Контакт

Свет

Лавров: Москва е загрижена поради активноста на НАТО во близина на руската и белоруската граница

Објавено пред

Русија смета дека засилената активност на НАТО во близина на границите на Русија и Белорусија е загрижувачка, рече рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, пренесува ТАСС.

„Загрижени сме поради растечка активност на НАТО во близина на границите на Белорусија и Русија, како и поради одлуките за натамошно зголемување на воените буџети на земјите членки донесени на самитот на алијансата во Лондон. Овие чекори водат до милитаризација на Европа и се преземаат во спротивност на ветувањата дека нема да ја зајакнат сопствената безбедност на штета на безбедноста на другите“, порача тој.

Лавров посочи на акутната криза на системот за контрола на оружјето.

„Огромна штета врз архитектурата на стратешката стабилност е предизвикана од страна на САД, кои по своето повлекување од антибалистичкиот ракетен договор, го уништија договорот за ИНФ. Во прашање е иднината на новиот СТАРТ. Ние ќе продолжиме соодветно да реагираме на непријателски акции. Во исто време, Русија не бара конфронтација“, рече Лавров.

Тој истакна дека Русија се спротивставува на деструктивните политики што ги спроведуваат Вашингтон и неговите сојузници со позитивна агенда за обединување и е подготвена да го спречи појавувањето нови линии за раздвојување и да создаде зона на еднаква и неделива безбедност и широка соработка од Атлантикот до Тихиот Океан.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Технички проблеми го пореметија авионскиот сообраќај во Велика Британија

Објавено пред

Слетувањето на речиси 60 авиони на компанијата „Бритиш ервејс“ на лондонскиот аеродром Хитроу денеска беше пореметено поради технички проблеми на аеродромот кој има најголем број летови во Европа.Станува збор за речиси 10 отсто од вкупниот број летови, пренесува АП.
        
Во неделата, околу 130 летови беа откажани заради технички проблеми, но не само на „Брит ервејс“, туку и на други компании.

Прикажи повеќе...

Регион

Донаторска конференција: Над милијарда евра собрани како помош за Албанија

Објавено пред

Вкупно 1,15 милијарди евра помош на Албанија се собрани на меѓународна донаторска конференција „Заедно за Албанија“, соопшти европскиот комесар за проширување, Оливер Вархеј во Брисел.

Донаторската конференција се одржува за помош на Албанија, која на 26 ноември беше погодена од силен земјотрес, во кој загинаа 51 човек, а илјадници останаа без покрив над главата. Конференцијата ја отвори претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Во име на институцијата којашто ја предводи таа вети 100 милиони евра од европскиот буџет за помош на Албанија. Албанскиот премиер Еди Рама се заблагодари на донаторите и рече дека не очекувал толкава сума. Проценките се дека штетите од земјотресот се околу милијарда евра.

Прикажи повеќе...

Свет

Лавров: Францускиот претседател Макрон покажа мудрост и желба за дијалог

Објавено пред

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави дека францускиот претседател Емануел Макрон во говорот на безбедносната конференција во Минхен покажал прагматичен пристап кога станува збор за дијалогот со Москва.

„Ова се некои предлози од Франција кои покажуваат вистинска политичка и геополитичка мудрост, прагматизам и желба за дијалог“, рече Лавров пред новинарите и додаде: „Тој повика да се прифати реалноста: Русија постои и Русија влијае на многу процеси во светот. Русија е близу до Европа“, рече Лавров.

Според неговите зборови, 99 проценти од дискусиите на конференцијата во Минхен се фокусирале на пронаоѓање на виновникот.

„Имајќи го тоа предвид, говорот на Макрон беше апсолутно мудар, трезвен и имаше за цел да се изнајде решение, а не обид да се пронајде некој кој ќе се обвини и така да се оправда сопствената пасивност“, рече Лавров.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

Николоски: Бараме да се прикажат целосните снимки каде што Јанева се среќава со Заев

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ,Александар Николоски, вечерва одржа вонредна прес-конференција во врска со објавените ПИ-мерки за случајот „Рекет“, за кој тој вели...

Регион5 часа

Донаторска конференција: Над милијарда евра собрани како помош за Албанија

Вкупно 1,15 милијарди евра помош на Албанија се собрани на меѓународна донаторска конференција „Заедно за Албанија“, соопшти европскиот комесар за...

