Контакт

Европа

Во Лондон климатски активисти го обоија британското Министерството за финансии во црвено

Објавено пред

За време на протестот во Лондон, активистите зa климатски промени искористија противпожарно возило за да ја испрскаат фасадата на британското Министерство за финансии во Лондон со црвена боја.

Активистите се возеле до Министерството во противпожарно возило и со црево за гаснење пожар ја испрскале зградата со црвена боја, пренесува „Ројтерс“.

Демонстрантите, наводно, во еден момент изгубиле контрола врз цревото.

Четворица активисти се качиле на возилото на кое имало транспарент „Престанете да финансирате климатска смрт“.

Приодот кон зградата бил натопен со црвена боја, пренесува агенцијата.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Претседателот на Германија предизвика корона-скандал

Објавено пред

Една фотографија од одмор во Јужен Тирол предизвика политички скандал во Германија поради непочитување на мерките за коронавирус.

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер позирал без маска и неопходно растојание со членови на народен оркестар.

Критичарите го обвинуваат Штајнмаер за примена на двојни стандарди кога станува збор за почитување на правилата за коронавирусот, бидејќи тие не важат за него, додека ги повикува граѓаните да ги почитуваат.

На фотографијата е прикажан и претседателот на италијанската покраина Јужен Тирол, Арно Компачер.

Кабинетот на Штајнмаер рече дека претседателот внимава на правилата за растојание и хигиена дури и кога е на одмор, но очигледно тоа не може секогаш да се применува оптимално.

„Многу е важно секој ден да сме свесни дека мора да бидеме внимателни“, се додава во пораката на кабинетот.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Заложничка драма во банка во Франција

Објавено пред

Заложничка криза се случува во банка во центарот на градот Авра во Франција, пренесува „Дејли експрес“.Според порталот, напаѓачот ослободил двајца заложници, а држи под закана уште четири лица.

Голем број специјални сили се на местото на настанот, а околу банката е поставен безбедносен прстен и евакуирана е околината, наведува порталот.

Тој влегол во банка околу 17 часот вооружен со пиштол. Банката се наоѓа во близина на полициската станица. Неговите барања сè уште не се објавени, но локалните медиуми велат дека некои од барањата се однесуваат на „пристап до џамијата“.

Прикажи повеќе...

Европа

По забава во Австрија, 80 лица завршија во карантин, а меѓу нив и секретарот за здравство

Објавено пред

По забава што се одржала во австрискиот град Филах, на која присуствувале многу познати личности, 80 лица мора да бидат ставени во карантин.Меѓу присутните бил и секретарот за здравство во тој градот, Кристијан Побер.

На забавата дошол еден угостител за кој се покажало дека е заразен со коронавирус.Угостителот на тој начин придонел за создавање нов кластер на корона во покраината Корушка.

Интересно е што полицијата била повикана, бидејќи на забавата не биле почитувани корона-правилата. Поради стотиците гости на забавата, властите на Филах поставиле станица за тестирање во едно училиште.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 час

Асимптоматските случаи имаат иста количина на вирус како и оние со симптоми

Асимптоматските случаи на ковид-19 носат иста количина на вирус како и оние со симптоми, покажува јужнокорејска студија. Јужна Кореја можеше...

Свет2 часа

Сандерс предлага закон за даночење на добивката на милијардерите за време на пандемијата

Американскиот сенатор Берни Сандерс заедно со колегите сенатори, Ед Марли и Кирстен Гилбренд, предлага закон за даночење на милијардерите. Според...

Свет3 часа

(Видео) Антивладини протести во Бејрут поради експлозијата

По силната експлозија во Бејрут, во која загинаа голем број луѓе, на улиците на престолнината следуваат демонстрации против владата. Демонстрантите...

Регион14 часа

(Видео) Дваесет полицајци во Шпанија апселе двајца бегалци од Србија, пронајдена е лабораторија за дрога

Шпанската полиција уапси двајца Срби за кои била распишана меѓународна потерница. Еден од нив се барал за нападот на стадионот...

