Свет
Макрон: Вратата за Велика Британија во ЕУ се уште отворена

Францускиот претседател Емануел Mакрон изјави денеска по средбата со британскиот премиер Тереза Меј дека вратата за Велика Британија во Европската унија се уште е отворена.
“Се разбира, вратата е секогаш отворена, додека преговорите за Брегзит не завршат”, рече Макрон на заедничката прес-конференција во Париз.
Со слична изјава излезе и германскиот министер за финансии, Волфганг Шојбле, кој рече дека Велика Британија ќе биде добродојдена во ЕУ ако реши дека не сака да излезе од блокот. Но, додаде тој, британската влада ќе реши за тоа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Руски политичар: Навални не е политички затвореник како што сака да се претстави

Алексеј Навални не е политички затвореник во Русија, како што го претставуваат на Запад и како што тој сака да се претстави, изјави шефот на руската делегација при Парламентарното собрание ма Советот на Европа, Петар Толстој.
Прашањето за труењето на рускиот блогер и опозиционер, денеска е на дневен ред на Парламентарното собрание на СЕ, пренесе Спутник.
Толстој ги потсети своите европски колеги дека Навални не ги исполнил обврските што ги имал како некој на кој му била изречена условна казна и дека бил уапсен за тоа. Тој додаде дека Русија вложила големи напори да ги разјасни околностите околу тоа што му се случи на Навални во авионот.
„Подготвени сме да соработуваме со вас, но потпирајќи се на факти, а не на пропагандни клишеа и извици што, за жал, можеме да ги слушнеме во салата денес за време на сесијата“, рече Толстој.
Навални се врати од лекувањето од Германија во Русија. Тој беше уапсен на аеродромот „Шереметјево“ во Москва, бидејќи како условно осуден не се пријавил во руската полиција. Му беше одреден притвор во траење од 30 дена, каде ќе чека рочиште на кое ќе се одлучи дали условната казна ќе биде заменета со затвор. Рочиштето е закажано за 29 јануари.
Во меѓувреме, неговите приврзаници организираа нелегитимни протести низ Русија.
Руското Министерство за надворешни работи претходно ги советуваше странските политичари кои ја коментираа ситуацијата со Навални да го почитуваат меѓународното право и да ги решаваат проблемите во нивните земји, а министерот за надворешни работи Сергеј Лавров неодамна изјави дека се копираат изјавите на западните политичари на оваа тема.
Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков истакна дека Кремљ нема намера да ги слуша изјавите од странство за Навални.
Свет
Путин: Може да се соочиме со борба сите против сите

Постои можност да се соочиме со колапс на светскиот развој и борба на сите против сите, изјави рускиот претседател Владимир Путин на Меѓународниот економски форум во Давос.
„Ситуацијата може да се развие непредвидливо и неконтролирано, доколку, се разбира, ништо не се стори за да се спречи тоа да се случи. Покрај тоа, постои можност да се соочиме со вистински колапс во развојот на светот што може да доведе до тоа секој да се бори против секого“, рече руски лидер.
Според него, глобалниот безбедносен систем во моментот се деградира – регионалните конфликти се размножуваат во светот, а меѓународните институции слабеат.
„Како што е познато, неможноста и неподготвеноста суштински да се решат ваквите проблеми во 20 век резултираа со катастрофа во Втората светска војна“, додаде Путин.
Сепак, претседателот се надева дека конфликт како Втората светска војна не е можен во сегашните услови.
„Се разбира, сега таков глобален конфликт, се надевам, во суштина не е можен. Навистина се надевам дека е така. Тоа би значело крај на цивилизацијата“, прецизира Путин.
Тој исто така рече дека се зголемува степенот на агресивна реторика во надворешната политика на одредени земји.
„ Може да се очекува дека природата на практичните активности ќе стане поагресивна“, изјави рускиот претседател.
Регион
Во Србија повеќе од 1.800 новозаразени со коронавирус, 20 починати

Во последните 24 часа во Србија се тестирани 11.443 лица, од кои 1.839 биле позитивни на коронавирус, а 20 лица починале.
На апарати за дишење се приклучени 164 пациенти.
Во Србија се спроведува масовна вакцинација против Ковид-19. Само денес вакцинирани се 41.305 лица, а од почетокот на вакцинацијата 361.830 лица.
Србија е на трето место во Европа според бројот на вакцинирани на милион жители, по Велика Британија и Малта, изјави српската влада за „Танјуг“.
Во регионот, Србија е прва според бројот на вакцинирани на милион жители, по што следуваат Романија и Словенија.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија2 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот