Европа
Макрон го именуваше новиот француски премиер
Францускиот претседател го назначи Жан Кастекс за нов премиер на земјата. Одлуката е донесена откако претходниот премиер Едуард Филип утрово поднесе оставка.
Набргу по неговата оставка, се огласија од кабинетот на Макрон и најавија дека денеска ќе биде назначен нов премиер.
Кастекс ја водеше стратегијата за отворање на Франција по пандемијата.

Новиот премиер, кој има 55 години, бил градоначалник на градот Прадес.
Едуар Филип (49) беше премиер на Франција од 15 мај 2017 година.
Неговото повлекување ги потврди шпекулациите за реорганизација на владата, откако францускиот претседател рече дека следната фаза од неговиот мандат ќе биде проследена со нов владин тим преку кој тој сака да ги зајакне „зелените“ економски политики и да привлече гласачи пред потенцијалната нова кандидатура за шеф на државата.
Шпекулациите за позицијата на Филип почнаа од средината на јуни.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Зеленски: Не ми требаат историски глупости за да ја завршам војната
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека не е заинтересиран за „историски глупости“ и бескрајни дискусии за минатото додека трае војната, туку само за брзо завршување на конфликтот и конкретни безбедносни решенија.
„Не ми требаат историски глупости за да ја завршам оваа војна и да преминам на дипломатија. Тоа е само тактика на одложување“, напиша Зеленски на Икс.
Тој додаде дека прочитал барем толку книги по историја колку што прочитал рускиот претседател Владимир Путин и дека знае повеќе за Русија отколку што знае Путин за Украина.
I don't need historical shit to end this war and move to diplomacy. Because it's just a delay tactic. I read no less history books than Putin. And I learned a lot. I know more about his country than he knows about Ukraine. Simply because I have been to Russia – to many cities.…
— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) February 19, 2026
„Бев во Русија, во многу градови. Познавав многу луѓе таму. Тој никогаш не бил толку многу пати во Украина. Бил само во големи градови. Бев во мали градови. Од север до југ. Насекаде. Го познавам нивниот менталитет. Затоа не сакам да губам време на сите овие работи“, рече Зеленски.
Тој исто така рече дека руското општество го избра политичкиот систем во кој живее денес. „Русите одлучија сами да се променат. Русите одлучија дека им треба нов цар. Од нив зависи“, напиша тој.
Сепак, тој нагласи дека клучното прашање за Украина е безбедноста. „Се води голема војна против нас. Ова се нашите животи. Единственото нешто за кое сакам да разговарам со него е дека треба да го решиме ова на најуспешен начин. Мислам брзо да се заврши војната. Затоа сакам да разговарам само за такви работи“, заклучи тој.
Пораката на Зеленски доаѓа во време кога во Женева се во тек нови рунди разговори за можен крај на војната. Руската делегација ја предводи Владимир Медински, помошник на Владимир Путин и поранешен министер за култура, кој беше и главен преговарач на Русија за време на преговорите во Истанбул во 2022 година.
Европа
Зеленски даде големо интервју, лут е на Трамп: „Не е чесно“
Украинскиот народ нема да прифати мировен договор што би вклучувал еднострано повлекување на Украина од источниот регион Донбас и негово предавање на Русија, изјави синоќа претседателот Володимир Зеленски во големо интервју за американскиот портал „Аксиос“.
Интервјуто доаѓа во време кога украинските и руските преговарачи се среќаваат на третата рунда директни разговори во Женева, при што клучното прашање е контролата врз Донбас, од кој околу 10 проценти сè уште се во украински раце.
Зеленски рече дека американските медијатори, пријателот на Трамп, Стив Виткоф, и зетот на Трамп, Џаред Кушнер, му пренеле дека Русија искрено сака да ја заврши војната и дека во пресрет на преговорите, тој треба да се координира со својот тим врз основа на таа претпоставка.
И покрај ова, Зеленски јасно го изрази својот песимизам. Тој, исто така, им советуваше на Виткоф и Кушнер да не се обидуваат да наметнат визија за мир што неговиот народ би ја сметал за „приказна за неуспех“.
Украинскиот претседател го оцени како „неправедно“ тоа што американскиот претседател Трамп јавно ја повика Украина, а не Русија, да направи отстапки заради мирот. Тој тврдеше дека иако можеби е полесно за Трамп да изврши притисок врз Украина отколку врз многу поголемата Русија, патот до траен мир не е да се „дозволи рускиот претседател Владимир Путин да победи“.
