Свет
Лавров: По авионската несреќа со украинските затвореници, Украина прогласи победа

Министерот за надворешни работи Сергеј Лавров одржа прес-конференција по активностите во Обединетите нации. Лавров најмногу внимание посвети на вчерашното украинско соборување на авионот „ил-76“ со украински затвореници.
Тој нагласи дека не е загрижен дали меѓународната заедница ќе ѝ верува на Русија во врска со авионот и потсети на случајот со Буча.
„На Русија не ѝ е грижа дали меѓународната заедница ќе ѝ поверува во врска со авионот. Две години подоцна сè уште нема факти од Буча“, рече тој.
Како што истакна, меѓународната заедница олицетворена во претставници на Западот и медиумите веќе ја докажа својата дискредитирана позиција.
„Воопшто не сум нервозен поради фактот што меѓународната заедница можеби нема да верува“, нагласи рускиот министер.
Тој рече и дека во оваа пригода Русија побарала итна седница на Советот за безбедност на ОН.
Според него, била договорена размена на заробеници меѓу Русија и Украина, но, наместо тоа, Киев извршил напад врз авионот со ракети. Лавров додаде дека Русија сега ги утврдува фактите за падот на воениот транспортен авион со украински затвореници.
Украина не можеше да знае дека е планирана размена на затвореници во Белгородската област, посочи шефот на руската дипломатија.
Лавров на прес-конференција по учеството во активностите на Советот за безбедност на ОН рече дека нападот на авионот е уште еден пример за тоа како режимот во Киев користи терористички методи.
Рускиот министер го привлече вниманието на фактот дека Киев прогласи „уште една победа“ веднаш по падот на авионот, но набргу, по расчистувањето на околностите, почна да ги турка овие најави под тепих, пренесува „Спутник“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Намалено предупредувањето за Хаваите

Предупредувањето за цунами за Хаваите е намалено, објави Тихоокеанскиот центар за предупредување од цунами.
Ова значи дека постои можност за силни бранови, мали поплави и силни струи, но не се очекува големо цунами.
„Евакуираните можат да се вратат дома“, рече гувернерот на Хаваи, Џош Грин.
На луѓето им се советува да возат полека и да бидат безбедни, а воедно да внимаваат на поплави во некои области.
Според Пацифичкиот центар за предупредување од цунами, бран од 1,74 метри досега беше регистриран во Кахулуи, Мауи, додека бран од 1,5 метри беше регистриран во Хаила, Хаваи.
Свет
Земјотрес во Русија на 30 јули предизвика цунами во Америка на 29 јули

Силен земјотрес со јачина од 8,8 степени според Рихтеровата скала го погоди полуостровот Камчатка на рускиот далечен исток во среда наутро во 11:24 по локално време. Наскоро, четири бранови цунами го погодија Северо-Курилск во руската Сахалинска област.
Сепак, до моментот кога првите бранови на цунамито стигнаа до Хаваите неколку часа подоцна, според локалното време таму, беше вторник вечер.
Тоа е затоа што брановите, во календарска смисла, се вратија „во минатото“.
Додека се движеле на исток, брановите oд цунамито ја преминале Меѓународната датумска линија, невидлива граница што го дели Тихиот Океан и разграничува еден ден од следниот.
Фото: Цунами во Русија по потресот
Свет
Земјотресoт на Камчатка силен како 15.800 атомски бомби фрлени врз Хирошима

Земјотрес со јачина од 8,8 степени, како оној на Камчатка, ослободува огромна количина енергија.
За споредба, атомската бомба фрлена врз Хирошима ослободи речиси 15 килотони енергија од ТНТ (тоа се околу 6,3 × 10¹³ џули).
Земјотрес со јачина од 8,8 степени ослободува приближно 1×10¹⁸ џули енергија.
Ако го поделиме тоа: 6,3×10131×1018≈15.873
Значи, земјотресот со јачина од 8,8 степени бил приближно 15.800 пати посилен (во однос на ослободената енергија) од атомската бомба фрлена врз Хирошима.