Европа
Лукашенко: Западот нема да може да ги стави на колена Москва и Минск

Притисокот од санкции ги принудува да бараат нови можности. Пазарот е отворен, треба да се движите, а не да плачете, вели претседателот на Белорусија.
Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, денеска изјави дека Западот нема да успее со санкции да ги фрли на колена Минск и Москва.
За време на разговорите со граѓаните во регионот Гомел, Лукашенко истакна дека Белорусија и Русија имаат доволно ресурси, технологија и интелигенција, пренесува „Белта“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Итен состанок на СЗО, повод – новата епидемија со мајмунски сипаници

Светската здравствена организација ја свикува групата водечки експерти на итен состанок за да разговараат за тековната епидемија на мајмунски сипаници, пишуваат медиумите во светот.
Според извештаите, двојно е зголемен бројот на заболени со заразни мајмунски сипаници во Велика Британија, а тоа го потврдил и министерот за здравство Саџид Џавид, наведувајќи дека има 11 нови случаи на заразени.
„Утринава ги информирав министрите за здравство на Г7 за она што го знаеме досега. Повеќето случаи имаат благи симптоми и можам да потврдам дека набавивме дополнителни дози вакцини кои се ефикасни против мајмунска сипаница“, напишал тој на Твитер.
Медиумите потсетуваат дека мајмунските сипаници последниве денови се шират во Европа, а првите случаи се потврдени во Франција, Италија, Шведска, како и во Канада и во Австралија.
Првиот пациент кој добил мајмунски сипаници на 7 мај отпатувал во Нигерија, од каде се верува дека е заразен, пред да се врати во Англија.
Симптомите вклучуваат треска, главоболки и осип на телото кој започнува на лицето и се шири на други делови од телото.
Според податоците на веб-страницата на Светската здравствена организација, смртноста од мајмунски сипаници била меѓу нула и 11 отсто, а во последно време се движи меѓу три и шест отсто.
Европа
Шредер поднесе оставка од „Роснефт“

Руската нафтена компанија „Роснефт“ соопшти дека поранешниот германски канцелар Герхард Шредер рекол дека повеќе не може да биде дел од нејзиниот одбор.
Истото го направи и бизнисменот Матијас Варниг.
Овој потег уследи откако Европскиот парламент побара Шредер да биде на списокот со санкции доколку не поднесе оставка од „Роснефт“, објавија „Гардијан“, „Фајненшл пост“ и „Фајнанс Јаху“.
Во соопштението на компанијата се вели дека жалат за одлуката на Шредер и Варниг и им се заблагодаруваат за „континуираната поддршка“.
Европа
(Видео) Командант на Азов: Добивме наредба да престанеме да го браниме Мариупол

Командантот на украинскиот полк од Азов, Денис Прокопенко, се обрати до јавноста и рече дека во Азов добиле наредба да престанат да го бранат Мариупол и да ги спасат животите на борците, пренесуваат агенциите.
Според него, сите цивили од Азовстал биле евакуирани, а на тешко ранетите војници им била укажана медицинска помош.
Изјавил дека тие мора да бидат однесени во област под украинска контрола.
Во тек е отстранувањето на телата на загинатите бранители на Мариупол, додал Прокопенко.