Контакт

Свет

Маж си ја убил сопругата која работела како новинарка зашто не сакала да даде отказ

Објавено пред

Маж во Паскитан си ја убил сопругата која работела како новинарка затоа што не сакала да даде отказ. Тој ја застрелал со огнено оружје откако неколкупати од неа барал да ја напушти работата. Убиството се случило во понеделникот, на Меѓународниот ден за борба против насилството врз жени и девојчиња.

Полицијата соопшти дека мажот е приведен и обвинет за убиство.

Меѓународната федерација на новинари го повика Пакистан да спроведе истрага за убиството на Уруј Икбал, која работела во локален весник.

Нејзиното семејство рекло дека таа била во полиција и го пријавила сопругот дека ја малтретира, но ништо не било преземено.

Пакистанките честопати се соочуваат со вознемирување на работното место, но многу престапници избегнуваат казна затоа што жртвите не ги пријавуваат за да избегнат понатамошна социјална стигма.

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Унгарска министерка: ЕУ не напаѓа бидејќи заштитата на семејството ни е приоритет

Објавено пред

Невидените напади на Брисел врз Унгарија следеа само затоа што заштитата на децата и семејствата останува наш приоритет.

Ова денеска го објави унгарската министерка за правда, Јудит Варга, на Фејсбук и изјави дека нападот се случил затоа што не се подготвени да дозволат ЛГБТ лобито да влезе во училиштата и градинките.

„Владата во Будимпешта, исто така, одговори на непристојните напади, како и на извештајот на Комисијата за владеење на правото“, додаде таа во објавата а истата ја пренесуваат унгарските агенции.

“Имавме многу спорови со институциите во Брисел пред официјално да ги решиме со точно одговарање на сите прашања. Ги решивме сите сомнежи, згора на тоа, секогаш се придржувавме до договорот”, напиша таа.

Варга посочува дека изворите во извештајот на ЕК се еднострани и политички пристрасни, и дека извештајот одразува двојни стандарди кон Унгарија, поради што, како што вели, наодите во него се неточни. Исто така, забележува дека извештајот на Европската комисија за владеење на правото за 2021 година е уште една алатка за политички притисоци.

Прикажи повеќе...

Свет

Обама критикуван, планирал роденден со стотици гости

Објавено пред

Информациите дека поранешниот американски претседател Барак Обама, кој оваа недела ќе го прослави својот 60-ти роденден, планира голема забава со стотици гости, предизвикаа критики во американските медиуми.

Според извештаите, поранешниот претседател планира голема прослава на имот на островот Марта Вајнјард, јужно од Кејп Код во Масачусетс, што ја зголеми загриженоста во јавноста од можно ширење на коронавирусот.

Новинар на брифингот во Белата куќа во понеделникот праша дали Обама со неговите планови да биде домаќин на таков голем настан е погрешен пример дека Ковид-19 не е сериозна болест.

Портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки, рече дека планираната забава ќе биде „умерена и на отворено“.

Покрај тоа, таа додаде дека ќе има барања за тестирање на Ковид-19, како и други мерки, но дека не сака да навлегува во детали.

„Дефинитивно, би ве упатила на тимот што работи за мојот поранешен шеф за да ви даде повеќе детали за протоколите“, додаде Псаки.

Таа исто така истакна дека поранешниот претседател е „голем поборник за вакцинација“.

Обама в среда полни 60 години.

Според информативни интернет-страници, од сите гости на забавата било побарано да се вакцинираат.

Прикажи повеќе...

Свет

Глад во Северна Кореја, воените резерви го покриваат недостигот од храна

Објавено пред

Северна Кореја ги ослободува итните воени резерви на ориз бидејќи недостигот на храна во земјата се влошува, а топлотните бранови и сушите дополнително го комплицираат снабдувањето со храна во земјата.

Економијата на земјата долго време беше под закана поради пандемијата на Ковид-19 и иако не се пријавени епидемии на глад и социјални немири, аналитичарите очекуваат понатамошно влошување на состојбата со храната во Северна Кореја до есенската жетва.

Јужнокорејската Национална разузнавачка агенција на состанокот на парламентарните комисии зад затворени врати објави дека Пјонгјанг дистрибуира ориз резервиран за воена употреба на населението што остана без храна, работници и рурални заедници, потврдија јужнокорејските парламентарци.

Според пратениците, НИС изјавила дека топлотниот бран и сушата ги уништиле оризот, пченката и други култури и предизвикале смрт на добиток во Северна Кореја, а оваа земја во просек има потреба од речиси 5,5 милиони тони храна за 26 милиони луѓе.

Северна Кореја имаше сличен недостиг на храна во годините пред пандемијата, но тогаш нејзините потреби беа задоволени со шверц на ориз и други зрна преку пропустливата граница на земјата со Кина.