Трамп двапати изјави во последните денови дека на Зеленски е да направи отстапки. „Се надевам дека тоа е само негова тактика, а не негова одлука“, коментираше Зеленски. Сепак, тој му се заблагодари на Трамп за неговите мировни напори и додаде дека неговите разговори со Кушнер и Виткоф не вклучувале притисок каков што Трамп го користи јавно.
Trump: Ukraine better come to the table fast. We have big talks in Geneva — it should be very easy. We want them to come. pic.twitter.com/7uDz4NfD7a
— Tymofiy Mylovanov (@Mylovanov) February 17, 2026
„Се почитуваме еден со друг“, рече тој, додавајќи дека тој „не е личност“ која лесно се крши под притисок. Зеленски повтори дека најдобриот начин да се постигне напредок по прашањето за териториите е директна средба со Путин и дека му наложил на својот тим да го покрене прашањето за иден самит во Женева.
Американските медијатори предложија украинските сили да се повлечат од деловите на Донбас што моментално ги држат, со што областа ќе стане демилитаризирана „слободна економска зона“. Вашингтон не зазеде став за тоа кој би имал суверенитет над областа.
Зеленски е подготвен да разговара за воено повлекување, но ја повика Москва да возврати – да ги повлече своите сили на еднакво растојание – и ги отфрли руските тврдења за суверенитет над зоната. Според него, во втората рунда разговори, руските претставници ветија дека ќе се консултираат со Москва и ќе се вратат со детален став за територијалното прашање.
Европа
Ја оставил девојка си да умре на највисоката планина во Австрија: сега е на судење, протекуваат детали
Повеќе од една година откако 33-годишна жена замрзна до смрт на највисоката планина во Австрија, нејзиното момче утре ќе се појави на судење по обвинение за убиство од небрежност. Керстин Г. почина од хипотермија за време на трагично искачување на Гросглокнер во јануари минатата година. Нејзиното момче е обвинето дека ја оставило исцрпена и незаштитена во близина на врвот во бури додека отишол да побара помош, објави Би-Би-Си.
Судењето предизвика огромна дебата
Обвинителите велат дека обвинетиот, како поискусен планинар, бил „одговорен туристички водич“ и не се вратил на време ниту повикал помош за својата девојка. Австриските медиуми го идентификуваа како Томас П., кој негира какво било кривично дело. Неговиот адвокат Карл Јелинек ја опиша смртта на жената како „трагична несреќа“.

Судењето предизвика голем интерес и дебата, не само во Австрија, туку и во планинарските заедници далеку надвор од нејзините граници, бидејќи го поставува прашањето каде личната проценка и преземањето ризик стануваат предмет на кривична одговорност.
За што го обвинуваат?
Државното обвинителство во Инсбрук го смета за одговорен затоа што, „за разлика од неговата девојка, тој веќе имал многу искуство во алпски тури и го испланирал патувањето“. Тие го обвинуваат дека отишол на турата иако неговата девојка „никогаш не учествувала во алпска тура со оваа должина, тежина и надморска височина, и покрај тешките зимски услови“.
Обвинителството објави список од девет пропусти, вклучувајќи го и моментот што двојката тргнала два часа предоцна, не понеле „доволна опрема за кампување за итни случаи“ и дека „ѝ дозволил на својата девојка да користи… меки чизми за сноуборд и друга несоодветна опрема“.
Што вели одбраната?
Обвинетиот ги оспорува овие обвинувања. Во изјава, неговиот адвокат Карл Јелинек рече дека двојката ја испланирала турата заедно. „Двајцата се сметале себеси… доволно искусни, соодветно подготвени и добро опремени“, рече тој. Додаде дека двајцата имале „релевантно искуство во планинарење“ и биле „во многу добра физичка состојба“.
Керстин Г. почина сама во снегот на ледена планинска падина. Доколку биде осуден, Томас П. се соочува со затворска казна до три години. Според австрискиот весник „Дер Стандард“, пресудата би можела да значи „промена на парадигмата во планинските спортови“ и да влијае на тоа колку планинарите би можеле да бидат одговорни кон своите сопатници во иднина.

