Контакт

Свет

Либан седми ден парализиран од протести – банките затворени, а граѓаните се без кеш

Објавено пред

Судири помеѓу либанската армија и демонстрантите избија на денешните протести поради економските реформи што ги предложи владата.

Стотици илјади луѓе седум дена излегуваат на улица и ги обвинуваат политичарите дека ја уништиле економијата.

Банките веќе шести ден се затворени, како и училиштата, а голем број автопатишта се блокирани.

Владата на премиерот Сад ал Харири во понеделникот најави итен пакет реформи со цел да го ублажи бесот на демонстрантите кои бараат владата да поднесе оставка и да се спречи претстојната финансиска криза.

Во моментов никој не знае кога банките повторно ќе започнат со работа, поради што постои предупредување за потенцијална навала на клиентите кога филијалите конечно ќе ги отворат своите шалтери.

„Навистина се плашиме од панична реакција кога повторно ќе се отворат банките“, изјавил од Бејрут претседателот на Светската асоцијација на либански бизнисмени, Фуад Змохол.

Тој и други експерти велат дека проблемот не е либанската фунта, туку државните резерви на долари што се потребни за да плати увозот, од кој земјата е силно зависна.

 

Регион

Шаленберг: 2021 година не смее да биде изгубена година за Балканот и за ЕУ

Објавено пред

Министрите за надворешни работи на ЕУ ќе разговараат за Русија и Западен Балкан на состанокот в понеделник во Брисел. По барање на Австрија и осум други членки на ЕУ, Западен Балкан ќе биде на дневен ред на состанокот на Советот на министрите за надворешни работи.

Во однос на пристапот на тој регион кон ЕУ, 2020 година е изгубена година за целиот Западен Балкан, изјави шефот на австриската дипломатија, Александар Шаленберг.

Тој во изјавата посочи дека 2021 година не смее да биде уште една изгубена година бидејќи штетата ќе биде поголема.

Ако ЕУ му сврти грб на Западен Балкан, некој друг ќе го пополни вакуумот, предупреди Шаленберг.

Кога станува збор за Русија, ќе се разгледаат состојбите во односите меѓу Унијата и Москва, како и натамошните активности на Брисел, рече тој.

Според најавите, ќе се дискутира и за односите меѓу САД и ЕУ, па се планира обраќање на американскиот претставник за борба против климатските промени, Џон Кери, преку видеоконференција.

Во вторник министрите за европски прашања ќе разговараат за прашањето на таканаречените дигитални сертификати за коронавирусот.

Во рамките на ЕУ постои неединство за прашањето за враќање на слободата на патување, без карантин.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Познато е каде на Земјата може да паднат делови од кинеската ракета

Објавено пред

Повеќето остатоци од големата кинеска ракета за кои се очекува дека викендов ќе се вратат во атмосферата ќе изгорат при враќањето и, најверојатно, нема да предизвикаат штета, рече денеска портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Ванг Венбин. Астрофизичар од „Харвард“ даде свои процени за местото на кое би паднала ракетата.

Локацијата на влегување на ракетата во Земјината атмосфера може да се одреди само неколку часа пред нејзиното влегување од вселената во Земјината атмосфера, соопшти Американската вселенска команда.

Говорејќи во Пекинг, Ванг Венбин рече дека Кина внимателно го следи враќањето на ракетата во атмосферата и дека повеќето од нејзините компоненти ќе бидат изгорени по враќањето.

„Можноста овој процес да предизвика штета на површината е исклучително мала“, рече тој.

Остатоците од ракетата „Лонг март 5Б“, најверојатно, ќе паднат во меѓународните води, објави кинескиот „Глобал тајмс“.

Со оглед на моментната траекторија на ракетата, остатоците, најверојатно, ќе паднат во северната хемисфера во висина на Њујорк, Мадрид или Пекинг, а јужно во Чиле или Велингтон или некаде помеѓу нив, рече астрофизичарот од „Харвард“, Џонатан Мекдауел.

Шефот на Пентагон, Лојд Остин, во четвртокот изјави дека Американците нема да ја уништат кинеската ракета индиректно критикувајќи го Пекинг дека изгубил контрола.

Според американските медиуми, ова не е првпат Кина да ја изгуби контролата над леталата при нивното враќање на Земјата. Во април 2018 година вселенската лабораторија „Тијангонг-1“ се распадна додека минуваше низ атмосферата две години откако престана да работи. Кинеските власти тогаш негираа дека изгубиле контрола над лабораторијата, пишуваат светските медиуми.

Прикажи повеќе...

Свет

СЗО ја одобри кинеската вакцина на „Синофарм“ за итна употреба

Објавено пред

Светската здравствена организација (СЗО) објави дека кинеската вакцина на „Синофарм“ против Ковид-19 е одобрена за итна употреба, пренесува АП, наведувајќи дека ова отвора пат за милиони дози да стигнат до најсиромашните земји.

Одобрението за итни случаи е специјално овластување за употреба на одредено медицинско помагало, кое се издава во итни ситуации, за време на итни случаи во јавното здравство, со цел тој медицински препарат да биде достапен што е можно побргу за луѓето на кои им е потребно.

Една од двете кинески вакцини што веќе им се дадени на стотици милиони луѓе во Кина и во странство е исто така и првата вакцина против коронавирус одобрена од СЗО, која не е развиена на Запад, пренесува „Ројтерс“.

