истокот на Шведска.

dobivaj vesti na viber

Полицијата верува дека само едно лице било цел и дека пукањето е поврзано со банда.

Истрагата е во тек, а засега никој не е уапсен, пренесуваат медиумите во регионот.

Осомничениот дошол во ресторанот со автомобил, влегол и почнал да пука.

Според полицијата, загинале двајца мажи на возраст од 20 и 70 години, а повредени се една жена на 20-годишна возраст и еден маж на возраст од приближно 45 години.

Шведска во последните години беше погодена од бран престрелки, кои се засилија во последните месеци.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија51 минута

Бугарија јавно ќе ги објавува имињата на сите македонски граѓани што извадиле бугарски пасоши

Бугарските пратеници со 180 гласа „за“ и ниту еден против или воздржан, на прво читање гласаа за измените во Законот...

Македонија3 часа

Беќаровски за забраната од Хрватска: Пиперките што се продаваат на нашите пазари се со многу поголема концентрација на пестициди

Во врска со оспорената пратка на пиперки во Хрватска, која вчера беше потврдена и од страна на Агенцијата за храна...

Македонија3 часа

Отворена закана на Стојанов до Македонците во Пустец: „Ќе ви ги одземеме пасошите ако не се пишете Бугари“

Претседателот на бугарската фондација Македонија Виктор Стојанов упати закана до Македонците од Пустец предупредувајќи ги дека ако не се попишат...

Македонија4 часа

Во дворските игри и дилови Мицкоски да не не меша, сам да си ги решава кавгите, велат од СДСМ

„ДПМНЕ се распаѓа. Внатрешни кавги, дворски игри, обвинувања и препукувања. Големи се внатрепартиските проблеми во ДПМНЕ и анти ЕУ кампусот....

Македонија4 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Во Македонија не владее правото, туку владее мафија, криминалот и корупцијата се главниот приоритет на владата

Во Македонија не владее правото, туку владее мафијата. Во Македонија криминалот и корупција се основниот приоритет на владата на СДС...

Регион5 часа

Габриел Ескобар: Не е точно дека САД не сакаат Срби во новата влада на Црна Гора

Специјалниот американски претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар, изјави дека Вашингтон очекува новата црногорска влада да биде проевропска и реформистичка...

Европа5 часа

Зеленски по средбата со Бајден: Токму тоа им треба сега на нашите војници

Американскиот претседател Џо Бајден му рече синоќа на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека САД ќе ја задржат силната поддршка за...

Свет5 часа

Крипто-менувачница во Хонг Конг под истрага, користеле инфлуенсери и измамиле илјадници луѓе

Полицијата во Хонг Конг ги истражува наводите за измама против платформата за тргување со криптовалути JPEX, откако инвеститорите се пожалија...

Европа5 часа

Експлозија во руски град, илјадници луѓе без струја

Најмалку 5.000 домови останаа без струја во рускиот град Тула, јавува руската режимска агенција РИА. Се наведува дека имало „итен...

Свет5 часа

(Видео) Се преврте училишен автобус во САД, двајца загинати

Автобус со членови на средношколски оркестар на екскурзија во музички камп излета од автопат по стрмен насип во државата Њујорк...

Регион6 часа

Милановиќ ги повика ОН да го признаат Косово; Вучиќ: Жабата виде дека коњот се потковува…

Српскиот претседател Александар Вучиќ вчера се потсмеваше на повикот на претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ, кој побара на Генералното...

Топ15 часа

Mалолетничка е жртвата на тинејџерот од Скопје кој ја прегази возејќи брзо украден автомобил и без дозвола

МВР објави детали за настанот од 30 август, кога 18-годишен скопјанец прегази девојче возејќи брзо, без дозвола и со украден...

Македонија16 часа

Мицкоски би бил најсреќен ако ме удри трамвај во Будимпешта, вели Груевски

Влијание врз пратеници од моја страна немало. ВМРО-ДПМНЕ треба аргументирано да и се спротивстави на Бугарија. Мицкоски раскажува дека ако...

Регион19 часа

Косово врие од лажни евро монети – уапсени и лица од Македонија кои внеле над 10.000 такви монети во Приштина

Келнерите во едно кафуле во Приштина се откажаа од проверката дали монетите од две евра се оригинални или не, бидејќи...

Македонија19 часа

Уставниот суд пресече за преспанскиот договор: „Донесен е во согласност со Уставот“

Уставниот суд одлучи да не поведе постапка за преспанскиот договор, со кој се стави крај на долгогодишниот спор за уставното...

Македонија20 часа

Груевски до членството: Тргнете се од ботовите и платените пропагатори

Експремиерот Никола Груевски порача до членството да се оддалечат од ботовите и платените пропагатори, коментирајќи дека има многу начини да...

Македонија1 ден

Отровен пестицид во пиперки увезени од Македонија откриен во Хрватска

Забранет отровен пестицид е откриен во зеленчук увезен од Северна Македонија, објави Европскиот систем за брзо предупредување за сообраќај со...

Македонија1 ден

„Гардијан“: Северна Македонија и Србија имаат најзагаден воздух во Европа

Европа се соочува со голема јавно здравствена криза бидејќи речиси сите Европејци живеат во области со опасни нивоа на загаденост...

Топ1 ден

(Видео) На Скопска Црна Гора запленети 400 кубици бесправно исечено огревно дрво, приведени 10 дрвокрадци

На 19 и 20 септември, на местото наречено Рамно на планината Скопска Црна Гора, во заедничка акција на Одделот за...

Македонија1 ден

ЦУК: Сите 18 пожари на отворено се изгаснати

Пожари на отворено утрово нема – сите 18 се изгаснати, според информациите од Секторот за операции и координација во Центарот...