Контакт

Европа

„Ла Република“: Заразата разгорена поради предизборен митинг на Салвини

Објавено пред

Откако лидерот на партијата Лига, Матео Салвини, на 25 септември одржал предизборен митинг во мал град во близина на Рим, има бум на новозаразени, пишува весникот „Ла Република“.

Само во последните 24 часа бројот на заразени се искачил на 73 во едно мало гратче со околу 43.000 жители, а локален весник како „воен билтен“ ја опишува ситуацијата со зголемениот број инфекции.

Меѓу заразените е и еден од организаторите на предизборниот митинг, кандидатот за градоначалник на Лига, Валентино Џулијани, со кого лидерот на партијата Салвини вечерал во ресторан по завршувањето на митингoт.

Локалните здравствени институции организираат масовно тестирање за Ковид-19, пред градот да се претвори во „црвена зона“, пишува „Ла Република“.

Актуелниот градоначалник ги повика граѓаните да бидат крајно внимателни и строго да ги почитуваат мерките за заштита и апелираше да избегнуваат собири, односно да ги напуштаат своите домови само кога тоа е неопходно.

Европа

Во Чешка опаѓа бројот на новозаразени

Објавено пред

Во Чешка се намалува бројот на новозаразени лица така што во последните 24 часа се регистрирани 12.977 нови случаи, а 128 лица починаа.

Денешниот биланс на новозаразени е за три илјади помалку од претходниот ден.

Податоците на чешкото Министерство за здравство покажуваат дека бројот на заразени се зголемил на 297.013, а бројот на смртни случаи се искачил на 2.675.

Според Ројтерс, Чешка се соочува со најбрза стапка на инфекција во Европа во последните две недели. Во таа земја пред два дена е воведен полициски час.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Едно лице убиено во напад со нож во Ница, постои сомнеж за терористички напад

Објавено пред

Едно лице е убиено, а неколку се повредени во напад со нож во близина на црква во Ница, пренесуваат француските медиуми.

Францускиот министер за внатрешни работи Жерал Дарманен изјави дека во тек е полициска акција во Ница, пренесува „Ројтерс“.

Градоначалникот на Ница, Кристијан Естроси, потврди дека наводниот сторител е уапсен и ѝ се заблагодари на полицијата за брзата реакција.

„Јас сум со полицијата на самото место. Потврдувам дека сè сугерира на терористички напад во близина на базиликата“, рече тој.

Прикажи повеќе...

Европа

Над 80 отсто од заболените од Ковид-19 во една шпанска болница имале недостиг на витамин Д

Објавено пред

Група медицински експерти за интензивна нега и биохемичари од болницата во Сантандер ја проучуваа улогата на витаминот Д во ранливоста на пациентите со Ковид-19 и дојдоа до драматични бројки.

Во студијата објавена во „Журнал за клиничка ендокринологија и метаболизам“, тие откриле дека недостаток на витамин Д е пронајден кај 82,2 проценти од пациентите кои имале тешки симптоми на вирусот.

Експертите го спровеле истражувањето поради дискусиите за улогата на витаминот Д, или неговиот недостаток, кај пациентите со Ковид-19.

Истражувачите од Сантандер откриле и дека луѓето со Ковид-19, кои исто така имале недостаток на витамин Д, имале поголема веројатност да имаат проблеми со висок крвен притисок и кардиоваскуларни болести.

Зошто витаминот Д има таков ефект врз одредени системи сè уште не е целосно јасно. Бројни студии, сепак, покажаа дека овој витамин веројатно има навистина позитивно влијание врз имунолошкиот систем.

Студијата наведува дека пациентите со Ковид кои имале недостиг на витамин Д морале подолго да останат во болница од оние со нормално ниво на витамин Д.

Студијата заклучува дека врската помеѓу нивоата на витамин Д и сериозноста на болеста и, следствено, стапката на смртност на пациентите не е докажана, но дека постои силна статистичка врска помеѓу недостаток на витаминот Д кај болничките пациенти и должината на третманот.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа41 минута

(Видео) Едно лице убиено во напад со нож во Ница, постои сомнеж за терористички напад

Едно лице е убиено, а неколку се повредени во напад со нож во близина на црква во Ница, пренесуваат француските...

Македонија2 часа

МОН најави реформа на учебниците по честите реакции за грешки и стереотипи во нив

Министерството за образование и наука формираше работна група којашто развива концепт за целосна и суштинска промена на учебниците за основно...