Одлуката на советничката група на СЗО отвора можност вакцината на „Синофарм“ да биде вклучена во програмата „Ковакс“, која е поддржана од Обединетите нации, во следните недели или месеци, како и да се дистрибуира преку УНИЦЕФ и регионалната канцеларија на СЗО во Америка, додава АП.

„Попладнево, СЗО ја стави вакцината на Пекинг против Ковид-19 на списокот за итна употреба, со што стана шеста вакцина што доби валидација на СЗО за безбедност, ефикасност и квалитет“, рече генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејсус. „Ова го проширува списокот на вакцини што ‘Ковакс’ може да ги купи и ова им дава доверба на државите да го забрзаат одобрувањето од своите регулаторни тела и да ја увезат и да им ја дадат вакцината на своите граѓани“, додаде тој.

СЗО веќе ги одобри вакцините на „Фајзер/Бионтек“, на „Астра зенека“, како и нејзината верзија произведена на Институтот во Индија, на „Џонсон и Џонсон“, а на „Модерна“ доби одобрение пред само шест дена.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Пендаровски негира дека службената белешка за Камчев излегла од неговиот кабинет

Шефот на државата, Стево Пендаровски, е загрижен што службената белешка со назнака „строго доверливо“ од Агенцијата за национална безбедност, по...

Македонија3 часа

Пендаровски: Казните за осудените за 27 април се заслужени и за тоа нема компромис

Претседателот Стево Пендаровски, по средбата со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, рече дека не заговара преотворање на процесот и ново...

Македонија4 часа

Мицкоски: Не бараме амнестија, туку правда за осудените за нападот во Собранието

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, тврди дека заедно со шефот на државата, Стево Пендаровски, постигнале договор дека осудените за настаните...

Македонија5 часа

Во Македонија 234 нови случаи на коронавирус, починаа 25 лица

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 234 нови случаи на коронавирус, починаа 25 лица, а оздравеа 768 пациенти,...

Македонија5 часа

Министерството за здравство ќе ги објави цените на кинеските вакцини

Министерството за здравство ќе ги објави цените на кинеските вакцини и деловите од договорите за набавката за кои ќе добие...

Македонија5 часа

Филипче: Ефикасноста на вакцината на „Синовак“ е поголема од 50 проценти

Ефикасноста на кинеската вакцина „Синовак“ е многу поголема од педесет отсто, уверува министерот за здравство Венко Филипче. Во текот на...

Македонија6 часа

Во периодот што следи приоритет за вакцинирање ќе имаат хронично болните

Во периодот што следи приоритет ќе се даде на вакцинирање на возрасните гупи и хронично болните, а сосема мал дел...

Македонија8 часа

Филипче се вакцинираше: Вакцините се безбедни и сигурни

Министерот за здравство Венко Филипче денеска ја прими вакцината за заштита од Ковид-19 од кинеската „Синофарм“. Иако пред да стигнат...

Македонија11 час

Вчера се вакцинирале 12.606 граѓани

Министерството за здравство соопшти дека вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Исто така се наведува дека интересот...

Свет11 час

Пентагон: САД не планираат да ја соборат кинеската ракета која неконтролирано кружи околу Земјата

САД се надеваат дека кинеската ракета, која неконтролирано кружи околу Земјата, ќе падне на безбедно место и засега не планираат...

Регион11 час

(Видео) Хаос во косовското Собрание: Пратеници се туркаа, опозицијата побара оставка од министерката

Во Собранието на Косово имаше тензии меѓу пратениците на Демократската партија на Косово и Самоопределување, при што дојде до турканици...

Македонија11 час

Вархеји: Албанија би можела да ги почне разговорите за членство во ЕУ без Северна Македонија

Доколку продолжи бугарската блокада на Македонија, Брисел би можел да ги раздвои разговорите со Скопје и Тирана за членство во...

Регион11 час

Хрватска ќе им донира вакцини од „Астразенека“ на земјите од регионот

Хрватска ќе донира 50.000 дози вакцини за земјите во регионот, и тоа 30.000 за Босна и Херцеговина и по десет...

Свет11 час

Повторно пукање во училиште во САД: Ученичка пукаше во наставничката и соучениците

Повторно пукање во училиште во САД. Ученичка од шесто одделение извадила пиштол од ранецот и пукала во соучениците и наставничката....

Македонија1 ден

Во Македонија 324 нови случаи на коронавирус, починаа 26 лица

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 324 нови случаи на коронавирус, а пријавени се 1.178 оздравени и 26...

Македонија1 ден

Антикорупциска утврдила дека парите платени на приватна фирма за кинески вакцини се вратени

Документот кој го објави ВМРО-ДПМНЕ за исплата на пари од Министерството за здравство, со цел набавка на кинески вакцини, го...

Македонија1 ден

Заев: Само со нови докази повторно отворање на случајот за крвавиот упад во Собранието

Отворање на случајот одново само доколку има нови докази и моменти. Ова е ставот на премиерот Зоран Заев за барањето...

Европа1 ден

Фон дер Лајен: Сите земји да дозволат извоз на вакцини

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска изјави дека ЕУ е подготвена да го разгледа секој предлог што...

Македонија1 ден

(Видео) Премиерот Заев се вакцинираше со кинеската вакцина на „Синофарм“

Премиерот Зоран Заев се вакцинираше против коронавирус денеска на пунктот во спортската сала „Борис Трајковски“. Тој се вакцинираше со првата...

Македонија1 ден

Вчера се вакцинирале 9.123 граѓани

Министерството за здравство соопшти дека вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата и дека интересот за вакцинација секојдневно...

Досие