Свет
Мадуро: Венецуела ги прекинува односите со САД и ќе ги протера американските дипломати

Венецуела ги прекинува дипломатските врски со САД откако администрацијата на Доналд Трамп го призна лидерот на опозицијата, Хуан Гуаидо, за преоден претседател, објави актуелниот венецуелски претседател, Николас Мадуро.
Мадуро, исто така, им даде на американските дипломати рок од 72 часа за да ја напуштат Венецуела.
Тој рече дека САД направиле огромна грешка во обидот да наметнат претседател во Венецуела и ги критикуваше другите земји како Бразил, Аргентина и Чиле кои го следеа примерот на Трамп, објави агенцијата АП.
Мадуро им порача на приврзаниците пред претседателската палата во Каракас дека опозицијата се обидува да направи државен удар и ја повика армијата да го зачува единството.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Украина: Погодивме нафтовод во Русија

Украинската војска потврди дека погодила нафтовод во рускиот регион Тамбов, со што се прекина снабдувањето од нафтоводот Дружба.
Претходно денес, унгарското Министерство за надворешни работи ја обвини Украина за напад врз тој нафтовод и изјави дека протокот на руска нафта кон Унгарија е запрен поради тоа.
„Украина повторно го нападна нафтоводот што води до Унгарија, прекинувајќи го снабдувањето“, напиша унгарскиот министер за надворешни работи на платформата „Икс“.
„Овој последен напад врз нашата енергетска безбедност е срамен и неприфатлив!“
Украинскиот шеф на дипломатијата Андриј Сибиха одговори на таа објава, велејќи дека „Русија, а не Украина, ја започна оваа војна и одбива да ја заврши“.
Сибиха додаде дека Унгарија со години е предупредувана дека Москва не е сигурен партнер.
Свет
Трамп: Денес е голем ден во Белата куќа

Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави на социјалните мрежи дека денес е „голем ден во Белата куќа“.
„Америка никогаш немала толку многу европски лидери тука истовремено“, напиша тој на својот профил на „Тру соушал“.
„Голема чест за Америка!!!! Ќе видиме какви ќе бидат резултатите???“
Во исто време, според извештајот на агенцијата Укринформ, Володимир Зеленски се среќава со американскиот претставник Кит Келог во Вашингтон пред неговите разговори со Трамп.
Свет
Зеленски: Трамп има моќ да ја принуди Русија да склучи мир

Кога зборуваме за мир за една земја во Европа, тоа значи мир за цела Европа, порача украинскиот претседател, Володимир Зеленски.
„Подготвени сме да продолжиме да работиме со максимални напори за да се стави крај на војната и да се обезбеди сигурна безбедност. Ова се клучните прашања“, напиша Зеленски.
I thank @GeneralKellogg for the meeting and for the joint work with our team. President Trump invited Ukraine and other European countries to Washington today – this is the first meeting in such a format, and it is very serious.
When peace is discussed for one country in Europe,… pic.twitter.com/ZMZaIzAghD
— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) August 18, 2025
Тој додаде дека разговарал за ситуацијата на бојното поле и за заедничките дипломатски можности на Украина, Европа и САД со американскиот генерал Кит Келог и Трамп.
„Русија може да биде принудена да склучи мир само со сила, а претседателот Трамп ја има таа сила. Мораме да направиме сè за да постигнеме мир“, рече украинскиот претседател.
Во истиот пост, тој се осврна на синоќешните руски напади. Според него, биле погодени градови каде што биле убиени две деца, додека десетици луѓе биле ранети. „Луѓето едноставно спиеле кога руската армија започнала напади“, напиша Зеленски.