Свет
Лавров: Нема место за емоции во дијалогот помеѓу Русија и НАТО
Русија е подготвена да поттикне дијалог со НАТО, но тој не треба да се базира на емоции, туку професионален, изјави министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров.
„Подготвени сме да разговараме, но професионално, а не емоционално“, изјави шефот на руската дипломатија пред новинарите по заедничкиот состанок на министрите за надворешни работи, министрите за одбрана и државните секретари на Советот за безбедност на Организацијата за колективна безбедност (ЦСТО), одржан во Таџикистан, пренесува ТАСС.
Тој изјави дека НАТО во моментот се обидува да ја убеди Москва да се врати на ревизијата на виенскиот документ за транспарентноста на воените активности со цел да биде дополнително обврзувачки.
„Ние им велиме: виенскиот документ е склучен и патем ние го спроведуваме од 2011 година, од моментот на воспоставување балансиран однос помеѓу силите на Руската Федерација и НАТО на европскиот континент. Запад во моментот се обидува да ги заостри инспекциите. Не сме подготвени за тоа, едноставно затоа што Западот се обидува драстично да го промени постојниот баланс“, рече Лавров.
Тој нагласи дека ако НАТО сака да го подобри виенскиот документ, Русија предлага враќање „на позициите што двете страни ги држеа во доцните 90-ти години“, со цел да се обезбеди меѓусебна доверба уште потранспарентно.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