Македонија6 часа

(Видео) Заев: Судии, обвинители, поротници – ослободете се, ниту Мицкоски, ниту ВМРО-ДПМНЕ не ви можат ништо

„Сите предмети ќе имаат правна разрешница врз основа на фер и траспарентни постапки. На обвинетите ќе им се суди врз...

Македонија7 часа

(Видео) Спасовски – Лајен: Напредoкот на Северна Македонија е импресивен и ги исполни високите очекувања

Техничкиот премиер Оливер Спасовски во рамките на програмата за учество на донаторската конференција „Заедно за Албанија“, што ја организира Европската...

Македонија10 часа

Јанева пред апсењето одела во СЈО, салони за убавина и адвокатски канцеларии

Во кривичниот суд на судењето за случајот „Рекет“ беше презентиран извештајот за тоа каде се се движела ексшефицата на СЈО...

Топ10 часа

Пронајдено безживотно машко тело на Шар Планина

Планинар од тетовско планинарско друштво, кој се движел на тој терен со група планинари, пријавил дека над тетовското с. Вејце,...

Македонија11 час

Таткото на обвинетата сведочеше на судењето за убиството на Пино – Ангела криела дека Фуркан ѝ е дечко

На денешното рочиште за убиството на Пино Секондо, таткото на обвинетата Ангела, Златко Ѓорѓиевски, сведочеше како сведок на одбраната. Обвинителката...

Македонија12 часа

Јовановски двапати бил во куќата на Јанева – снимки од тајното следење пуштени на судењето за „Рекет“

Од посебните истражни мерки што биле спроведувани од 21 јуни 2019 година кон обвинетиот Бојан Јовановски и осудениот Зоран Милески...

Македонија13 часа

Мицкоски го повика Заев на ТВ-дуел: Се надевам ќе се охрабри и ќе ја прифати поканата

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, го повика претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на ТВ-дуел. Тој вели дека добил покана од...

Македонија13 часа

Пуштен билетот за едно возење во ЈСП

ЈСП информира дека во употреба е пуштен билетот за едно возење и може да се купи директно во автобус и...

Свет15 часа

Над 160 милиони луѓе во Кина нема да се вратат на работа поради коронавирусот

Во Кина и во светот продолжува борбата со епидемијата на коронавирусот. Речиси 160 милиони луѓе сепак нема да се вратат...

Топ15 часа

Тешко повреден пешак во сообраќајна несреќа во Охрид

Шеесет и двегодишна жена е тешко повредена во сообраќајна несреќа што се случила вчера во Охрид. Според информациите на полицијата,...

Свет16 часа

Над пет тони кокаин пронајдени на Костарика

Властите на Костарика соопштија дека заплениле над пет тони кокаин, што е најголема таква заплена во оваа централноамериканска земја. Министерството...

Свет16 часа

(Видео) Вооружени крадци во Хонгконг украле стотина ролни со тоалетна хартија

Вооружени крадци утрово украле стотина ролни тоалетна хартија во вредност од речиси 130 долари во Хонгконг, каде што поради коронавирусот...

Свет17 часа

Орбан: Унгарија е иднината на Европа

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, синоќа, во обраќањето пред нацијата, рече дека Будимпешта научила дека не мора да ѝ се...

Македонија1 ден

Рот: Законот за ЈО е клучен чекор за европската иднина, останува ЕУ да испорача

Законот за Јавното обвинителство е клучен чекор за владеењето на правото и европската иднина на Северна Македонија, напиша на „Твитер“,...

Македонија1 ден

Митрески: Законот за Советoт на јавни обвинители не се носи со двојно мнозинство

Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески на социјалните мрежи сподели листа на закони кои се носат со двојно...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски: Изгласувањето на Законот за ЈО е спротивно на процедурите

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на прес-конференција изјави дека изгласувањето на Законот за јавно обвинителство било „се, само не правда,...

Македонија1 ден

Пендаровски ги потпиша Законите за ЈО и за Советот на јавни обвинители

Претседателот Стево Пендаровски, попладнево ги потпиша Указите за прогласување на повеќе закони кои беа усвоени во Собранието. Потпишани за законите...

Македонија1 ден

Димовски: Законот за Советот на јавни обвинители не е донесен, немаше бадентер

Законот за Советот за јавни обвинители не е донесен, истакна пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски и рече дека...

Досие