Свет
Лавров: САД испратија сигнали дека немаат никаква врска со обидот за бунт на Вагнер
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека руските разузнавачки агенции веќе истражуваат дали украинските или западните разузнавачки служби биле вмешани во бунтот на Евгениј Пригожин и неговата паравоена формација Вагнер.
„Јас работам во оддел кој не собира докази за незаконски активности“, рече Лавров во интервју за РТ, одговарајќи на прашањето дали има докази дека ниту Украинските и западните разузнавачки служби не биле вклучени во настаните во саботата.
Тој посочи дека постои можност американската разузнавачка служба да не сакала да ги информира другите дека се подготвува бунт во Русија со надеж дека ќе успее.
„Медиумите објавија дека американската разузнавачка служба знаела за претстојниот бунт неколку дена однапред, но одлучила никому да не кажува за тоа. Очигледно, со надеж дека бунтот ќе успее“, рече Лавров, додавајќи дека тој бил наведен да верува во тоа од вестите на Си-Ен-Ен, во кои се наведува дека се очекувало обидот за бунт на Вагнер да биде „многу покрвав отколку што всушност е“, рече Лавров.
Тој изјави дека американската амбасадорка во Русија Лин Трејси им „сигнализирала“ на руските власти дека Вашингтон нема никаква врска со бунтот на Русите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Ирак: Соборен дрон кај меѓународниот аеродром во Багдад
Ирачките власти соопштија дека дрон бил соборен во близина на меѓународниот аеродром во Багдад, без жртви или материјална штета, јави Анадолу.
Во соопштение пренесено од Ирачката новинска агенција (ИНА) се наведува дека леталото било пресретнато на надворешниот периметар на аеродромот.
Генерал-потполковник Саад Маан изјавил дека станува збор за мало беспилотно летело и потврдил дека нема човечки или материјални загуби.
Овој развој на настаните доаѓа откако претходно во Ербил, на северот на Ирак, се слушнале експлозии по напад со дрон насочен кон американскиот конзулат и градскиот аеродром, каде биле активирани системите за противвоздушна одбрана. Дроновите биле пресретнати, но нема потврда за нивниот точен број.
Свет
(Видео) Нови снимки од Бејрут: Хотел тешко оштетен во израелски напад
Нови снимки од либанската престолнина Бејрут покажуваат сериозни оштетувања на хотел во населбата Хазмие, источно од центарот на градот, додека израелските напади продолжуваат.
На снимките се гледа тешко оштетена фасада на хотелската зграда по нападот.
Hazmieh now pic.twitter.com/Q1lN9MoKlC
— Pheebs (@galpalpheebs) March 4, 2026
Фото: ЕПА
Свет
Мерц: Трамп ме увери дека американската војска ќе остане во Германија
Американскиот претседател Доналд Трамп потврдил дека САД планираат да ја задржат својата воена присутност во Германија, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц по средбата со него во Белата куќа.
„Трамп уште еднаш ме увери дека САД имаат намера да ја задржат својата воена присутност во Германија“, изјави Мерц во Вашингтон, додавајќи дека тоа се добри вести.
Во последните месеци се шпекулираше дека, поради критичкиот став на Трамп кон Европа, би можело да дојде до повлекување на американските трупи од Германија.
Мерц рече дека со Трамп разговарале и за подобра организација на заедничкото одвраќање пред самитот на НАТО во Анкара во јули.
Тој додаде дека Трамп признал дека Германија презела водечка улога во зајакнувањето на европскиот столб на НАТО и дека САД го почитуваат германското вложување во војската.

