Свет
Либиски мигрант уапсен во Франција кога пробол жени и се обидел да ги силува
Дваесетгодишен либиски мигрант е обвинет дека се обидел да силува три жени во една ноќ расекувајќи и прободувајќи една од своите жртви девет пати, пренесува францускиот портал „20 минути“.
Нападите се случиле во текот на ноќта кон 29 јуни во Бордо, но деталите биле откриени дури неделава.
Полицијата првин била алармирана за напаѓачот околу 3.45 часот утрото на 29 јуни кога бил пријавен обид за силување во рекионот на Кур ду Медок. Жената тврдела дека била нападната на улица од маж и и дала опис на полицијата пред да биде однесена во локална болница.
Описот ѝ овозможил на полицијата набргу да го идентификува и уапси либискиот мигрант, кој исто така бил хоспотализиран поради повреда на раката.
По апсењето, две други жени пријавиле дека биле сексуално нападнати таа ноќ во близина на областа кога бил пријавен првиот напад. Едната од нив, 24-годишната Каролин, тврдела дека напаѓачот ја пробол и девет пати ја исекол со ножот по лицето, вратот и торзото.
Нелегалниот либиски мигрант оттогаш е обвинет за обид за силување од лице под дејство на алкохол, обид за силување со насилство, обид за убиство, насилство врз лице под дејство на алкохол и насилство врз службено лице.
Насилните напади се случиле само неколку дена откако во Бордо била забележана серија од седум одделни напади со ноќ за само два часа минатиот месец. Од седумте нападнати, петмина биле однесени во локалните болници со сериозни повреди.
Силувањата, обидите за силувања и насилните злосторства беа во пораст низ Франција минатата година, а службата за статистика ССМИ при француското Министерство за внатрешни работи известува дека насилните сексуални злосторства се зголемиле 12 отсто во 2019 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Нетанјаху најави дека израелските напади врз Иран ќе се интензивираат
Нападите на Израел врз Иран ќе продолжат да се интензивираат, вели израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху по состанокот со министерот за одбрана Израел Кац, началникот на Генералштабот на ИДФ, генерал-потполковник Ејал Замир, и шефот на Мосад, Дејвид Барнеа.
„Нашите сили сега напаѓаат во срцето на Техеран со зголемен интензитет, а ова само ќе се интензивира дополнително во наредните денови“, вели Нетанјаху од покривот на седиштето на ИДФ Кирја во Тел Авив.
„Сепак, ова се болни денови“, вели тој, осврнувајќи се на смртоносните ирански напади во Тел Авив и Беит Шемеш.
„Моето срце е со семејствата и во име на сите вас, граѓаните на Израел, им испраќам желби за брзо закрепнување на ранетите.“
Свет
Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади врз земјата.
„Никој не може да поверува во успехот што го имаме, 48 лидери исчезнаа одеднаш. И се одвива брзо“, беше цитиран Трамп во интервју за Фокс њуз.
Во посебно интервју за Си-Ен-Би-Си, тој вели дека американската операција во Иран е „пред предвидениот рок“.
Свет
Израелската војска пак го нападна Иран
Израелската војска соопшти дека нејзините сили започнале со спроведување нови воздушни напади врз иранскиот главен град.
„Воздухопловните сили сега започнаа нов бран напади во срцето на Техеран“, се вели во краткото соопштение на „X“.

