Свет
Мадуро го одби ултиматумот на европските земји, нема да распише нови избори
Претседателот на Венецуела, Никола Мадуро, порача дека е подготвен на разговори со опозицијата и отворен за можност да посредува трета држава, но дека нема да има предвремени претседателски избори, пренесе руската новинска агенција РИА.
„Подготевен сум да седнам на преговарачка маса со опозицијата за да разговараме за доборото на Венецуела, за мир и за нејзината иднина“, изјавил Мадуро во интервју за РИА.
Прашан за идејата за посредување на трета земја во разговорите, Мадуро рекол дека постојат неколку влади и организации во светот што покажуваат искрена загриженост за тоа што се случува во Венецуела и кои повикуваат на дијалог.
Мадуро го отфрлил предлогот за одржување предвремени претседателски избори нарекувајќи го тоа уцена, при што им порача на државите што повикуваат на тоа дека треба да почекаат до 2025 година. Гуаидо го обвини Мадуро дека вториот мандат на изборите минатата година го добил со измама.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Нетанјаху: Ќе ги донесеме сите заложници дома
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го коментираше враќањето на првите жени заложнички во Израел.
Тој го поздрави ослободувањето на Роми Гонен, Дорон Штајнбречер и Емили Дамари.
„Овој момент е постигнат благодарение на пожртвуваноста и борбата на нашите херојски борци – хероите на Израел“, пишува Нетанјаху на „Икс“.
„Ветувам: сите ќе ги донесеме дома!“, додаде.
Свет
Tрите девојки кои Хамас ги држеше повеќе од година во заложништво се соединија со своите мајки
На профилот на Израел на „Икс“ објавени се емотивни фотогрфии од средбата на ослободените заложнички со нивните мајки.
Тие денеска се вратија дома, како дел од договорот за прекин на огнот, кој вклучува етапно ослободување на заложниците кои Хамас ги грабна на 7 октомври 2023 година, кога го напдна Израел, по што почна војната во Газа.
There’s nothing stronger than a mother’s embrace ❤️
Welcome home Emily, Doron and Romi 🇮🇱🎗️ pic.twitter.com/FLCc4qgLbz
— Israel ישראל (@Israel) January 19, 2025
Свет
Видео од моментот на преземање на заложничките од страна на израелската војска
Објавена е снимка на која израелската армија ги презема трите заложнички кои денес ги ослободи Хамас, како дел од договорот за прекин на огнот.
Девојките се пренесени во Израел.
🔴Μια στιγμή που δεν θα ξεχάσουμε ποτέ: Η Emily, η Romi και η Doron μεταφέρονται από τον Ερυθρό Σταυρό στους IDF 🇮🇱🎗️❤️ pic.twitter.com/ndH9UJISJC
— Israel in Greece 🇮🇱🇬🇷 (@IsraelinGreece) January 19, 2025
Објавена е и фотографија од заложничката Емили Дамари. Емили има преврзана рака, но изгледа добро расположена.