Европа
Лукашенко контра САД – следува одговор на воведените санкции

Белорусија денеска најави возвратни мерки против Вашингтон, кои предвидуваат намалување на американскиот дипломатски персонал во земјата по стапувањето во сила на новите американски санкции против Минск.
„Не можеме да го игнорираме овој непријателски потег“, рече портпаролот на белоруското Министерство за надворешни работи, Анатолиј Глаз, во изјава по стапувањето во сила на американските економски санкции против девет белоруски државни компании.
Како што се наведува во соопштението, контрамерките вклучуваат намалување на дипломатскиот, административниот и на техничкиот персонал на американската амбасада во Минск и заострување на постапката за издавање белоруски визи.
Белорусија исто така ја повлече лиценцата за работа на нејзина територија за американската Агенција за меѓународен развој (УСАИД).
Американските санкиции против девет белоруски државни компании повторно беа воведени во април по задушувањето на демократските протести во Белорусија.
По спорните избори во 2006 година, Вашингтон ги забрани сите трансакции со тие компании. Министерството за финансии на САД потоа ги укина санкциите во 2015 година и го поздрави извесниот напредок, но американската влада кон крајот на март предупреди дека суспензијата на мерките нема да биде обновена.
„Ова се нелегитимни дејства спротивни на меѓународното право и нивната цел е да извршат притисок врз суверена држава“, критикува Глаз додавајќи дека мерките ќе влијаат на обичните белоруски граѓани.
Минатата недела Вашингтон објави дека со Европската Унија работат на дополнителни санкции против Белорусија по присилното пренасочување на авионот на „Рајанер“ кон Минск и апсењето на опозициски активист кој беше на тој лет.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Оланд: Путин не е луд, туку е радикално рационален

Поранешниот француски претседател, Франсоа Оланд, смета дека рускиот претседател Владимир Путин не е луд, туку радикално рационален лидер, кој е убеден дека западните земји ќе се изморат од испраќање помош за Украина и дека преговорите ќе донесат крај на конфликтот, кој ќе биде поволен за Русија.
Оланд беше претседател од 2012 до 2017 година и има големо искуство од прва рака со Путин.
„Тој (Путин) е радикално рационална личност или рационално радикална личност, што сакате. Тој има свое мислење во рамките на кое е подготвен да употреби сила“, изјави поранешниот француски лидер за „Политико“.
Пред одбележувањето една година од руската инвазија на Украина, која почна на 24 февруари, Оланд додаде дека Путин ќе се обиде да ги „консолидира своите успеси со цел да го стабилизира конфликтот надевајќи се дека јавноста ќе се замори и дека Европејците ќе се плашат од ескалација сè со цел во таа фаза од војната да се спомене можноста за преговори“.
Оланд смета и дека овој пат улогата на посредник кај Путин ќе падне на Кина или Турција.
Оланд беше еден од најнепопуларните француски претседатели додека беше на функцијата, со ниски едноцифрени рејтинзи. Но, сега тој е вториот најпопуларен политичар, пет места пред Макрон.
Европа
(Видео) Лавина погоди ски-центар на Хималаите, при што загинаа двајца туристи од Полска

Двајца скијачи загинаа, а 19 извесно време беа затрупани под снегот кога лавина погоди популарен ски-центар на Хималаите.
Огромна лавина зафати 21 турист и двајца водичи од Кашмир.
Двајца скијачи од Полска загинаа, а спасувачките екипи ги извлекоа преостанатите туристи.
Туристите скијаа во планините во близина на градот Гулмарг. Почнавме спасувачка акција. Досега најдовме две тела“, соопшти локалната полиција додавајќи дека службите спасиле 19 странски туристи и двајца локални водичи, пренесува „Дневна пошта“.
Планинскиот венец Пирпанџал е популарна скијачка дестинација за Индијците и за странците. Во 2010 година најмалку 17 индиски војници загинаа таму кога лавина ги погоди членовите на военото училиште за време на вежби.
Лавините и одроните се вообичаени во Кашмир. Во текот на 2017 година лавина ја затрупа индиската армија во три одделни наврати, при што загинаа најмалку 20 војници, а во 2012 година голема лавина во Кашмир, контролиран од Пакистан, уби 140 луѓе, вклучувајќи 129 пакистански војници.
Европа
Кремљ: Помошта од САД за Киев директен пат кон зголемена тензија и ескалација

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека нема планови за разговори меѓу рускиот претседател, Владимир Путин, и американскиот претседател, Џозеф Бајден.
„Засега нема планови за разговори меѓу Путин и Бајден. Нашата главна цел е да ја продолжиме специјалната воена операција, односно да ги исполниме нашите задачи поставени од шефот на државата“, изјави Песков за новинарите.
Тој го коментира и новиот пакет-помош од САД за Киев, кој го карактеризира како директен пат кон зголемена тензија и ескалација, но додаде дека тоа нема да го промени текот на настаните.
„Да, тоа е директен пат кон зголемување на тензијата, зголемување на степенот на ескалација, го гледаме тоа, бара дополнителни напори од нас. Сепак, уште еднаш, тоа нема да го промени текот на настаните, специјалната воена операција ќе продолжи“, нагласи Песков.
Претходно, агенцијата „Ројтерс“, повикувајќи се на двајца неименувани американски функционери, објави дека САД подготвуваат пакет воена помош за Украина во вредност од 2,2 милијарди долари, а првпат може да вклучи и ракети со двојно поголем дострел од досегашните испорачани.