Свет
Лукашенко: Ако на нашите руски браќа им затреба помош, ние сме подготвени
Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко изјави дека неговата земја е „веќе подготвена“ да и понуди поголема помош на Русија во нејзината војна против Украина. Зборувајќи за време на државната посета на рускиот сојузник Зимбабве, Лукашенко истакна дека на Русија во моментов не ѝ е потребна „никаква помош“.
„ Ако на нашите руски браќа им треба помош, ние секогаш сме подготвени да понудиме таква помош“, рече Лукашенко без да прецизира што ќе вклучува таа помош. Лукашенко, близок сојузник на Путин, ја посети јужноафриканската земја за да ги зајакне економските и политичките врски меѓу Белорусија и Зимбабве.
Двете земји тесно соработуваат, особено во земјоделството, а Лукашенко му понуди на Зимбабве повеќе трактори, жетвари и камиони. Зимбабве јавно не ја осуди Русија за инвазијата на Украина. Претходно овој месец Русија и Белорусија учествуваа во заеднички воени вежби на белоруска територија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