Свет14 часа

Реконструкција на катастрофата: како се случи експлозијата во Бејрут што го шокираше светот

Силата на експлозијата што ја зафати либанската престолнина го шокираше светот. Повеќе од 300.000 луѓе останаа без покрив над главата,...

Свет16 часа

(Видео) Се запали зградата на Светскиот трговски центар во Брисел

Силен пожар избувна на врвот на зградата на Светскиот трговски центар во Брисел. Според медиумите, огнот избувнал во техничката просторија...

Свет17 часа

Херои кои се обиделе да го спасат Бејрут – последна фотографија од пожарникарите кои влегле во магацинот пред експлозијата

На социјалните мрежи се појави фотографија на која се прикажани последните моменти на пожарникарите кои се обиделе да спречат понатамошно...

Македонија20 часа

(Видео) Обилните дождови ги поплавија рудниците на РЕК „Битола“

Обилните врнежи од дожд во Битолско предизвикаа поплава на јагленовите откопни полиња во рудникот „Суводол“ на РЕК „Битола“. Ископот и...

Македонија20 часа

Нови 113 заболени и шестмина починати, меѓу кои и 22-годишен пациент

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.543 тестирања, а регистрирани се 113 нови случаи на...

Регион21 час

Црна Гора го прошири списокот за влез без ограничувања, Македонија повторно ja нема

Црна Гора го прошири списокот на земји чии граѓани имаат право да влезат во земјата без ограничувања. Од утре граѓаните...

Македонија22 часа

МЖСПП: Опасниот отпад од ОХИС ќе биде изнесен од државата кога ќе дозволат временските услови

Винилхлоридмономерот од поранешната фабрика ОХИС ќе се преточи и ќе се транспортира од државата веднаш штом ќе дозволат временските услови...

Македонија22 часа

Кривична пријава против шест полицајци од СВР Скопје

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до Основното јавно обвинитество за гонење организиран криминал и корпуција –...

Македонија23 часа

Бочварски: Родителите да бидат ослободени од паушалот за градинките за периодот април – август

Градоначалникот на општина Штип, Благој Бочварски, бара од градинките да ги ослободат родителите од плаќањето на паушалот за април, мај,...

Свет1 ден

Во Кина дневно се тестираат 4,8 милиони луѓе на коронавирус

Во Кина се пријавени 37 симптоматски случаи на коронавирус и 20 асимптоматски случаи, според податоците на Националната комисија за здравство на...

Свет1 ден

Во Северна Кореја тестиран првиот сомнителен случај на Ковид-19, резултатот нејасен

Во Северна Кореја е тестиран првиот сомнителен случај на коронавирус, но резултатите не се јасни, изјавил претставникот на СЗО во...

Свет1 ден

(Видео) Либан во тридневна жалост – спасувачите ги пребаруваат урнатините, се очекуваат уште жртви

Либанските спасувачки екипи и денеска продолжија со потрагата по преживеани меѓу урнатините по стравотната експлозија во Бејрут, во која животот...

Свет1 ден

(Видео) Експлозијата во Бејрут трета по моќност во историјата по бомбите во Хирошима и Нагасаки

Експлозијата во Бејрут е трета по моќност во историјата, веднаш по експлозиите на нуклеарните бомби во Хирошима и Нагасаки, вели...

Свет2 дена

Објавени сателитски снимки од Бејрут пред и по експлозијата

Руската вселенска агенција „Роскосмос“ објави сателитски фотографии од пристаништето во Бејрут пред и по вчерашната експлозија. Покрај нив, фотографии објави...

Свет2 дена

Првиот руски авион со мобилна болница полета за Бејрут

Авионот со воздухопловна мобилна болница, лекари и спасувачи полета од регионот Жуковски во Москва кон Бејрут, главниот град на Либан....

Свет2 дена

Само 1,5 милиони Италијанци развиле антитела на Kовид-19, што е далеку од колективен имунитет

Речиси 1,5 милиони луѓе во Италија развиле антитела на Ковид-19. Ова го покажуваат резултатите од серолошките тестови спроведени и анализирани...

Досие