Постојаното затворање на границите на север поради пандемијата го направи таквото шверцување крајно тешко во последно време, што го влоши годинешниот недостиг на храна.

Најновата процена на јужнокорејското разузнавање доаѓа откако севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун призна дека неговата земја се соочува со најлошата криза поради пандемијата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија47 минути

(Видео) Ангелов: Ако се утврди дека сум потфрлил, ќе си заминам од државата

Во моментот државата е во пламен и не можам да размислувам за споредни работи, но нека залади, нека се изгаснат...

Економија2 часа

Горивата поскапуваат

Малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек 3,36 %, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Според одлуката на РКЕ,...

Македонија2 часа

Армијата е ангажирана во најкритичните точки во справување со пожарите

Припадниците на Армијата се активни во најкритичните точки во справувањето со пожарите. Хеликоптерите од воздухопловниот ВИНГ, кои во текот на...

Македонија4 часа

Жителите на Кочани што побараа лекарска помош се пуштени дома

Министерството за здравство информира дека деветтемина жители на Кочани, кои синоќа побарале лекарска помош поради вдишување чад како последица од...

Свет5 часа

Коронавирус регистриран во Вухан по една година, се тестира целото население

Властите во кинескиот град Вухан најавија дека ќе го тестираат целото население на коронавирус по појавувањето нови локални случаи на...

Европа5 часа

Речиси 30 проценти од Европејците не може да си дозволат одмор, сиромаштијата во пораст

Речиси 28 проценти од Европејците не може да си дозволат една седмица одмор надвор од своето место на живеење, а...

Македонија6 часа

Пожарите локализирани и ставени под контрола, противпожарните служби остануваат на терен

Пожарот кај Кочани во текот на ноќта е локализиран и ставен под контрола, соопштија надлежните. На одделни места во близина...

Македонија6 часа

Од денес стапува во сила целосната забрана за движење во шумите

Владата доцна синоќа излезе со соопштение во кое апелира до граѓаните да не се движат во шумските подрачја. „Во текот...

Македонија15 часа

„Водовод“ и „Комунална хигиена“ испратија цистерни за гаснење на пожарот во Кочани

ЈП Водовод и канализација – Скопје и ЈП Комунална Хигиена – Скопје на барање и во координација со Град Скопје...

Македонија16 часа

Пендаровски: Хеликоптерите не можат да летаат ноќе

Претседателот на државата Стево Пендаровски вечерва на Фејсбук напиша дека хеликоптерите на армијата немаат технички можности за ноќно летање. „...

Македонија16 часа

Десетина луѓе во Кочани побарале лекарска помош

Кочанчани очајно се борат со огнената стихија, која проголта куќи и други објекти. Според информациите, десетина граѓани побарале помош, откако...

Македонија18 часа

15 пожарникари и 3 возила од Скопје ќе помагаат во гаснењето на пожарот во Кочани

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов вели дека во моментов 3 екипи од Противпожарната бригада на Град Скопје (15 пожарникари и...

Македонија18 часа

(Видео) Пожар се шири во Кочани, жителите во паника бараат помош

Огромен пожар се шири во кочанско Белско маало и местото викано Драчевник. Зафатени се шуми, но и бандери. Жителите бараат...

Спорт20 часа

Полска ѝ даде азил на белоруската атлетичарка

Драматичниот случај на белоруската атлетичарка Кристина Циманускаја најверојатно е пред решение откако Полска и понуди хуманитарна виза, односно и одобри...

Македонија23 часа

Во Македонија 54 нови случаи на коронавирус, почина едно лице

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 54 нови случаи на коронавирус, а едно лице почина, соопшти Министерството за...

Топ1 ден

Товарен воз удри во мигрант кај Неготино

Товарен воз удри во мигрант кај Неготино. Според информациите на полицијата, мигрантот со тешки повреди е пренесен во болница. Несреќата...

Македонија1 ден

(Видео) Заев: Да престанеме да се биеме в гради за тоа кој е поголем патриот

Да престанеме да се биеме в гради за тоа кој е поголем патриот заради партиските интереси и заради повеќе гласови...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски: Илинден обедини генерации Македонци за слобода

Илинден обедини генерации Македонци за слобода, испраќам апел за обединување против Заев и рушење на најлошата власт до сега, рече...

Свет1 ден

(Видео) Туристи во Бодрум со чамци бегаат од пожарите, Ердоган призна дека земјата нема канадери

На југот на Турција, како и на други места во Средоземното Море, со денови беснеат огромни пожари. По петдневните пожари...

Свет1 ден

(Видео) Еден починат и 600 уапсени на протестот во Берлин против корона-мерките

Полицијата во Берлин објави дека 49-годишен маж починал откако полицијата го уапсила за време на протестот против мерките во борбата...

Досие