Свет
Лекот „РЛФ-100“ покажува позитивни резултати кај тешко заболените од коронавирус
Швајцарската компанија и нејзиниот американски партнер објавија дека нивниот лек „РЛФ-100“ („авиптадил“) покажува позитивни резултати кај пациенти со коронавирус, кои имаат тешка клиничка слика.
Ова го соопштија компаниите Relief Therapeutics и NeuroRx, а директорот на компанијата Relief Therapeutics рече дека е оптимист кога станува збор за лекот за пациенти со коронавирус.
Тоа е „РЛФ-100“ или „авиптадил“ и тие се надеваат дека ќе добијат одобрение за третман со овој лек во следните неколку месеци.
Швајцарската групација ги поседува правата на лекот во САД и Европа, а нејзиниот американски партнер NeuroRx спроведува клинички испитувања на лекот во таа земја врз пациенти заразени од коронавирус, кои се сериозно болни.
Американската администрација за храна и лекови претходно одобри „авиптадил“ за итен третман на тешки пациенти со Ковид-19 и покрај тоа што тие не се дел од клиничкото испитување спроведено од NeuroRx. Двете компании во заедничко соопштение објавија дека лекарите го завршиле својот прв извештај за закрепнување на пациентите што користеле „РЛФ-100“ за време на третманот против коронавирусот. Во извештајот се наведува дека маж (54), кој се заразил со Ковид-19, е отстранет од механички апарат за дишење по четири дена третман со „РЛФ-100“.
Слични резултати подоцна се забележани кај повеќе од 15 пациенти, според лекарите од болницата во Хјустон, кои ги лекувале овие пациенти. Во изјавата на двете компании исто така се тврди дека независни истражувачи од Бразил објавија дека „авиптадил“ го блокира разможувањето на коронавирусот во човечките белодробни клетки и имунолошките клетки, јавуваат регионалните медиуми.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Потона брод во близина на брегот на Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот
Романските спасувачки тимови денеска трагаа по тројца исчезнати членови на екипажот на товарен брод што потона во близина на брегот на Црното Море, соопштија поморските власти.
Информациите кои ги добиле се дека рано утрината дека бродот „Мохамад З“ под знаме на Танзанија потонал на 26 наутички милји од дунавското село Сфанту Џорџ.
Во потрагата и спасувањето биле вклучени Морнаричкиот центар за координација на спасување (МРЦЦ), граничната полиција и два блиски комерцијални брода.
Засега не се познати причините поради кои бродот потонал.
Европа
Шолц ја откажа изборната кампања и ги посети поплавените региони во Германија
Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска ги посети поплавените региони во западната германска сојузна покраина Сарланд, каде обилните дождови предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето, а неколку згради беа евакуирани.
Шолц ја откажа својата изборна кампања во Сар, на границата со Франција, и наместо тоа, го обиколи делумно поплавениот пат во селото Клајнблитерсдорф заедно со регионалниот гувернер Анке Релингер.
Тој ја потврди солидарноста на сојузната влада со Сарланд.
„За жал, не е првпат да треба да се справиме со голема природна катастрофа, па ќе разгледаме што треба да се направи овде и што е неопходно“, им рече Шолц на новинарите.
Службите за итни случаи одговорија на илјадници повици за помош во главниот град на покраината, Сарбрикен.
Регион
Во Будва уловена сина ајкула тешка 200 килограми
Сина ајкула долга повеќе од три метри и тешка 200 килограми е уловена во Будва.
Уловите на сина ајкула од минатите години покажуваат дека овој вид ајкула најчесто се среќава во Јадранското Море на пролет.
Рајко Бојановиќ, член на спортскиот риболов клуб „Ширун“, улови ајкула и рече дека ќе биде препарирана во Природонаучниот музеј на Црна Гора, а изложбата е планирана за септември.