Македонија2 часа

Стапија во сила новите мерки – забрането е групирање по 22 часот, казната е 500 евра

Од денеска забрането е групирање на отворено на повеќе од четири лица по 22 часот, а казната за непочитување на...

Свет2 часа

Едно од ретките места во светот без коронавирус ги забележа првите два случаја

Маршалските Острови, едно од последните места во светот каде што немаше коронавирус, ги забележаа првите два позитивни случаја, пишува Би-би-си....

Македонија3 часа

Од денеска маските се задолжителни на отворено

Собранието синоќа со 53 гласови „за“, 26 воздржани и ниту еден глас против ги изгласа измените во Законот за заштита...

Македонија3 часа

Седница на Советот за безбедност за состојбата со коронавирусот во Македонија

Во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски во „Вила Водно“ со почеток во 11 часот, ќе се одржи седница на Советот...

Европа13 часа

(Видео) Од петок карантин во цела Франција

Францускиот претседател Емануел Макрон прогласи каратин од петок што ќе трае најмалку до 1 декември. „Бранот се рашири низ цела...

Македонија13 часа

Славјанка Петровска позитивна на коронавирус, качила температура додека била на седница во Собранието

Актуелната пратеничка во Собранието од СДСМ и поранешна дополнителна заменичка на министерот за внатрешни работи во техничката влада Славјанка Петровска...

Македонија14 часа

Во Скопје рекорден број новозаразени, Аеродром надмина 700 активни случаи

Во Скопје во изминатите 24 часа се регистрирани рекордни 422 нови случаи на Ковид-19, а во тој период починале тројца...

Македонија15 часа

Рекордни 870 нови случаи на коронавирус во Македонија, починаа 14 лица

Во последните 24 часа во Македонија 14 лица починаа од коронавирус, а потврдени се 870 нови случаи од  2.647 тестирања,...

Свет17 часа

Германија воведе строги мерки: рестораните, кината и баровите ќе бидат затворени 4 недели

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави денеска дека германските власти се согласиле на четиринеделен делумен карантин. Во овој временски период затворени...

Македонија20 часа

МОН го повлече учебникот по македонски јазик за петто одделение

Министерството за образование и наука го повлече учебникот по македонски јазик за петто одделение поради несоодветна и дискриминирачка содржина. „Во...

Македонија21 час

Пауновски: Нови вработувања ќе има в година, дотогаш ќе се снаоѓаме

Државниот пазарен инспекторат добил од Владата ветување дека в година ќе им бидат одобрени бараните 20 нови вработувања. Директорот на...

Македонија21 час

Поради контакт со Спасовски, само едно лице е во изолација

Државниот санитарен и здравствен инспекторат издал само едно решение за изолација на лице што било во контакт со министерот за...

Македонија21 час

Пожарникарите протестираа пред канцеларијата на Шилегов

Пожарникарите на мирниот протест пред канцеларијата на градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, порачаа дека не се откажуваат од своето барање...

Македонија22 часа

Поранешениот шеф на кабинетот на Мијалков, Тони Јакимовски, осуден на шест години затвор

Поранешениот шеф на кабинетот на ексдиректорот во УБК, Сашо Мијалков, Тони Јакимовски, е осуден на шестгодишна затворска казна во случајот...

Македонија22 часа

„Изброј до 15 пред да ја заколеш жена ти“ – совет во учебник по македонски за шесто одделение

„Изброј до 15 пред да ја заколеш жена ти“ – ова е совет во учебник по македонски за шесто одделение....

Македонија23 часа

Советот за безбедност ќе одржи седница за состојбата со коронавирусот

Во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски во „Вила Водно“, утре, 29 октомври, со почеток во 11 часот, ќе се одржи...

Свет23 часа

Куба ја регистрира својата втора вакцина против коронавирусот

Куба официјално регистрира втора вакцина против Ковид-19, а испитувањата се очекува да почнат набргу, објави „Агенсија Кубана де нотисијас“ (АКН)....

Македонија1 ден

Мицкоски: Бремените жени да се ослободат од работа поради загадувањето и пандемијата

Поради високата загаденост на воздухот, паралелно со пандемијата на Ковид-19, апелирам бремените жени да се ослободат од работа, и во...

Досие